Бев на Д-фест годинава, супер си поминав ама на одмор последно да ми е не би отишла.Водата ужас, тиња цела, плажа една нема како што треба само 1-2 импровизирани со 3 метра песок и 5 лежалки на нив, еден кафич што го имаат на плажа и 3 ресторани и толку е, а цените за кафе и јадење не беа баш ефтини (ова не знам дали само за фестивалов ги качуваат) Со Грција цените не може да се споредуваат (а искрено во Грција освен островите се останато се селца со една улица) ама Црна Гора и Бугарија се поисплативи опции со оглед дека нудат море, плажи, ноќен живот и забава (како и за стари така и за млади)
Тоа не е туѓ есап, туку туѓо искуство кое некој ми го пренел или сум го видела. Не знам што е тука јадно и бедно. Ако е тоа јадно и бедно, цел форум е јаден и беден. Матичен број да не сатвив на луѓето, име, презиме, адреса, сметка во банка па е јадно и бедно?Почнувате се почесто да не дискутирате, туку да се нафрлате на секој што ќе пише нешто. Поентата е дека не е исто, не може да биде исто. Ако беа цените исти, сите ќе одевме на море, а не во Дојран. Дури сум слушнала и коментар дека во Дојран и во Црна Гора исто се трошело, ама во Црна Гора барем си на море.
Муабетот кој го болдирав погоре не ти е на место. Која си ти да кажеш како некој треба да го тера одморот? Тоа што мислиш дека е јадно некој да носи храна на одмор многу кажува за тебе и твојот карактер. И јас тврдам дека не е исто, патот, сместувањето, храната, се е поскапо на море отколку на езеро, па макар отишле и во најблиското Грчко село.
Ни јас и ти не сме никој да кажуваме, ниту било кој друг, па ете кажуваме. Колку пари има човек толку ќе си приушти, нема јас да му го платам одморот сигурно, но пречи фалењето и убедувањето дека цените се исти. Мене ми пречи кога некој ме лаже дека е евтино, а всушност ниту седнал, ниту јадел за да каже. А тоа што се фаќаш за ситници и се препираш, исто кажува за твојот карактер. хејтери на форум колку сакаш. Не сме во маало, да пиеме кафе и да раскажуваме. не се скеирај, луѓево нема да се посрамат што дале или не дале 50 евра за ручек од тебе кога ќе ги видиш, не ги знаеш.
Ти можеш да кажеш дека ти пречи што лажат, ама не можеш да кажеш дека е јадно што некој носел јадење на одмор. Ме разбра сега?
Уффф ок, ме фати во најситен детал. Се надевам дека нема кривична да добијам сега затоа што не прецизирав најдобро.
А бил ли некој во септември? Баш ме интересира како е во септември, до кога има туристи, топла ли е водата?
Јас бев пред една недела,и можам да кажам,катастрофа.Преспавме една вечер и се вративме. Водата прљава,во еден ден три пати заврна,дуваше ветар. Апартаните немаат клими,заеднички тушеви и кујни. Тамо кај што преспавме,беше убав апартман,ама без кујна. Се разочарав,и реков нема подобро од Грција.
Здраво со дечко ми сакаме следниот викенд да одиме во дојран. Ме интересира како е сега таму без туристи без гужви бидејки такво место и сакавме. Кој се добри ресторани и кафулиња и кој места да ги посетиме таму?
Сега е празен нема туристи освен Србите но тие се на поминување, т.е преспиваат и одат за Грција. Почнува да се полни за време на Д Фестивалот. Обично шпицот на сезоната е од 15 јули до кај 15 август.
Нашата, велешката и уште една. Нашата чини 40, а велешката и другата по 80 денари. Дојран ми е ептен запустено место, а водата валкана. Таму можам да седам само еден ден без плажирање.