1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Дали знаеш колку е влез на базенот? Јас ќе одам Дојран во август :)
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Влезот е 60 ден од човек.
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hristov

    Hristov Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    А бе луѓе што ве гледам чудни...
    Изгледа имате преголеми очекувања...
    Дојран одсекогаш бил тој... Воадта била таа и таква... комарците и гроздардите секогаш биле декор азтолите Дојрански лета... Е сега Дојран што е доста разувавен опследниве неколку годин итоа е факт. Пособено кулминацијата ја доживува оваа година пото водата е вратена на историкото ниво како што била во најубавите денови за дојран... Шеталиштето е супер за шеткање а ете ќе се осеќата исто како порај море со мноубројните палми :P Да се разбериме со Охрид нема никаква споредба... Охрид е сосема друга димензија... Охрид е туристички центар на Македонија, а Дојран е мало туристичко местенце во југоистокот. Затоа намелете ги очекувањата, ако сте тргнале за Дојран прифатете ги сите пропратни пречки ( матна вода, жешко комарци, гроздраки и сл) и уживајте.
    Иначе Дојран е место за фамиљарен одмор. Главна клиентела се токму млади брачни парови со мали деца, и се разбира Скопјанишчава :P пошо цел стар Дојран е викенд куќи.
    Што се однесува до ноќен живот главните збуднувања се во Стар Дојран почнувајки од општината па се Гранико или ТОмче софка... Тука се сите шанкови, кафеани... панкови етарботат до 2.00ч па кој сака уште да се дружи гитарата и покрај езеро.... За јадење места колку скате.... и повеќе од солидни...
    Што се однесува до плажите не мора сите да одите на градската... ете најубава е водата кај плажатат Кладрма на крајот од Нов Дојран, супер е и на Алекс бич меѓу Нов и Стар Дојран... Исто не мора да одите со малите дечиња во најголемата гужва на плажа... Ќе ги однесете од рано ран одо кај 11 и полсем 16.00 ем помалце гужва ем подалеку од жешкото.
    Друго м езагрижува нашата некултура генерално... Ај што не чистат властите ко што треба ама и македончево фрла ѓубре кај ќе стигне. Друго пример капацитетот на Дојран е да речеме 10.000 туристи на ден ова нафрлувам само... За време на Д фестивал се зборува за некоја борјка од 40.000
    посетители. Замислете вие во вашата дневна соба кај што комотно може да се соберат 10 души да има 40... како би било ??? ;)
    Што се однесува до цените мислам дека се сосема ок... Ма да со враќањето на водата и барањето на легло плус малце се искурназија и Дојранчани то е факт. Ете пример мислам дека маркетите во стар Дојран се поскапи од тие во НовДојран. Тоа е така пошто Стар дојран е туристичка населба, а во Нов живеат најголем број од мешатните. Затоа ке си застаните во дуќанчињата во Нов дојран кои се сосема солидно снабдени ќе си испазарите и продолжувате...
    Се на се мислам дека Дојран едно солидно местенце за мал фамиљарен одмор...
    Оставеет ги споредбите настрана... намлете ги очекувањата... и уживајте...
    Впрочем така е и за се во живтоот...
    Поздрав
     
    На Mayyya, realGirl, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Дали има организиран превоз од Прилеп до Дојран и цената ме интересира ?
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.940
    Допаѓања:
    12.593
    Се сложувам со се. Цените се ниски во кафани и кафичи. Една размазена вели Грција е поубава, и викам таму кафето не е 40,50 денари, туку е 3-4 евра. За исти пари можело во Грција да оди.Да кога ќе носимакарони од дома и ќе јаде едно исто 7 дена. Другарка во Грција за вечера платила 35 евра. Кога седнала во ресторан и кога ги видела цените срам и било со дечкото да станат. И пак ке кажат исто било.
     
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Сакавме да одиме со дечко ми за 1ви август на викенд но премногу си ја кренале цената 1200 ден апартман за двајца, со тие пари Грција на море ќе си појдам барем на море ќе бидам........
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.940
    Допаѓања:
    12.593
    Има многу гужва затоа. Користат прилика покрај празникот. Инаку раздвижено е, има народ, потсредено е, има тезги со сеи сешто по многу ниски цени. Пијачките се 40,50, 60 денари, мислам на кафиња и сокови. Лежалка е 100 денари и добиваш кафе и вода гратис, за тие 100 денари. Се на се јас сум задоволна. Само сместување да си најдете поефтинко, да не е 10 евра по човек.
     
    На Hristov и crazylady им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Каде има во Грција апартман за 20 евра?
    И јас сакам да одам. Дај ми контакт од вилата ако може. :)
     
    На Annath, Hristov и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Ние бевме во Дојран за 1 Мај и апартманот го плативме 1 200 денари,какво и да е сепак е туристичко место сеедно дали има море,езеро или река:D и нема никогаш да се најде апартман за 500 денари.Инаку за јадењето во рестораните немам зборови за 700 ден. јадење,пиење и десерт за двајца:)што не верувам дека ќе се најде во Грција.
     
