1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. strelec.67

    strelec.67 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Дали и ако сте биле некогаш во Дојран на езерото кажетеми како е таму?
     
  2. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    101
    После еколошката катастрофа што му се случи на Дојранското Езеро последните 7-8 години многу многу значајно е подобрена состојбата на езерото посебно последните 3-4 месеца од обилните дождови и топењето на снегот но и плус од константното полнење на бунарот Ѓавото.Се градат уште два бунари коишто ќе го полнат езерото со вода.Се на се е многу многу посредено отколку што беше пред неколку години.Се уредуваат плажите,се прави пешачка зона,плажите се дадени под концесија така да оваа година за Дорјан ќе биде доста плодна.Нема да погрешиш ако отидеш супер е.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    43
    Се согласувам со Boyfromtown јас секоја година одам само на 2-3 дена таму за св.Илија, повеќе не ми се останува, но имам пријатели кои одаат по цела недела и супер си поминуваат, а и цените се повеќе од супер, многу е ефтино, за многу малку пари можеш преубаво да си поминеш :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Јас бев во Дојран пред месец дена,доста е поправено од пред некоја година. Шеталиштето е уредено,зеленило, чисто беше се, езерото е многу надојдено, ги чистеа трските и имаше машини ки ги правеа плажите, значи се работи за туристичката сезона летово. За цени вака по супермаркети се нормални цените и во рестораните, за смештај не би знаела да ти кажам, јас бев во сопствен смештај.
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Јас последните две лета имам одено во Дојран на 5-6 дена и стварно се изненадив колку е средено. Прво мислев дека ќе биде ептен катастрофа ама испадна дека е многу убаво направено плус и смештајот ни беше многу добар, бевме во една од најубавите вили таму и се беше супер. Јас мислам дека кај и да одиш на одмор, треба барем 3 дена во Дојран да поминеш пред се затоа што е многу лековита водата и воздухот што го дишеш таму. Лани кога бев имаше едно семејство од Германија со мало девојче некакви кожни проблеми имала и замисли докторот од Германија им објаснил кај е Дојран и ги пратил тука за да се излечи девојчето. И секое сабајле стануваа во 5 и до 7 шетаа по плажата за да дишат од чистиот воздух, а исто има со кајче се оди до изворот и од таму се пие водата насабајле кога е чиста и им помага на тие што имаат синуси. Исто и калта и алгите од езерото се многу лековити и сите се мачкаат на цело тело со калта. Мене убав впечаток ми остави Дојран, јас мислев дека навечер ќе биде досадно, ама секоја вечер имаше забава по кафичите. А сместувањето е многу ефтино околу 300 - 350 ден од вечер во вилите, а во апартманите 1200 ден.
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.407
    Допаѓања:
    5.364
    бев сеа за 1 ви мај во Дојран навистина беше прекрасно толку чисто, уредено едноставно прекрасно. Имаше кафичи на плажа кој нудеа одлична журка, прекрасен ноќен чивот едноставно можам да кажам дека ако се одлучиш летово да го поминеш во Дојран нема да зажалиш :D :lol:
     
  7. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    51
    јас сакам да одам во дојран ако знае некој отприлика да ми каже како се цените за камп за соба од кревет
     
  8. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    4.763
    Сакам да одам летово во Дојран со другарки . Бев пред 2 години и имаше само 2 кафичи и една пицерија . Кај шеталиштето до плажата градска имаше базен и таму настапуваа Влатко Илиевски , Дуле и Коки , Елвир Меќич и др. а влезот чинеше 50 ден . :D Таму сум ја јадела најубавата пица за 60 ден. и многу ми се допаѓа климата . Во Охрид е се ок но ако не ти се погоди времето ќе си бидеш во дуксерче 10 дена :)
    Приватен смештај 300 ден од кревет . Само преминуваш улица и ја гледаш градската плажа пред тебе .
    Се е ок но за повозрасни фамилијарни луѓе . Сум била со мајка ми и со татко ми секогаш таму .
    Плажите слушнав дека биле посредени .. Кажете нешто ако знаете за ноќниот живот .
     
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    7.239
    Пол:
    Женски
    Да,сум била и можам да кажам дека порано еколошката катастрофа имаше земено многу поголем замав од сега,значи тогаш беше позагадено,немаше народ,немаше вода....Сега е ептен надојдено,има живот..тоа се гледа.Летово обавезно ќе го посетам Дојран,па макар и на еден викенд :)
     
  10. sike

    sike Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Јас одев често во Дојран имавме апартман (сега веќе не ;( ). Ептен е супер, нема гужва, луѓе таман колку што треба за да биде раздвижено, цени ефтини и на сместување и по маркети а посебно по кафани. Мештаните се супер се ќе направат за гостите да бидат задоволни. И јас сакам да одам... ама на тарасата од истиот апартман да пијам кафе со саати и да го гледам езерото. ;)
     
  11. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    mi fali mnoguuuuuuuuuuu.................................................................................
     
  12. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    Значи во Дојран одам секоја година,убаво е прекрасно,али камповите не ви ги препорачала. Иначе цената им е 500 ден а внатре колку сакаат,толку можат да спијат,а во приватно сместување е од 200 до 500 ден. од човек,ама да знаеш дека убаво ке си поминеш,и чист и без комарци да те изедат... :)
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Бев во Дојран пред еден месец и е премногу убаво.Нема да се покаеш ако отидеш.Плажите се средени,водата е надојдена,а цените се нормални.
     
  14. zasekogas

    zasekogas Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    dojran nemam zborovi najubavoto mestooo se e ok....zatoa letovo kuferite i vo dojran poz
     
  15. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    4.763
    Мене многу ми се допаѓа како го средија местово :$
    Затоа одлучив оваа година да идам во Дојран .. Еве слики како е сеа :$
     

    Прикачени фајлови:

  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.110
    Пол:
    Женски
    Еј баш убаво ти текнало за сликите :) И ние планираме неколку дена да одиме во Дојран. Сакаме онака пензионерски да се одмориме. Не ми се оди некако во Охрдид, зашто Скопје летоска таму се сели. Не ми се гледаат истите фаци. Ама Дојран ми се свиѓа.
     
  17. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    ema i raibw ubavo da si pominete .pa stavete uste po nekoja slika od dojran za site onie sto nema da ideme,barem da go vidime na slika-da isplakneme oci :lol: pozz..
     
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Стварно е многу добро средено. Плажите се добри и водата е многу лековита, што е најважно. Приватен смештај е околу 300 ден. Јас два пати што имам одено во таа вила, ми се чини дека е една од најчистите, газдите секој ден чистеа, многу беше убаво средено, големи соби и тераси, а плажата беше одма преку патот. И навечер имаше забава по кафичите и во тоа диското со базент.
     
  19. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    344
    Добро место е,задоволна сум.Дури поубаво е од Охрид :clap:
     
  20. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    252
    а може некој да ми каже бројче или нет страна од некој што издава соби во дојран? и ако не резервираме некаде лесно ќе се снајдеме за сместување, има луѓе што пречекуваат на автобуска како охрид :) или?