Вчера барав и навистина нема. Во дм вев и не најдов слива со јаболче. Зедов на дм слива со крушка. Сливите на хип не ги давам. Ќе ги јаде тато. Исто и кајсијата. Купив на дм кајсија со банана. Шеќер за бебе од 4 месеци!
Женски 5 месеци е малата, на АД сме и треба да почнам со вкусови. Сакав за почеток да почнам со готови кашички. Какви да купам? Хип, холе.. кои се најдобри според вас?
Еее гледаш не сум знаела, јас секогаш го барав знакчето што го постира @KidA и затоа знам кога ги гледав кашите во ДМ заклучив дека не се органски.
Да, да, видов од линкот на кукла дека и тоа знакче значело органско. Јас секогаш го барав знакчето со листот.
На сите каши и ужинки од ДМ Био го има. Јас понекогаш земам од штангличките со овошје на ДМ Био и Алнатура, исто и кашите за шмукање. Сите го имаат знакчето, само декларацијата ја лепат над него.
Највкусни им се. Па и тие на шмукање се многу повкусни од Хип на шмукање. Ана кој им се ужинките? Не сум ги приметила, а може и не сум барала па затоа не ми паднале во очи.
Вакви штанглички, за кога патуваме ги земам Моево ги сака, а има и на БејбиЛав, и тие ги земам, колку да сменам на вкус. И кашичките за шмукање се повкусни дефинитивно. Често ги земам и кексите од спелта со путер, моево ги јаде ептен.
Ете не сум ги приметила искрено. Не ни знаев дека би можеле за ужина да се даваат ( веќе му давам ужинки кога како ). Ќе идам ќе изнакупам ако не па верувам ќе ги сака. Фала ти Јас од Здрава Храна ( во Бисер дуќанот ) продаваат како колаченца срца со брусница, срца со малини итн , интегрални стапчиња со семе од коприва, со тиква итн. Е тие јас често му ги зимам и ги јаде дир шетаме со количка. Ептен се вкусни и здрави. Ако имаш прилика земи пробајте.
@elcezelce веројатно на овие бејбис фрст мислиш. Денес ги разгледував и навистина нема слива. Во сливата на Хипп има шеќер. Овие ги најдов. @kukla21 за Холе е муабетот така? Нив да ги протарашкам малку.
Чистев полицата од сливи и "марелица" и излезе уште едно јаболче со слива. Ете, на него пишува без шеќер, а на ова само слива не. Арно кажа @Lolipop23 да не труеме децата.
Според текстурата на кашата е и бројката, значи дека се ептен мазно изблендирани. Оти има готови каши со парчиња внатре.
Ич не ми текнува, во ДМ бев па во Зегин, бебивита и холе ги гледав ама не знам на кои беше. Знам на сликата на компир ми личеа, а тоа лосос, пилешко, телешко... И да ве прашам кај стојат во ДМ нивните каши? Вчера само Хип, бебивита и фрутек видов кај што се кашичките. Да се “пофалам” видов 2+1 на Хип и ај да земам. Гледав јаболко а сум купила слива. Не една. Три .
Хип и Холе неколку имам купено. Бебивита една, не знам од кај се најде (изгледа додека се карав со мм да не му купува ракавица за бањање пошто не е играчка ) Иначе купив готвач на пареа, тој на Чико. Готови бевме во Нептун да купиме еден Филипс ама си признавме дека ако бебе мора здрава храна, не мора и ние . Да не се лажеме, тешко дека ќе готвам на пареа за нас па овој ми се виде доста практичен.
Дава некој од ноќните готови кашички на Хип? Јас земав една со Млеко, банана и гриз ама бебе не ја сака.