    На Mishela, Hristov, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.940
    Допаѓања:
    12.593
    Не ми правете смешни споредби дека со тие пари ќе одите во Грција. Да , ќе пиеш ли таму макијато за 40 денари?Не, нема да пиеш оти е неколку евра и само ќе шеташ и ќе разгледуваш, а кафе ќе пиеш турско направено во вилата во ѓезве. Јас бев пет дена и кога пресметав смешни пари потрошив во Дојран. а дневно пиевме по 2-3 пијачки во кафичи, па и освежителни пијалоци со тропско овошје, и се е ефтино. Колку ефтина облека имаше, ееххее и многу други работи на тезгите низ град. Само сте се научиле да го кудите своето, а да ја фалите Грција. Одете во Грција, лажете дека сте од рбија кога ќе ве прашаат од кај сте, за да не ве наредат фашистите што ги величате, па нека ви украдат таблици и вратете се. Јас сум строго за бојкот на Грција. Нзма неколку примери каде Грците наврдиле макеоднкси туристи, им викале не Македонија туку манкидониа, им викале “вашата земја“ без да кажат Македонија, дека Македонија не постои. Кај го има тоа. да отидеш , да му дадеш пари, па и да те навредува. Тоа е немање култура и осет, а вие сите сте запнале Грциа од уста не ја вадите, а се наше не чини.
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас во Дојран може да се каже и дека втор дом ми е. Но 10 години не сум се бањал таму и нема да се бањам, Прљаво, гадно, никакво. А за другото, цените, рестораните, храната имаш право дека е ефтино и добро. Но јас да се бањам во таа муљ, нема шанси. Јас си преферирам Грција.
    Јас лично не сум имал проблеми со Грците. Одсекогаш сум ги сакал и ќе ги сакам. А тоа што викаат манкедониа не е точно. Познавам многу луѓе што ни ја викаат земјава по право име. А тие што провоцираат, на тие им ги кршат и чкртаат колите. Ептен некој да е апла политички насторен па да ти вика Фиром.
    Оваа година бев во Грчка на одмор. Поубаво море од Јадран до Егејско нема. Цените ми се прифатливи. Во друга држава и поскапо би прошол.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.940
    Допаѓања:
    12.593
    Па водата е таква заради алгите. Не е точно дека Грција е поефтина. Најефтино кафе кај нив сум пиела за 150 денари и тоа во една шоља што личеше на чинија за супа. Ако не провоцираат Грците, зошто сите кумановци лажат дека се од Србија?Ма немој , ќе ти кршат таблици. Кога ние во МКД сме искршиле таблици на некој турист?Одиш таму, трошиш пари и место да бидат благодарни кога ќе кажеш македонија викаат What?Им викаш SErbia, ааа ок. Дали цивилизирани луѓе кои имаат развиен туризам треба така да се однесуваат?
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Секоја година нашите портали ги ставаат истите две-три слики на искршени коли, една фиат Стило, другата не се сеќавам.
    А бројката наши туристи кои одат таму е огромна, што значи неколку коли се нерелевантен примерок.
    И овде некои наши сограѓани можат да уништат некоја странска кола, па не значи дека сите сме такви или имаме нешто против таа држава.

    Бизнис е тоа, на туристичките работници не им е гајле од каде доаѓаме, важно им е да оставиме некое евро повеќе, немаат тие време ни интерес за национализам.

    Околу водата во Дојран, не е само од алгите, самото дно на езерото е тињесто, згазнуваш и имаш чувство дека тонеш во жива песок (така ми има останато во сеќавање).

    И морам да кажам дека е смешно да се споредуваат Грција и Дојран, ако ви е убаво и евтино ок, ама не велете дека е подобро од Грција, едноставно не е.
    Околу споредбата дека за тие пари може да се оди во Грција, се мисли на сместувањето не на храна и слично бидејќи повеќето издавачи претеруваат со цените за сместување, а не нудат добри услови за тие цени.
     
    На crazylady, Annath, Despinaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.940
    Допаѓања:
    12.593
    Треба да бидеме реални дека ова е Македонија, дека во Дојран има езеро, а не море, и не може нашиот Дојран после две добри сезони да биде тип топ. Мора да има и мани. А за табличките, бидејќи таква ми е работата и следам, секое лето се по дваесетина. А дека порталите ставаат една иста слика, па нормално е тоа, сигурно не одат кај секој наш турист да му ја сликаат колата без табличка нели?Таа е сликата од архива која се користи при секој случај на оштетени таблички. И викаш мал е процентот?Треба на сите да ги искршат за да кажете дека Грците кај пари им даваш, уште и си допуштаат да бидат вандали?
     
