1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    300 денари најмногу :)
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.906
    Допаѓања:
    81.180
    Пол:
    Женски
    Не разбирам, прво велиш дека 250 денари од вечер е многу, а после ова.
    Океј, очигледно најгласни на темава се оние кои со години не биле во Дојран и „онака од слушање“ сфатиле како стојат работите.
    Сега гледам дека и постот е избришан и навистина не знам зошто.

    Не е море, не ни може да биде и мислам дека никој не го начна муабетов со таа намера да го споредува Дојран со Егејот, ама за разлика од тоа што беше, сега е далеку подобро. Јас бев неколку дена за време на Д-фестивал, олд скул камперски.
    Поубаво си немам поминато во Дојран од дете, кога одев со моите на одмор.
    Јадење, пиење, забава до бесвест. Не очекував да си поминам убаво, зашто нели од тука тргнавме со муабетите дека тоа е Дојран. Очигледно се излажав, ама тоа е.
    Не влегов во вода затоа што не сум тип кој сака вода, море, езеро, што и да е, ама се изнауживавме со дечко ми за мерак.

    Единствено се согласувам дека дојранчани не се спремни за толкава навала на туристи, а пуста лакомост, сакаат да ќарат без оглед на се`.
    Нарачувам пиво на шанк и ми даде очигледно некое наточено од пред неколку саати - топло, небаре греано во микро. Си побарав поладно и ме прашува: „Може мраз?“ (facepalm) :rofl:
    Не дека во Охрид и на море не ми се имаат случено вакви лапсузи, ама ова во Дојран беше врвот.
    Мислам дека со тек на време ќе се навикнат и ќе биде подобро, ама дека треба да работат на тоа - треба. Тоа е повеќе од јасно.

    Патем, не ме испоизедоа комарци - лута крв, тоа ти се вика. :D
     
    На realGirl, Tanjamm, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Блазе тебе Мишелке, мене ме испокасаа, иако цело време викав по другите да се затвори комарникот.(facepalm):D

    Инаку цени по кревет , колку што сум информирана, се движат од 300 ден- до 450ден од човек.
    Што според мене е ок цена, сосема солидна и соодветствува со тоа што го добивате. Нешто повисока е цената низ хотелите.

    Исто цени низ рестораните се сосема на место, дури поефтини и од Скопје.
    Па подобро од ова, здравје.

    Едит: Викендот кој следи
    МУЗИЧКИ ВИКЕНД ВО ДОЈРАН (31 јули, 1 и 2 август)

    31 јули (петок) КОНЦЕРТ НА група АКАДЕМЦИ
    Место:Плоштад “Под јаворите” – Стар Дојран
    Почеток : 21 часот

    1 август (сабота) КОНЦЕРТ НА ТАМАРА ТОДЕВСКА
    Место:Плоштад “Под јаворите” – Стар Дојран
    Почеток : 21 часот

    2 август (недела) КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА ГОЧЕВА
    Место: Градски парк (ракоменто игралиште) – Стар Дојран
    Почеток : 21 часот
     
    Последна измена: 28 јули 2015
    На Hristov, Tanjamm, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.596
    За продавниците приметив дека се многу спори во наплата. Се создава гужва со 5-6 луѓе внатре. И продавачки беа две на смена, ја прашувам за цени бидејќи немаше на зденките и ми вели “не знам“, и кажувам за една салама , таа друга ми дава. Ете тоа не ми се допадна.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Нашите се научени 250 денари да им биде смештај и готово. Нормално е како и во секое туристичко место во светот цените да се покачуваат кога е шпиц на сезона. Дојран до 400 денари за кревет не е скапо. Има многу луѓе среќавам се жалат скапо им било. Ако ти е скапо во Дојран за сместување, има Аквапарк Скопје и Пробиштип, за 300 денари ќе се одмориш и избањаш на раат.
    Неможам да ги сфатам луѓево.
    Прво оди на одмор во Шпанија, па после месец дена оди во Дојран и ми вика скапо е. Јебига, таков ни е менталитетот.
     
