1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.150
    Допаѓања:
    168.745
    Пол:
    Женски
    Автобуси тешко.
    Само Руле турс оди еднаш или два пати во денот.
    Ама блиску се мн овие два града, помалку од 15 км. Такси можеш да пазариш за 250 ден да ве однесе.
    Само не знам што ќе правиш во Валандово.:^)
     
    На KuklickaSk и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    И тоа што викаш, за една уличка да ја видам, дали има логика да се мачам со превоз.
     
  3. homer simson

    homer simson Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2019
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Машки
    за жал таму нема млад свет
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    639
    Пол:
    Женски
    Од Дојран имам убаво искуство и јас. Имаме вила таму и детството го поминав таму заедно со моите братучеди. До пред да се омажам редовно одев секое лето најмалку барем по една недела...

    Сега ја реновираме вилата и не сум била еве веќе втора година, но догодина би требало да биде готова, а здравје и бебче би носеле...

    Во врска со лековитоста, баба ни не шеташе секое утро поред обалата за да дишиме од воздухот, а кога имавме рани за два дена поминуваа. Сега незнам дали има лековити својства, но беше прочуено како најлековито езеро, а кога одевме на плажа сме среќавале и луѓе од Охрид што носат мали деца таму..

    За мене Дојран има посебна магија и сум сентментално врзана за него :)
     
    На turist и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Дечки, како да стигнам од Дојран до Гевгелија наједноставно? Такси? Знае некој/а колку би ме коштало?

    Фала ви! :angel:
     
  6. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Такси мислам дека е околу 500ден може и повеќе. Под 500ден не е сигурно. Има автобуска линија Гевгелија-дојран може да се јавиш во автобуската во Гевгелија и да прашаш во колку саато има.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу! Баш ќе се јавам да прашам. :)
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    100 денари е од Дојран до Гевгелија. Се стига брзо, дали имаш пола час возење. Јас лани бев. Фатив автобус од пред Романтик во 15 до 7, а се вратив по 2-3 саати. Имаш и покасно да се вратиш, ако планираш да шеташ повеќе. Мене 2-3 саати ми беа доволни да ја видам Гевгелија и да пијам кафе. Прашај во Амиго компани, тие возат.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Исто и Руле турс и тие имаат линија до гевгелија
     
    На sofijanoka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Сум била, ама не ми се допаѓа, водата е ко блато и има “одвратен жив свет” внатре.:D
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Да, со автобус е наједноставано, се стига брзо. Нема потреба од такси, скапо е.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Бев за Д фестивал и ќе размислам дали ќе одам пак наредна година и дали уопште ќе стапне моја нога таму.
    Кревање цените до бесвест, бетер од Охрид, на страна што се убив од тепање скакулци, оси, стрлшени и разноразни непожелни инсекти.Дерман да се немало.
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    На што се кренати цените? Не сум била летово, но претходните години цените беа ок.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Јас за Д фестивал кога бев потрошив за 4 нецели дена нешто повеќе од 3000 со платен смештај.
    Се исцедив буквално.Давав по 100 денари за грст помфрит и за тостчиња што не најадуваат.
    И бидејќи смештајот ни беше подалеку од мејнстејџовите(4км) таксисите ни зимаа исто колку што во Скопје зимаат за 13км.
    Поточно по 250 денари.Рачунајте одиш денски до кампот надвор е пекол фаќаш такси.Навечер се враќаш во 3-4 сабајле смрзнувачка, фаќаш такси пак.А две бевме само.
    Нè соголеа.А ептен бевме надвор од Дојран за да одиме навечер да кажеме пешки сами назад.А ја на топло не можам да се мрцварам денски.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Јас последните две години одев кај едни луѓе живеат на влез, веднаш до патот, до плажа 5 минути нема, по 300 денари од ноќ плаќав. Сакав за три дена да и дадам 1.000 денари, реков да не ми враќа кусур и жената ми вика „Ааа, не јас туѓо не сакам“. Два пати кафе ми вареше во 3 дена. Не можам да се пожалам од луѓето, љубезни. Си погодила лош период, тогаш е гужва за сместување, и си нашла далеку, па ти отишле парите за такси. Не, дојраначни не можат да ги стигнат охриѓани во скоро време, охриѓаните се преценуваат мислиш море имаат, а не езеро.
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Смештајот беше супер.Жената беше душа, ние касно баравме и затоа најдовме уџум.Преполно беше 2 нед пред тоа сегде.А за плажа на градската одевме бидејќи таму беа шаторите и сакавме со друштвото да сме.А и охриЏаните дерат и те како
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Охриѓаните кога ќе земевме ѓезве викаа „Еејј, на плинско ставете“. Колку е глупаво така да кажат, нормално дека на плинско ќе варам, гледам дека имаат. Женава во Дојран два пати во два дена ми вареше кафе, инсистираше, и не ми дозволи да ја почестам 100 денари, така да уште долго нема да ги споредам дојранчаните со охриѓаните.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    23.954
    Пол:
    Женски
    Срамота... 50 ден. е градска вожња низ помалите места.
     
  19. (:strawberry:)

    (:strawberry:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    811
    Бев и никогаш веќе , езерото е ужас , не е погодно за мали деца и имав прилика да го видам тоа. Сите луѓе се стуткани на мал простор и немаш каде да се свртиш
     
  20. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    И јас бев само неколку пати но никогаш повеќе. Водата ужасна е.