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    И сто сезони да поминат таа ќе биде водата, тоа ќе биде езерото...

    Порталите објавуваат и слики што им ги праќаат читатели, ако некој со уништена кола им прати слика секако дека ќе ја објават (нормално со заматени регистарски таблички).
    Меѓутоа нека се еве и дваесетина, колкав е тој процент на уништени коли во однос на колите што влегле во Грција, и тоа некоја иста кола во текот на годината или еве сезоната, влегува во Грција по неколку пати, да не речам и десетици пати.

    Како и да е, офтопик е ова, темата е Дојран, треба да го пофалиме тоа што е направено во градот, ама да бидеме реални со споредбите, гостите исто така реални со очекувањата, а домаќините свесни за тоа што имаат да пружат, па според тоа да формираат цени на понудата.
     
    На crazylady и Marick14 им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.940
    Допаѓања:
    12.593
    Повеќе од 350 денари од ноќ не би требало да наплаќаат според мене. А за табличките, порталите објавуваат само ако е официјална информација од МВР. Се знае дека тие информации ги објавува МВР на својот сајт ако имало оштетување.
     
    На crazylady и sesilija им се допаѓа ова.
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Кога не знаеш не тропај само глупости. Пред 2-3 години нашиве искршија 3 коли, а каму ли таблици, пред грчка амбасада. За поефтино дека е Грција ама баш нигде не сум кажал. Грција е поскапо од Дојран х3 пати. Јас до сега не сум имал лошо искуство со Грците. А вие се чепкате кај што не треба и се правите некоиси патриоти таму пред нив и затоа ве тепаат и вреѓаат. Од чиста мира никој не те дира. ;)
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.940
    Допаѓања:
    12.593
    Се изјаснив дека само до Солун имам одено. Немам намера понатаму да одам, да ме навредуваат за мои пари и не сум некој патриот, ама ете такво мислење имам за нив. Тие навреди што ги пишав, тоа го кажуваат мои блиски, роднини, пријатели кои по 2 пати летуваат во Грција. Па тие пола територија на поранешна Макеоднија ја земаа, а па ако сме им скршиле 2 коли имало зошто. А тие зошто да кршат таблици, дека ни земале без пола држава и не им е доволно?Не се за правдање. Колку се добри и колку не сакаат отвори на youtube на секоја македонска песна пишуваат дека Македонија е грчка.

    И Дојран е среден за разлика од порано и ќе ми биде мило ако уште повеќе се средува.
     
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Колку сте задоени со политика, верувате на нашите портали кои нели треба да го рекламираат нашиот туризам, па Грција ја кудат на секој можен начин.:x

    Грците не се замараат со нас и си тераат туризам,едноставно знаат како со туристи. Нит се замарат со политика нит некој на некој навредува.Можеби баш поради тоа имаат многу повеќе туристи од Охрид или Дојран. :wasntme:
    Сите се љубезни и културни и никој не не условува со Срби. Јас во Грција летувам повеќе од 20 години и никој ни нема преречено нешто, уште помалку скрешено таблици или не дај Боже колата, а секогаш сме со неа.
    А пропаганди низ нашите телевизии на велико, перење на мозок, па тој што не бил и не видел ќе си прави филмови.

    Туку тоа е друга тема.

    Дојран како Дојран, езерото е тоа што е. Немам влезено , не ме примамува. Предноста последните години се пристапните цени и тоа што навистина е средено. Ама споредба море и езеро е излишна.
    Шеталиштето е направено и поплочено, тревниците средени.
    Базентот работи турбо.
    Гледам се организираат еднодневни екскурзии во недела, што значи туризмот се повеќе се развива.
    Викендот кога беше Д фестивал, немаше вила или хотел кој не беше полн.
    Моите велат дека Дојран изгледа иста како што бил некогаш. Немаше каде да се стави крпа, а не пад чадор.:f:
    На плажите има фрлено ситен песок, поставено лежалки.
    Сите ресторанти беа полни, немаше каде да седнеш на ручек, се чекаше ред за место.
    Ама недостатоци еден куп...
    Посебно нељубезниот народ. И велам во пекара да ми ја расече баничката, ми ја тресна и вели немало време, има гужва, мислиш ќе ме тепа. Како без пари да ми ја дава..
    Купувам пица на парче и давам 100 денари, па вели еее па немам ситни, дај ми точно, а врие од гужва која чека позади мене.
    Значи воопшто не се спремни за толку туристи со овој однос.
     
    На Hristov, Annath, Mayyya и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    А колку според вас треба да биде од вечер по човек, 150 денари?
    Сешто.
     
    На Tanjamm и duffi им се допаѓа ова.