    На Mishela, mjauculence, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Има некој одено од Битола до Дојран со автобус?Колку што знам директен превоз нема,дали е информиран некој?
     
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас одам месецов во Дојран, најдов топ сместување. Ме интересира во каква состојба е Градската плажа, по покачувањето на нивото на водата и се тоа ?

    Инаку лани си поминав топ. Сум била често во Дојран како мала, одиме поради алгите и топлината на езерото, ама лани се изненадив ептен позитивно.
    Не е луксуз, нема хотели со 5* и луди журки ама во однос на она што беше е екстра. А сите знаеме дека нема промена преку ноќ, плус ова е мало езерце со многу лековити својства и мало градче во Македонија.
    Не можеме да очекуваме дека градот ќе се прошири, езерото ќе се избистри и ќе се изградат хотели со 5*. Реално.
    Ама секогаш може подобро, нели ? :nod:
    Сметам дека треба константно да се вложува во местово затоа што нуди многу за еден убав и мирен семеен одмор, посебно за луѓето со дишни проблеми, утринските прошетки покрај езеро се неизбежни. А сега со кејов, ма милина е!

    Цените гледам им се покачени што не ми се допаѓа, покрај алгите предност ни е и ефтиниот престој, значи онака убав мирен одмор со солидни цени.

    Планирам прошетките да пробам да ги заменам со трчање по кеј, ќе си земам опрема. :) Има ли комарци рано наутро? Лани шетавме околу 9, 9ипол, и имаше малку...

    Ме испоплашија со цениве, кажете ми како се движат по рестораниве?
    Кафињата и коктелите по beach bar - овите ? Лежалки ?

    Со годинини наназад постојано јадевме во Луна, имаа супер вкусни пици, ама лани без негативно разочарана, скроз им се сменети. Единствено не јадев риба, а баш сакам да пробам нешто вкусно и типично Дојранско со оглед на тоа дека местенцето е рибарско градче...
    Сакам да вкусам се што е Дојранско, и има ли некој да ми посочи нешто што може да се погледне во близина, место со богата културна вредност?

    Какво е менито во Романтик и Фук Так годинава? :wasntme:

    Лани постојано бевме на плажата Лабин, многу ни се допадна затоа што беше, мала, добро средена и песочна. Имаше убаво барче во и над неа. Сега гледам со покачувањето на нивото на водата е направена платформа, не ми се допаѓа воопшто. Св.Никола ја гледав, убаво изгледа, има ли простор да се поставам пешкири на неа?
    Или да ми посочите некоја друга, тивка, добро средена и песочна ?

    Убава вечер и се гледаме за неколку дена во Дојран... (hollest)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Kaj mene ima apartman vo Grcija za 20 evra, sto e tolku cudno? M ? Ako sakas i broj pisi mi vo lp kje ti go dadam ;)
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.596
    Комарци јас не осетив дека нешто посебно ги има. На плажа Свети Никола има лежалки, има место и за пешкири. Лежалка чини 100 денари со гратис пијачка(ТАКА БЕШЕ ПРЕД 7-8 ДЕНА). По кафичите цените се нормални, не се скапи. убава е и плажата Томче Софка, можеш да ја посетиш кај ресторанот. Таму имаат многу лежалки, многу се убави лежалките, убав амбиент има. За рестореани не знам цени. На тегзите по градот имаше се и сешто и тоа за многу ниски цени. Кафиња 40-50 денари, ретко некаде 60, сокови исто, јас коктели не пијам, но тие што пијат кажуваа дека не се скапи.
     
  10. mimiblack

    mimiblack Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    здраво девојки :D ако некој бил, или сега е во во Дојран бидејки планирам од 11 август да идам сакам да прашам каква е водата?
     
  11. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Договорени сме да одиме со друштво на неколку дена, па дали некој знае на која плажа идат повеќе млади и навечер кај искачаат?
     
