1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    http://www.dojran-info.com/
    Тука има смештај,ресторани,пицерии... :)
     
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    И јас покрај 10тина дена за одмор одвојувам време да поминам и до Дојран .Со оглед на тоа шо ми е на пола саат не е проблем :) А оваа година е стварно најсредено досега , водата е надојдена , плажите се направени супер е .Вчера бев и доста е гужва за разлика од другите години . А често идат многу млади од ск , бт ... бидејќи како што велат цело Скопје е во Охрид и им е здосадено се од истите фаци :) А ноќниот живот стварно е прилично добар , така да забавно е . Покрај Црна Гора , секако ќе одам и таму барем 5 дена .

    Пред 2 години планиравме да одиме 4 другарки во Грција , и во 5 за 12 откажаа две :x И останавме само 2 , така да како последна опција ни остана Дојран на непланирано .Отидовме на 15 дена таму и иако 2 , брзо си најдовме другарки и топ си поминавме :) Дури и не очекував дека така добро ке си поминам , а за разлика од тогаш сега е и далеку посредено 8)
     
  3. Ms.Sweet

    Ms.Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Може ли некој што веќе бил и е задоволен од смештајот во Дојран да пише број тука или на лична порака, затоа што на инфо сајтот нема слики од сместувањата, а ни објаснувања ;)
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило што Дојран повторно заживеа, мислам дека тоа е најдобрата вест што сум ја слушнала летово.
    Кога бев мала редовно одевме во Дојран, имам многу убави спомени од таму и би сакала повторно да отидам.
    Ако бил некој летово во Дојран нека пише импресии. :)
     
  5. eurolines

    eurolines Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    дајте телефони од приватно сместување солидно во дојран

    Фала однапред
     
  6. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    многу е тешко бидејќи се е зафатено и да се јавиш може да те зафркнат,затоа на лице место :D
     
  7. strelec.67

    strelec.67 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Сега за Велигден бев у Дојран.За разлика од лани во Дојран сега е многу сменето.Езерото е во одлична состојба,а шеталиштето покрај самото езеро е во завршна фаза на изградба.Мене многу ми се допадна.
     
  8. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Леле,само мене ли не ми се допаѓа Дојран :tmi:
    Го посетувам секогаш за 1ви Мај и за среќа оваа година ќе направам исклучок,односно тој ден нема да го минам во Дојран како во изминатите десетина години! Во убави топли денови по иницијатива на друштвото одиме на еднодневен викенд понекогаш,правиме скара и пак назад во цивилизација!
    Никогаш не ми се допаѓал Дојран,тоа ми е едно мало несредено градче со единствено убаво место ресторан Фук Так каде за столче и за риба ќе чекаш 2 саати! Смештајот им е по 500 денари од вечер а коку е само нечисто тоа не знам со кои зборови да ви го доловам! Камповите ,,Партизан,, :shake: па толку гнасна работа немам сретнато (кој бил во тие кампови знае што зборам)! Пред неколку години во кампот кој го изнајмивме за 1ви Мај некој си вршел нужда (голема :!: ) и нам ни го изнајмуваат со желби за пријтен престој! :puke:
    Дојранското езеро од никогаш не сум го сакала (така велат и моите родители дека уште од 3 години сум се плашела од матната вода)! Мило ми е што нивото на водата е покачено,што плажите се подсредени но јас во таа каллива вода не би се капела! :shake:
    Морам овде да го споделам и труењето со храна кое им се случи на неколку гладни и желни за бурек туристи кои пред 3 или 4 години се затровија од бајатиот пица-бурек!
    Имам и убави спомени од Дојран,убави моменти поминати со дечко ми,со другарки во тинеџерски години ама сепак не ме воодушевува местото и не ме фаќа мерак да го посетам пак!
     
