Мислам од 300ден по човек. Низ хотелите 1200 за двајца. Види на фб напиши Дојран ќе ти излезат вили за сместување.
Би сакала на еден ден во Дојран, не сакам ни на плажа ни езеро, сакам во Романтик или нешто слично да седнам кафе, ручек, во базен и така. Дали треба да се резервира, џабе да не е одењето, бидејќи не сакам спиење само така еден ден на базен и дали има слично место во Дојран како Романтик?
Ни се смени планот, сакаме на два дена во Романтик, ама нема место, дали е можно☹☹☹, препорачајте нешто како Романтик со базен лежалки со се како таму?
Мене ич не ми се допаѓа. Како поминува времето, Дојран се повеќе и повеќе оди накај полошо. Па измислуваат 100 чуда, лековита вода. Аха да сигурно Лани бев и беше КАТАСТРОФА. Згора на се наврчер кога се шетавме смрдеше.. Во Дојран повторно НЕ!!
Па и во хотелите за тројца 4000 и нешто денари од вечер, ова во Романтик. Мене највеќе ми беше за базен вака ужас не сакам да стапнам на таа градска плажа и во езеро гадотија.
За приватен смештај или пак во хотел треба да си закажеш преку нет или и таму на лице место може да најдеш?
да го споделам моето непријатно искуство за ВИЛА ГРДОВЈАНКА во Дојран. резервирано преку Booking, со потврда на резервација, при стигнување сопственичката бара доплата за клима 5Е на ден, иако си пишува дека климата следува, со изговор дека е ефтино и нема она да работи за Booking. Крајно некултурен и безобразен сопственик!
Моите се моментално на одмор неколку дена во Дојран, јер алги.. Во многу убаво среден апартман престојувале, 4ца за 1500 мислам ми рече, многу блиско до плажата. Во ресторани/кафани преевтино како за туристичко местенце. Е сега мајка ми како најголем фан на Дојран, чим она призна дека попрљава никогаш не била водата, значи вистина е. Потсреден бил градот, ама општ впечаток - нечисто. Не е одмор од соништата, за тие пари толку, ама сепак солидно местенце, да одмориш глава на некој ден.
Вистина,водата е многу нечиста никаква човек да не може да се искапа. Цените се добри зависи каде во кој ресторант некаде поскапо некаде поевтино.
Мене Дојран ми е рај за душа. Секоја година одам таму и во лето и во есен ми е најубаво . Местото е мирно и го сакам превише. Кога отидам таму како да се полнам со енерѓија. Но еве и јас можам да се пожалам од оваа година. Водата не беше воопшто чиста. Нема каде да се искапиш осим во базенот на романтик но за забавата во полин за илинден можам да кажам дека е преубаво. Скоро секоја година одам тој период во дојран за илинден. Но водата оваа година навистина беше гадна
Здраво луѓе. Може да ми препорачате одлични апартмани во Дојран? Да се убаво средени, чисти, со културни газди. Со детенце сме. Може апартман, вила, куќа па и некое хотелче со пристапни цени? И да ми кажете местенца во Дојран што треба да се посетат, каде да се јаде нешто вкусно, препорака за ресторан, кафуле? Благодарам многу!
За хотелско сместување во стар дојран ги имаш хотел романтик и хит казино, цената им е околу 50-60е со доручек. Од вили треба да провериш дали се отворени сега овој период, во летниот секако работат. Вила стефани, елизабет, ступард апармани, и др. За посета во дојран и нема баш што да се посети освен прошетка покрај кејот на езерото има неколку паркчиња со лулашки за деца и тоа. Сега овој период полно е само за време на викенд, преку неделата празно е нема туристи. За јадење можете во боеми, нота, гранико. Оваа недела и фук так ќе започне со работа. Ако сте за по специфична храна можете и романтик. За кафе шема реформ кај јаворот се наоѓа.
Од хотелите, Романтик е најдобар. Собите се супер средени и чисти. Ресторанот им е скап, а услугата таму е катастрофална. Од ресторани можам да ти ги препорачам пицерија Луна (убава мешана даска и пици), Фук Так, рибникот Елит кон Богданци кој е број 1 според мене во тој регион, Казабланка, Боеми и тн. Пред Богданци се наоѓа браната и езерото Паљурци, можеш и таму да отидеш, убаво е и за со деца.
Во фук так има очајна услуга. Нула. Мизерија. Штета за таков локал.. Не би го препорачала ни на најголем душман. @Вереничка
Јас лично сум задоволна од услугата и храната. Е сега ако одеш за време на викендот или кога е некој празник / неработен ден во која кафана и да седнеш секаде е така. Се чека и за да те послужат и за да ти ја донесат. храната. Еве јас сум од дојран и веќе почнува за време на викенд претежно недела во период од 13-16h буквално да нема кај да седнеш и тој период го избегнувам да одам по кафани. Подобро ќе излезам после 17h и знам дека ќе добијам добра услуга.
Последно според ФИ сум била лани на 10 август. Тоа беше петок.. Еве што сум искоментирала, да не типкам одново Инаку тоа време кога бевме ние не беше ни пола полн ресторанот затоа што не беше уште ручек, беше 11и30 или 12. Можам да замислам каква услуга ќе добиевме за време ручек Згора на се, порачавме една порција риба и две порции плескавици.. двете плескавици беа во една чинија па служете си од таму, нас не мрзеше да ви ги поделиме порциите Порано сосема ОК мк беа, лани толку сменив мислење за фук так што не знам дали ќе седнеме пак
Услугата општо низ Македонија е лоша, а не само таму. А во Дојран, Охрид и сличните туристички места кај нас, а и по градовите секако, услугата секогаш е лоша. Добра е храната во Фук Так, а услугата е очајна скоро насекаде.