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Лани кога бев затекнав една журка на базенот Романтик, сега гледам на Полин beach bar - от се чекираат, па фотки, па агенди со журки... :D
     
    На kosmodiks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Ај ве молам за помош. Не го знам Дојран а сакам да одам наредната недела. Многу се не нењубезни и никој не кажува точно колку е одалечена плажата. Дали некој знае за апартманот и колку е одалечен од плажата?
    https://www.facebook.com/apartmani.marija.90

    Препорака за сместување некое друго?
     
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Оваа вила не е во градот , пред Стар Дојран е , до градот пеш има околу 15тина мин пешачење .
    Јас не би таму...
     
  15. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    А до плаажа колку има? Иначе фала на одговорот :)
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Навистина незнам да ти кажам, оти има и некој средени плажи пред стар Дојран.
    Мислам дека има на 5мин плажа, оваа Свети Николе е таму.
    Ама сепак некој што бил на таа страна нека каже.

    Јас само вилата ја препознав, односно ова е нова населба која допрва се гради измеѓу стар и нов Дојран. :)
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    Отидов во Дојран пред некоја недела, поточно на Д-фестивалот бев и општиот впечаток што го добив беше дека местото е фино, ама капацитет немаат за да услужат толку народ. Единствено во Романтик и Фук -Так што услугата беше на место и како што треба, сите други места беа хаотични. Се чекаа редици за проста работа, гледаш дека касиерката се влечка ко сама да е во продавница, па си потпивнува од кафето додека вади кеса за пакување и тн. Храната во пекарите беше вкусна онаму каде што пробав, ама персоналот прилично неорганизиран и не многу љубезен, веројатно беа нервозни од жештините и ненормалните редици што беа во текот на целиот ден, вклучувајќи ја и ноќта затоа што работеа по 24 часа. Онаму каде што беше порастеретено од народ, беше и пофино со услуга.
    Како и да е, мислам дека ќе се исчеличат за некоја година, ќе си научат од грешките и ќе си ја подобрат организацијата на персоналот. Цените беа како скопските, за некои работи и поевтини.
    За спиење не знам да ви кажам од мое искуство во каква состојба се апартманите, јас си спиев во шатор онака баш фестивалски.
    Не знам дали беше до целата позитивна атмосфера што се осеќаше во воздухот поради расположениот народ и музиката, ама јас многу убаво го доживеав градот. Шеталиштето и плажите се фино средени, не е жива пустелија да те удри депресија. Езерото е матно, ама луѓево гледам се бањаа без гајле. Јас не влегов затоа што искрено си сакам бистри води и имам лошо искуство со Преспанско Езеро, но на кој не му пречи, супер. Кој не сака да се бања во езерото си има базен што се наоѓа одма на шеталиштето поточно кај Романтик. Температурите преку ден се доста високи, а навечер е прилично свежо, дури и заладува околу 3-4.
    Како и да е мирно место за одмор каде не треба да се оди со некои превисоки очекувања.
     
    На Hristov, Tanjamm, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.161
    Пол:
    Женски
    Досега не сум била, но планирам.
     
    На Hristov му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас си го истерав одморчево релаксирачки, Дојран ко Дојран, плаживе такви може да бидат, супер е што водата е надојдена, само барем да ги зачистуваа од ѓубрево бе. Градската конкретно.

    Инаку топ си поминав, од храна до луѓенца и амбиент, право место за фамилијарен одмор! :)
     
    На Tanjamm и Hristov им се допаѓа ова.
  20. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Бев викендов, времето ич не ни се погоди. Истури од врнење, а башка имаше и многу јак ветер. Прв пат бев во Дојран и мислам дека климата не ми прија ич. Првиот ден го преспав скоро цел, немав сила за ништо. Среќа имаше малата кој да ја гледа. Плажа не видов :D нема плажа освен градската и Алекс бич. Дурго ништо не ми личи на палжа. Лугето многу дрски, неуслужливи но тоа си го очекував па не се изненадив :) Се на се добро поминав и покрај НЕ-времето, баш си се одморив ::)