Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. arodoet20

    arodoet20 Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2017
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Женски како е во Дојран на крај на Јуни?
    Ноќен живот?Цени на апартмани? И тн..
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.131
    Апартманите се движат околу 1200 горе - долу, за двајца.
    Сега е малку по раздвижено. Обично има некои журки на плажа од кафичите.
    Јадењето во споредба со Скопје е и ефтино.
    Вака за шетање и не е така лошо. Е за бањање езерото е гнасно, бар по мене. Има базент на гратската плажа, па можете во него. Иако многу од луѓето се бањаат и во езеро.
    Е сега ако споредиш со Охрид е багатела во однос на цени.
     
  3. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Зошто? Мораш да дадеш образложение зошто, има милион причини, од тоа дека не ти се допаѓал ентериерот до лоша услуга и храна.

    Јас убаво искуство имам од таму, две год по ред одев, имаше забави со дџи, урбани дечки, убава музика, средено, добра организација...
     
    На Damata so marama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Ако си била во Тренд во Скопје, иста е причината...
     
  5. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Сум била и пак не ја знам причината? Може да ми ја кажеш без гатанки?
     
  6. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Лабаво, нема многу народ за разлика од средина на јули и август.
    Апартманите се движат од 800 до 1.500 денари, зависно од локација и вила.

    Ноќен живот освен Д-Фестивал, во Дојран не барај.
    Има 2-3 кафичи на сама плажа, едниот е Реформ, а другиот е тој на хотел Романтик.
    За јадење, пица ти препорачувам во Луна, риба во Боеми и Елита (на патот кон Богданци).
    Цените се смешно ефтини.
    Ако си со кола, има доста активности во околина кои можеш да ги посетиш.
     
  7. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Чекаш пола час да те видат дека им седиш на маса. Масите неисчистени од трошки од претходниот гостин, каснат со нарачките, па дур ти донесат нешто ќе ти се одјаде, лошо однесување на келнерите, како ич да не се замараат со гостите.
    И моја нога исто не стапнува таму од овие причини.
    Слично е и во Романтик.
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.318
    Пол:
    Женски
    Таму сум била на екскурзија.
    Една ноќ спиевме.
    Првин- храната беше УЖАС.Сув леб, салати само надробено, месото викаа било старо, се беше суво.
    Второ- чаршафите им беа со дупки од цигари, фиоките се распаѓаа не дај Боже да повлечеш посилно ти остана во рака.
    Најгадното ми беше сабајлето што на перницата која спиев пролазе огромна црна бубачка.
    Не знам дали беше лебарка, нема шанса толкава црна гнасотија да е лебарка.
    Си шеткаше на мојот кревет и се стационираше на него.
    Јас ја гледам од огледалото, пиштење и низ врата.Многу се плашам од такви ХХХ инсекти.
    Нити водата се пиеше таму.
    Среќа во собата бев само за спиење.
    И да и чаршафите беа пожутени и излитени од користење.
    Туш кабината не функционираше па си ставивме таму табуретка преполна со прашина, да не се гушиме.
    Само прозорите беа нови во собата, бар не ни дуваше.
     
    На irrelevant му/ѝ се допаѓа ова.
  9. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Е па ок јас не спиев таму, само на провод бев. Да знам да не одам годинава ко така, сакав баш летово да одам таму со спиење. Кога се десило ова? Јас последно бев пред 4 години и баш во добро сеќавање ми е Полин. Ама, може и други си ја организираа журката па...
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.318
    Пол:
    Женски
    Лани, мај мислам бевме.
     
  11. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    За журките во полин за време на илинден јас сум презадоволна, во сета таа гужва и келнер на време дојде и се. А за во хотелот ни јас не сум била така да од ова што го прочитав ни не планирам да одам. Но од журките сум презадоволна и на први мај 2 години по ред сум на журка во полин и сите 4 дена за илинден веќе 2 години по ред сум таму. Супер журка организираат
     
    На irrelevant му/ѝ се допаѓа ова.
  12. arodoet20

    arodoet20 Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2017
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил во Вила Катерина и како поминал? :)
     
  13. agnes

    agnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Која плажа е вака најубава да нема многу камења со мало дете сме
     
  14. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Па во дојран баш и нема убава плажа но можам да ја предложам фук так плажата. Плитко е за децата да си играат во водата. И Ре форм е добра но од ѕитчето се спушташ во водата. За деца кој што уште не знаат да пловат е длабоко освен со гума.
     
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Бил ли некој во Дојран годинава да прашам нешто ?
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.131
    Аха, прашај. :)
     
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Со комарци како стојат ?
    Знам дека ги имаше многу.

    И, дали некој бил во Полин ?
     
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.131
    Исто како и тогаш.:D
    Се шалам, има комарци не дека не, ама некоја голема мака немаме видено. Раид во вас и готово.
    Покрај езерото ги има , на ноќни прошетки само заштитени.

    За Полин искуство сопствено немам, ама во сезона се ок и Полин и Романтик кога имаат обрт на туристи.
    Е сега на шеталиште се, а таму знае да биде бучно од ноќни журки на плажа.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.150
    Допаѓања:
    168.768
    Пол:
    Женски
    И што ќе правиш во Дојран жити мене?
    Романтик ми е класи над Полин,а цена скоро па иста.
    Комарци има огромни.
    И дење и навечер
     
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Ќе прошетам еден викенд.
    Не сум била од дете таму.
    За Романтик се е резервирано