  9. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    последен пат во Дојран бев за први мај и беше преполноо кога за мај беше полно замислете како е летото сега е во изградба долга патека покрај езерото и се надевам до летото ке биде готова а кога би ги исчистеле и трските во езерото ке биде супер инаку за изнајмување мора да ги пофалам дојранчани дека се идиоти
    се извинувам ако навредив некој но во овој случај е така
    бидејки не нудат никакви услови а цената им е преголема но се надевам дека со тек на времето ке го развијат уште повеке торизмот и ке ги подобрат условите :) инаку погоре прочитав прашање дали уште на патот те пречекуваат одговорор е НЕ а и за да најдеш соба особено периодот за 1 август можеш да се утепаш од барање и да си одиш изнервиран или да преспијеш на трева :D а за хотелите незнам како им се цените само знам дека еден хотел има базен и си плакаш 100 ден.
    за влез тоа за они кои им е гнас да се бајнат во езерото :D
    во секој случај Дојран многу се подобрува и се искористува макцнимум малкото езерце
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    мене Дојран во срце ми лежи, лично Охрид не ми е померка. Имам другарка што има викендица таму и секое лето најмалку една недела сме таму и си поминуваме најубаво. Несе бањаме затоа што некако не ми е за бањање ама затоа нема ништо померачко од тоа цела вечер да ја поминеш во двор во пижами и со вино и музиче по мерак
     
    На Teodora34 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zasekogas

    zasekogas Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Инаку да напоменам дека водата во Дојран е лековите и не е валкана туку таква е од алгите! За тие што не знаат.
    [mod-kirilica:1jl8fylm][/mod-kirilica:1jl8fylm]
     
    На Legadema му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Дојран како градче не е лошо, меѓутоа нема апсолутно што да се види- се е опфатено во сликите што ги стави Ема.Ск :lol: (добро уште нешто плус :) )

    Водата е каллива, нема никаква култура на плажа- лежиш а до тебе некој оставил кори од лубеница :x преку неделата стари луѓе, а за викендите еден куп примероци на машки од околните градчиња и села со симптоми на сељак како тие од соодветната тема |( и некои девојки кои се палат на претходно споменатите машки примероци :tmi: - се на се, јас не би одела таму на одмор- освен на стари години, да одам да се релаксирам во тишина, бидејќи друго нема што да се прави.
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Последен пат бев пред две години, но не бев на плажа, и немав многу време за шетање. Не е лошо градчето, сум одела неколку пати на одмор таму и имам убави спомени.
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Вреди само лековитата кал од која се мачкаа моите кога бевме пред 2 години. Езерото внатре има лековити алги, убаво е и се тоа, само дека не е чисто језиво ми е да се бањам. Стар, Нов Дојран сеедно, трскарници во водата, а градот е мал и нема што да се види, и да има 2-3 места дали се. Само една плажа беше добра Немо мислам дека се викаше со лулашки, средена беше само таа.
     
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Па одев минатата година и планирам и за викендите сега да одам :)
    Сега ичистено ли е езерото?Од трските и алгите :?:
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.121
    ^^Езерото е исто како што си беше, доста е наполнето. Дојранското Езеро никогаш не било со чиста вода поради флората и фауната, а за трските и калта па јас не се сеќавам некогаш и да ги немало.... :D
     
  17. madameinlove

    madameinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    одмор во дојран

    Ај ако некоја од вас знае да ми казе тел број од некоја куќа во Дојран? Фала однапред :)
     
  18. Marucu37

    Marucu37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    јас летово требаше да одам преку карате клубот во Охрид , но испадна за Дојран ќе не сместиле во мотел Истатов. дали некој има одено и дали е добро како што изгледа на сликите ?

    фала однапред :)
     
  19. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Па не сум престојувала но има добар базен :D
     
  20. papagalcheto

    papagalcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    10
    Планирам летово да отидам и до Дојран...најверојатно со другарките, па ќе може ли да ми предложите некои места во Дојран за излегување навечер, дискотеки или кафулиња каде има добра забава? :)