Немам слики сега тука да постирам, но идам во Дојран скоро секоја недела. Езерото е многу дојдено. Само што сега незнам дали ќе има плажа за оваа сезона. Лани и преклани што постоеа плажите веќе се под вода. А требаше да има футуристичка плажа, ама сеуште ја нема..а и прашање е дали ќе ја има.
Бев лани во Јули,беше баш гужва,во екот на сезоната,бевме сместени над Томче софка ,тој објект порано бил хотел колку што разбрав,500 ден од кревет а не беше исчистено од претходната сезона сигурно.На Романтик одевме да се бањаме ама во базенот,езерото ич не ми е за бањање,еднаш влегов да не е без ич и толку,ок си поминавме ама некако 500 ден кревет ми е многу за таму
Летото бев еден викенд во Дојран и плативме по 400 денари од кревет а на некои места и поскапо беше, демек апартман а огин и пламен. После две недели бев во Охрид и по 300 денари плативме. Инаку Дојран за да стане поинтересно место треба да се поработи за ноќниот живот повеќе инаку тапа.
Ехееееееее сега не отишол некој во Дојран за да се вози до Струмица после. Една дискотека и да кафичи се таман да се отворат.
@Elissa Дојран има ноќен живот само за мајските празници,тогаш се е преполно и музика фршти на сите страни,исто и за 1 и 2 август,тогаш надоаѓаат туристи. Летно време пак е солидно,зависи и со каква екипа ќе отидеш,ама обичен викенд слабо народ. А за цените,треба ценкање,ово оно,јас неколку години по ред одам за Мај таму и плаќам се по 300 денари,ништо повеќе,еднаш дури и 250.
Сум била и за 1 мај и за 2 август знам дека е убаво, ама треба цела сезона да е така. Јас летото супер си поминав оти се собравме таква екипа незаборавна па два дена од кафана не излеговме која ја држи еден другар. Ама сепак мислам мора да поработат на ноќниот живот малку за на пример повеќе да идат млади во градот и да има зошто да останат. Инаку добро е што се трудат да го живнат во последните години, порано како мали таму одевме на одмор и кога ќе ми текне колку беше гужва, преполно. Сите хотели кои веќе се распадна, камповите сите куќи полни. И баш сакам пак да заживее така.
Дискотека нема ама затоа има Д-Фестивал. А би било добро и летно време дискотека да се направи. Најблиската е во Богданци и Валандово. Во Валандово лани Плеј (бившо Егзит) не функционираше. Ќе видиме за оваа година. Таа е една од најдобрите дискотеки според мене во Македонија.
Како бре,за мај рипаат цените,пошто пола Струмица и Скопје се во Дојран на тие дати.Јас знам на школски им имаат барано и по 600ка за вечер,се разбира зависи и од локацијата и големината на вилата,а од газдите @Marick14 Нели има летна дискотека во Дојран,онаа на плажата Скала?
Нема летна дискотека. Тие се само кафичи што работат до 1 часот. Дискотека во Дојран имаше пред 10 години. Под старата автобуска.
Дојран е прекрасна дестинација за Мај. Најголемата гужва е тогаш и 300-400 ден од вечер сметам дека воопшто не е скапо, сепак тие се 2 дена за кои малку ако поштедиш нема ни да ги осетиш. Со добро друштво супер помин. Сметам дека во Дојран има повеќе народ и подобро би си поминале за Мај отколку во Охрид. Една година бев Дојран, следната Охрид и да ви кажам во Дојран сто пати поубаво си поминавме. Навечер кафичите си работат до доцна а доколку сакате да одите до сабајле некаде, Гевгелија е на 15минути. Го имате Принцес, Фламинго..
Видов туристи Бугари, Грци, Хрвати и Германци во Дојран и мило ми е што местото живнува. Разубавено е. Во кафичите цените се пристапни.