Баш ме интересира како се движат цениве за полупансион пример во Полин. Има каде да погледнам? Звони ма кога ќе одете. Да видеш шо риба ќе ручкаме
Рефче немој Полин. Може да го видиш овој новиот хотел што е ла тераса. А може и во некоја од вила. Само немој Полин катастрофа е и јадење и соби. За комарци нема многу, мислам овие денови прскааа
Не За овај новиов така слушнав,Ла тераса. Во Полин лани во август месец со гаранција беше 2800 ден ноќевање за двајца. Не паметам доручек дали имаа @duffi
Не знам како се движат со цени, најдобро е да се јават и да прашате таму за информации. Инаку што ги гледав собите каде каде се подобри од Полин, и знам пред 2 год кога работев во романтик доаѓаа многу туристи од Полин бидејќи хигиената беше катастрофа.
@referentka една сугестија доколку планирате да доаѓате за време на д фестивалот ви препорачувам да не бидејќи лудница е, преполно е од млади и по кафаните неможеш да седнеш полно е и услугата тогаш не е баш нај нај. 13/14/15.7 мислам дека се паѓа да е фестивалот.
многу ми е жешко во Дојран ако одам одам на еден ден со дечко, и едвај чекам да се вратам секогаш кога се бањам во таа гадна вода истурам се повракајки..
Д фестивалот е од 12 до 14 јули, убави забави има и за илинден јас сум секоја година на забавите за илинден и сум задоволна
Плажите ги потсредија, ама водата е катастрофа, блато... Не можам да помислам да влезам да се бањам, еднаш и никад више.
Во Дојран сум се бањал секоја година, дури и кога имаше многу малку вода и не сум имал никакви проблеми. А исто убаво е и ноќното капење, водата е топла. Сакам пливање, сакам широчина и топла вода.
Како се движат цените за соба или апартман за двајца со брачен кревет, купатило и мини-кујна блиску до плажата? Од кои газди сте задоволни? Дали има многу гужва во периодот 31.07-04.08(илинден) ?? Фала ви
Би ти препорачала апартмани теодора. Бев лани таму и бев презадоволна мислам дека од вечер е 1800 денари, еден брачен кревет и два мали, има мини кујна, голем телевизор, мала е трасата но со поглед кон езерото и многу фини и културни газдите, има клима вифи и е чисто. Јас ги најдов преку booking пребарај apartmans teodora, има слики ама јас сум презадоволна. За време на илинден дојран е фул така да мислам дека е касно да најдеш некое сместување но сепак пребарај сигурно има. Има забави за илинден во полин и затоа врие од народ. Ако одиш убаво да си поминеш И јас многу сакав за илинден да сум таму, секоја година сум тамо овој период, за жал сега во будва а ми недостасува дојран