1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    Во Грција во high season тешко дека има соба за 35 евра... Најевтиното е 55-60 евра од вечер.
     
    На Dust, DAngel, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.945
    Допаѓања:
    12.606
    Tака е. Сите викаат за исти пари, или за малку повеќе, но никогаш не се работи за исти пари.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Може ли да се најде во Дојран апартман без резервација?
     
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски

    Почетокот на август е најскапо, крај на август е со цени исти како јули, провери на booking или нашиве агенции, па увери се сам.

    Во Грција апартманите се евтини во септември, после 10-15 можеш да најдеш и за 50 евра од човек за 7 ноќевања.

    Ама ај да навлеземе во еден многу биден детал: ПАСОШ, кој чини 1800 денари за човек. Можеш сам да пресметаш колку пари се потребни за четиричлено семејство?
     
    На Smiley11 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.945
    Допаѓања:
    12.606
    Со пиперки и домати од дома, и само бабање таму, да евтино е. Инаку не може да се исти пари кога кафето ти е 4 евра. Ама ако не го пијат, ќе кажат ееејјј исти пари се.
     
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Точно,ова се слагам.Али,ја не гледам ништо лошо со ова со пиперки и домати.Едноставно,некои луѓе сакаат да одат да се бањаат,а не да се расфрлаат со пари.Но,во Грција реално за нашите стандарди прескапо е.Треба за 7 дена минимум 1000 евра да земеш за храна.Секако,за по ресторанти и слично.Некои сакаат да одат на одмор,за релаксација не сакаат да готват.И секако разбирливо е тоа.Некои викат тоа да било до македонскиот менталитет со храната од дома,ја сметам тоа е до финансиите што ги поседуваш.
    Он топик
    Дојран,просечно градче.Езеро секако не може да се рамни со море.Доволно добро за викенд,еден ден или 1ви мај.За одмор,не баш.Но,секој со своите финансиски средства.Колку може да си дозволи.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hristov

    Hristov Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    А бе луѓе од кај да почнам.
    Зборувам од искуство и најдобро намерно. Сепак секој на крајот сам си одлучувам и секој си знае каков му е есапот ...
    Bo Дојран имам одено, одено , одено... ;) Во иднина... Хммм... Тешка работа!
    Разликата во пари не е голем, но разликата во КВАЛИТЕТ ДОЈРАН и најлошто можно место во ГРЦИЈА е неспоредлива. Едноставно не можат да се стават на исти кантар.
    Шо се однесува до пасошите бар јас не познавам некој во денешно време што нема пасош...


    Што се оденсува на овој дел ваљда си слушнала, не си разбрала или си се збунила или помешала со некој хотел кој нуди ALL inclusive услуги...

    А да не зборувам за тоа дека колекторскиот ситем во Дојран веќе не знам колку години по ред не работи, што во прево значи дека цела, повторувам ЦЕЛА канализација без никакво филтрирање слободно се влева во езерото, а луѓето мислат дека се мачкаат со лековитa кал ... ;) :) И по некоја случајност и во таа една аптека шо ја има таму најпродавани се лекови против алергии...

    Да не зборувам за проблемот со комарците и гроздарките, хигиената и никаквиот ноќен живот...

    Ете да пофалам за храната, особено за рибата во Гранико, Фук-так, никако не можам да го изоставам Хотел Романик кој е светла точка... ама во овие места буквално ќе си платите дебело за услугата особено во Романтик.

    Поздрав.
     
    Последна измена: 11 август 2017
    На Dust, realGirl, anonymous16 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.945
    Допаѓања:
    12.606
    Јас не викам дека езеро и море е исто, но е солидно за македонски услови, а верувам дека ќе оди напред, посебно што има се повеќе српски туристи. Од пред неколку години сега е многу поубаво.
     
  9. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Во Дојран бевме пред неколку години ( не многу 3, 4). Во апартман бевме но на викенд во јуни. Чисто беше, убаво ново цената беше ок. Не ми се допадна многу, нема многу кај да прошеташ, водата валкана и многу топла кога влегуваш внатре, навечер не се спие од жешко како да нема воздух. По кафани цените ми беа ок.
    Незнам дали беше од водата или од нешто друго но кога дојдовме дома детево беше две недели со зелени мрсули како вода да му течат. Ми велеа се чисти, но сепак закачи бактерија.
     
    На Hristov му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Еднаш и никогаш повеќе нема да отидам ужасно си поминав
     
  11. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Дојран, само за еднодневна прошетка. Се имам капено само еднаш и никогаш повеќе во езерото а истото важи и за базените. Лошо могу лошо, водата е катастрофа премногу загадена вода ниту влегува ниту излегува од езерото како бара е, само еден систем што го дополнува, базените не се дезинфицираат секој ден тоа сигурно.. Убаво ми е само така да прошетам покрај езерото, капење никако подобро да одам на 2-3 дена за Грција отколку да закачам некоја инфекција.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Дојран е преевтин, не зезајте. 20-25 евра за прекрасно уреден апартман за четворица, веднаш до езерото воопшто не е скапо. И храната во рестораните е евтина.
    Јас лани не можев да се капам во езерото, водата ужасно смрдеше на канализација. Годинава го немав тој проблем. Да, не е најубавото искуство на свет, ама точно е дека цветаат алгите. И гужва е многу, погодете зошто - затоа што е претерано евтино.
    Море по таа цена нема никаде, да не се лажеме.
     
