Ај сега, ако може еден камен лековит да е, зошто да не и Дојран? Нека се шири, нека идат туристи од страна, нека оставаат пари. Добра приказна чуда прави, нека се развива туризам.
Ај ма и ти па . Како бре одма ти текне кај да се р'чнеш Одам јас Дојран,еднаш неделно обавезно. Зимо лето. За лековитоста негова не сум чула. За камен и бунар еден имам слушнато. Затоа и прашав. Шо не дојдеш некоја странска пара да оставеш у ДојранО?
Ќе идам малку и јас да се намачкам ко така. Ама многу е гадно бре, смрди корни на тињак. Оно и крапот мириса веќе, ама па лапкам го како да не сум видела
Да се намачкаш ама да има некој да ти земе од калта што е од сред езеро, а не од крајта од таа да се мачкаш. Во таа нема ништо лековито. Инаку старите дојранчани кажуваат како таа кал лечела ишијас, реума, на гради се мачкале за да не добиеш бронхит и сл.
На времето велеа алгите биле многу лековити таму И ја ко дете сум носена ради тоа Колку е вистина не знам.
Можеби биле некогаш, кога содржело езерото јод. Сега шознам, го цицаат од сите страни. Тешко нешто добро да остана.
За Дојранско да биде лековито треба рано сабајлето кај 4-5 кога се отвараат алгите да се поплива малку или да се шета покрај езеро и воздухот е побогат со јод во утринските часови. Инаку викендов бев таму, гужва да не можеш лежалка да најдеш. Полно со луѓе од околните градови. Во понеделникот веќе беше упола празно. Инаку има многу странци кои застануваат да преспијат па да продолжат за Грција. Нрмаше месро ни во Полин, ни Романтик ни па во вилите што се поблиску до плажа. Во Ла Тераца ноќевање по лице без појадок е 900 а со појадок 1200, што реално е многу. Ние едвај најдовме место во Бетон хотелот што е веднаш до плажа и до јаворот. Ноќевање за двајца е 1200. Нема клима, не е за повеќе денови да седиш, ама за викенд, ако јадеш по ресторани цело време, а таму само за преспивање е исплатливо.
Затоа гледам ич нема со ишијас од Дојран кај нас у болница Почести пациенти од гевгеличани се. Детсвото ми помина таму , еден месец Хрватска одев, цел август во Дојран бев. Бронхитот ми седи и абер нема да замини
И јас одам често, и деновиве пак ќе одам. Може сега не е толку лековито, ама широко е и топло за пливање, а јас тоа го сакам. А и за ноќно капење е добро, оти е топла водата.
Видиш , не сум знаела дека до различните организми е. Изгледа на нас , луѓето од овој крај ни се такви организмите, Дојранските алги да Не ни помагаат
Дали некој знае како сообраќајно се поврзани Валандово и Дојран? Дали може во исти ден да се отиде, да се прошета Валандово, да се испие едно кафе и назад? Двата града немаат автобуски па немам кај да прашам.