http://www.dojran-info.com/ Повелете ... на овој линк имате доста неопходни информации што треба да знете за Дојран, Значи според мене не треба да се има преголеми очекувања, но сепак тој што не бил, убаво е да види што се случува... Многу е разубавен од пред да кажеме 3-4 години, видате е многу вратена, се на се солидно местенце за скромен одмор. Само не им препорачувам да се оде во деновите околу 2 август пошто е ненормална гужва... поздрав
Цените варираат. Не се веќе 300 денари. Сега кога е гужва сегде се покачуваат цените за смештај. Во Дојран сега е 350 денари сместување. И јас издавам соби и ти кажувам. И во грчка да одиш или било каде сега, нема да ти се исти цените како што беа пред 20 дена. Во овој сектор е многу нормално да варираат цените на смештајот.
Ноќен живот Дојран нема. Има еден кафич што се наоѓа кај градската плажа, тој работи до 1 по полноќ и тоа е. А ако сакаш стварно добри дискотеки, 50 км ти е до Струмица и оди во Селект. Или пак во Де Факто во Гевгелија.
Има комарци. Прскаа пред 2-3 дена ама џабе пак има. Ќе си се опремите со пипс или аутан за во штек. Од оние мачканиците ништо не помага.
Комарци многу немаше. Ама има пијавици за извоз. Полна е водата. Значи моја нога во Дојран веќе не стапнува. Син ми го касна пијавица на второто капење. Едвај му ја откачив, огромна беше. После детето крвареше 6 часа цели. Два пати бевме во Брза Помош на преврска. Од памет се извадивме. Сируп антибиотик упте пие превентивно. Наредните два дена го бањавме во базенче. На првото наредно идење до водата да си фрла каменчиња, во 2 см. вода во првите 2 минути пак му влезе друга пијавица во папучката, среќа го соблеков пред да му се закачи. На плажата 5-6 други деца исто беа каснати. Кое за нога кое за глава. Страшно! Минатата година бев презадоволна од Дојран, ама годинава со пијавициве е хорор. Бевме на неколку плажи, сегде исто. Ќе застанеш до водата и в рок од 5 мин, 2-3 ќе видиш како си пливаат.
Дојран како Дојран колку и да се реновира и надоградува водата е таа - за никаде освен алгите(иако сега е многу убаво среден Дојран), а впрочем и што освен вода и добра плажа ти е доволно за одмор а тука најважното е ептен за никаде.
не се трипај бе, муабетов е кога опинок ке се покондури знаеш? до вчера очи у вода немавте сеа ке се курчите за на крај да плачете не ви иделе повеќе а факт е дека сите од љубопитност идат дека се среди колку толку ама ништо не е вечно ипак мало место е и нема којзнае што да понуди.. колку за инфо во Ох цените ги креваат само од 1-5 август, останатиот дел у секое време ке најдеш кревет за 300ден
Nemora glumenje ludilo ok. Da ne mi kazese ti koga sum se smestila ke mislev oti vo juli bev na dvete mesta.
@QweenSM Во езерото не влегов, па незнам да ви кажам како е. Но бевме на базантот , на Романтик, како за разладување не е воопшто лошо. Цените нормални како за туристичко место. Влезот 60 ден, кафе на базент 80ден, пица за двајца 250 ден, сендвичи по 100-150. Но можеш да си внесеш што сакаш , само стави го во торба да не се гледа. Пица на парче кај старата автобуска 60 ден, во пекарата цените нормални. Годинава е доста средено, само штета што сме многу некултурен народ, оставаме ѓубре каде ќе ни текне. Шеталиштето е средено, посадени палми околу, има неколку приватни плажи на кои има фрлено ситен песок, ама за цени и детали незнам да ви кажам. Викендов Дојран вриеше од туристи, како што било некогаш.
Барам место блиску до езеро, со бебе сум. Сакам да биде чисто, средено, по ново. Има такви вили/апартмани но кај и да се јавам никој не ми кажува колку точно е одалечено од плажа. Дури една жена ми рече дека не мерела колку метеи е одалечено(обично на останатите пишува), и кога ја прашав каква е плажата ми рече дека не ја видела а живее таму! Може ли да ми препорачате место какво што опишав?
Не иде никој за да види. Туристите од охрид бегаат во Дојран. Тоа е факт. И не трипам. Ти кога ќе одиш во Дојран тогаш ќе збориме. Позз
ахахахахах не ме јеби сум бил повеќе пати у дојран али само на викенди, одмор цел таму да истерам ни на сон... ај сега кажи ми за што ке збориме? за ноќниот живот, за она што и понуди на членката погоре да иде во Струмица, озбилно ти ова 100км некој да вози за на диско а притоа е на одмор? подобро пијапол да и понудеше за забава... Бегаат од охрид али у грчка идат а во дојран може само на поминување да застанат реално кога ке стаиш на кантар далеку сте од охрид а со цените еве се порамнувате, доста лошо : )
Ја лани кога бев, беше 50 ден влез за човек. Годинава не знам дали е уште истата цена или ја смениле!
Јас пред две години кога бев се зезнав отидов така приватно, и плажата беше на 15мин на рид.. Можеш да го разгледаш хотелот Јака мислам беше, одма на плажа е, а и читав дека има супер понуди.
Дојран како Дојран е убаво место. Неколку години по ред идеме фамилијарно и баш е супер. Викаат оваа година била надојдена водата многу, па зафатила дел од плажите. И како што кажаа само еден кафич само повеќето се ресторанчиња. Ако сакаш ноќен живот Охрид ти е право место за тоа, Дојран е повеќе фамилијарно место. Ама можеш да си протераш скромен одмор.