    На Mishela и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Hristov

    На сите ни е јасно дека море и езеро не се исти и не можат да се стават на кантар, ама не е ист ни финансискиот дел.

    Баш дека секој си го знае есапот, немој да објаснуваш дека исти пари ќе потрошиш во Дојран и во некое село во Грција. Разликата во пари е голема, појди од фактот што четиричлено семејство за да извади пасош треба да даде 120 евра во старт. И верувај, јас познавам луѓе кои немаат пасош, па викенд во Дојран или Преспа им е единствена опција.

    Можеш да бидеш сигурен дека со цените не сум се збунила, ниту погрешно сум разбрала. Отвори и увери се сам.

    А во Грчките села еден ноќен живот, што да расправаме...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.945
    Допаѓања:
    12.606
    Моја другарка во грчко село беше разочарана затоа што нема ноќен живот. Од овде ја излажале во агенција, дека е кул дека има ноќен живот, а всушност биле само пензионери, немало кај да се излезе, се било скапо, а за облеката вели крпи, ништо асално, најевтината маица 20 евра. Ме нервираат Македонци што со пиперки и компири јадните одат во Грција, и после се фалат како да биле на Хаваи, а всушност само се капеле, никаде ниту седнале да јадат, ниту да пијат. Од тие што јаделе и пиеле, колешка има такво искуство не готви на одмор, вика за 4 ручек 50 евра. Сместување 50 евра од ноќ за 4 лица, 2 возрасни и 2 деца, така да не е евтино за нашите услови.
     
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ми е битно како луѓето го минуваат одморот, ниту ми пречи доколку се пофалат дека биле на одмор, небитно каде.

    Не си јаден ако одиш со пиперки и патлиџани во Грција, јаден и беден си кога водиш туѓ есап. А уште појадно е што тоа вака јавно го пишуваш на форум.

    А дека одмор во Грција чини исто како одмор во Дојран или Преспа, не можам да се согласам. Сместувањето надвор од сезона може да се најде поволно, ама сите пропратни трошоци како јадење, кафе, пасош, зелен картон итн не се за занемарување.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Во Дојран апартманите имаат клима?
     
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Имаат.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Дојран колку и да го разубавуваат, никогаш нема да биде подобар и од најлошото место во Грција ... евентуално да го ставам на исто рамниште со Албанија ...
    И во Грција има фрапе за 1е ама и за 4 па и 5е за прчење газ на лежалка, и во Дојран има скапи а и евтини места ...
    И во Грција има апартмани за 30евра (3лица) почеток на јули и крај на август и во Дојран има апартмани за 20-25е
    Е сега нема да бидете во прв ред на плажа за 30е ама најголемиот број места и во последен ред да си, за 7мин си на плажа ..
    Морето си има свои бенефиции ... и тоа е тоа.
    Дојран е ОК за викенд, за цел одмор мислам дека последниве години е измачување..
     
    На Sesil и Hristov им се допаѓа ова.
  19. Hristov

    Hristov Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    @Dust Во кратки црти тоа е тоа !!!

    Алелуја!

    Да се разбереме! Немам ништо против Дојран, само пред некој да донесе одлука убаво е да знае некои работи :)
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Нoрмaлнo декa Дoјрaн не мoже дa се спoреди сo Грцијa, aмa тие штo не oдaт вo Грцијa туку вo Дoјрaн, не oдaт oти им е пoубaвo вo Дoјрaн, туку бидејќи пoефтинo се пoминувa. Немaaт сите кoлa зa дa стaсaaт дo Грцијa, немaaт сите пaсoш, не се сите пoлнoлетни и вo Грцијa вo сезoнa немa aпaртмaн пoд 40 €.
    Јaс летoвo бев вo Дoјрaн, крaјoт нa јули. Вoдaтa беше сo aлги aмa мене ми беше пријaтнa зa бaњaње бидејќи беше тoплa, дoстa е нaдoјденa. Плaжите и oпштo кејoт не ми се дoпaднa штo не беше среденo, имaше ѓубре, трaви, гo прaвеле aмa не гo дoпрaвиле. Амa нaјвеќе ми сметaше штo немaше скoрo никaкoв нoќен живoт, двa три бaрoви сaмo и тoлку. Пoвеќе имaше фaмилии oткoлку млaди и зaтoa не е тoлку зa мене местoтo. Амa зaтoa дoстa ефтинo си пoминaв, немa шaнси сo тие пaри вo Грцијa вo пoрaздвиженo туристичкo местo.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.