Мојата е веќе големо тригодишно детенце, па кашите купечки и домашно приготвени останаа зад нас! Воглавно беше на домашна храна, со здрави намирници одгледани за домашни усолови а не за пазар - на кое бев многу горда дека успвам да и го обезбедам. И сеуште набавуваме намирници од село (веќе не баш сЕ, ама повеќето намирници се од таму), па таа грижа кон малата не научи и нас да внимаваме што купуваме и како се храниме. Готовите каши од ХИп ми беа ретка опција кога ете нема да сме дома, или кога некои намирници не сум успејала да ги набавам за јас да ги готвам па тогаш купував Хип каши со тие намирници. Колку им верувам на купечки каши е прашање кое и јас самата сум си го поставувала честопати, ама сепак сум давала одвреме навреме на детето. Дека се без корзенванс не ми се верува тоа ич, ама сепак сметам дека во некои ситуации се поздрава варијанта од каша спремена од намирници купени од пазар. На тие од пазар толку не им верувам, што радо не би ги вкусила ако немам начин да ги набавам од село. Не ви се случило да купите домат кој никако не скапува (Боже со што ли се е третирано за да трае), ви се случило да јадете краставица со вкус на хемиски препарати??? Е тогаш си велам поарно купечка каша за дете отколку вакви отрови од пазар. Затоа сум вечно благодарна на роднините од село, а сега веќе и свекрва ми си одгледува и успеваме дел од намирниците да ги имаме во здрава вријанта, другиот дел не сакам ни да го коментирам. Познавам мајки кои од мрза не зготвиле ништо на децата, ама познавам и такви кои не успеале да набават здрави намирници па ги пораснале бебињата со купечки каши! Секој си го прави сам изборот, и ваљда секој си знае од кои причини!
Frutek почнав од 13 месеци ноќните. Просто ги обожава. Посебно таа со ванила и таа со какао. Ручек исклучиво готвено. Вечера ноќна. Доручек зависи веќе е поголем и јаде бисквити и млеко, палента со павлака, јуфки, медолино, чоколино, ванилино. До година давав само HIPP замена за еден оброк. П.С. подобро каша купечка него прскано овошје и зеленчук од маркет
Мамички денеска за доручек моето кере имаше кашичка ЛИНО ориз(зрнца се познаваат)со овошје (јаболко и банана) а на кашичката пишува 7+, кере нема уште 7 м за 1 недела ке полни, ама секако има пробано ориз, јаболко и банана. Според оваа кашичка и неколку примери од претходно дојдов до заклучок дека бројки означени на кашичките се од колку бебе ноже да ја проголта храната а не состојките дали се соодветни за таа возраст. Исто и за кашичка ЛИНО јаболко и кекс 6+ а кексот содржи јајце, значи може да проголта а состојките се за поголемо бебе.
Јас давам стакло на роса. Има повеќе натриум, малку повеќе од ладна. Но, има повеќе калиум и помалку хлориди. Искрено штетата од сосема малку натриум, не е поголема од канцерогените својства на пластиката, а за жал, превривањето не обезбедува хемиско прочистување.
која цена е? претпоставувам литар е? а мами што мислите водата од чешма подобра ли е него ли флашираната?
Ne ne, kaj malo crvenilo okolu usta ete na primer ne davam nisto mu pominuva samo od sebe za saat vreme, a ako e epten togas da iako retko se slucuva. Sepak za sekoj slucaj sekogas si imam doma sirupce.
540 за 24 шишенца од 0.33л ги земам од скопска пивара. Сега со готвење побрзо ми се троши, па кога ќе почнам салам да готвам ќе готвам со вода од чешма.
Не можам да најдам убави, ниту пак им верувам на овие во продавниците за здрава храна. Не само за суви сливи, општо за суво овошје. Нечистотии се полни, колку и да ги кисниш и лупиш не се мијат, башка тоа сулфурот за сушење. На големиот почнав да му давам после 3-4 години, на малово уште не сум дала, рано е. Сливите наскоро ќе созреат, после ќе правиме компот за зимата, без шеќер, оти се многу слатки. Немав веќе од ланските компоти, инаку ќе му дадев од нив на бебево.
@sofi2107 te zamoluvam ako mozes da ja vidis teglichkata so slivata dali pisuva 100% sliva i ako ne ti e problem da ja slikas. Jas veke 2 nedeli baram i veke vo son gi nauchiv kasive cista sliva ne najdov.
Од Зегин ги зимам. Сега само што ги купив пак на попуст 105ден 3 теглички паковање. Нкедна кашичка не ти е 100% од продукт. Еве ти слики види дали можеш на зум да читнеш. Инаку е 50% слива, остаток е вода, шеќер, оризов гриз, оризов скроб, витамин Ц, без глутен. Без додаток на згуснувачи и од органско потекло.
@sofi2107 да ама не сим ми вовела ориз. Мене ми е сливава за прв пат и сега се мислам дали сува слива да ја сварам и да дадам. Ако има некој искуство нека сподели ве молам
Колку имате? Јас сакам и слива и праска да дадам да проба, ама не можам исто да најдам во аптеките чиста слива и праска. Ние сме 5+
Таа што е погоре некој пост е со 50% слива. А со 100% не сум сретнала. Ако имаш те молам сликни ми ја да ја побарам.
Proveri na holle i bio od dm kasite. Ne pamtam dali ima cista 100 % no mozno e, jas recisi samo od tie kasicki davav, odlicni im se
Кашички давам многу често само од Хип, како е назначено на тегличката за возраст од таа давам. Фала Богу до сега супер е и нема проблем со ништо, нит појавил проблем. Кашичка на ниедна фирма нема и нема да најдеш од 100% продукт. Немаат есап таман работа по 100% чист продукт да ставаат, мешано е со вода и обично се со додаток на гриз или нешто слично. Ова е мое искуство на дохрана и таман работа да треба и ти така доколку сметаш поинаку, сепак секоја мајка си знае како треба. Но, сепак треба и консултација со педијатар. Инаку и Холе сме ги пробале ама се ептен блунтав вкус и некој други каши кој сум ги пробала лично не ми се убви. Според мене најдобри се Хип и со најубав вкус и текстура. Се најскапи од сите останати, но вредат за парите и често се на попуст во Зегин. За Хип отвори и читај на гугле слободно. Но, со тек на време сама ќе си одлучиш која кашичка ти е најдобра.