Плажа за до мало дете според мене плажата во Николиќ- тоа ти е село пред нов Дојран и таму немаш сместување, Алекс бич плажата - одма над самата плажа има апартмани и се наоѓа меѓу нов и стар дојран и плажата фук- так и таму мислам има апартмани над самата плажа и плус други приватни во тој дел. Се наоѓа на излезот од стар дојран накај границата кога се оди. Гратската плажа не ми е за со мало дете бидејќи има потпорен ѕид и е одма длабоко. Во неделата моето дете се бајнеше на Алекс бич плажата и имаше и други фамилии со мали деца, водата беше топла. Е сега не е како морето чиста сина вода. За сместување доколку сте со кола можете во било кој дел на стар дојран да се сместите, а до плажата да одете со кола бидејќи за две-три минути се стигнува, освен на таа на николиќ.
Од минатите години роднини одеа на Николиќ, водата е малку почиста, и малку поладна. И треба да се ди порано за да се фати место и со сенка.
Леле многу ти благодарам. Искрено никогаш не сме летувале во Дојран. Сум била на викенд прошетки меѓутоа не вака. Ме интересира конкретно за водата. Од луѓе добив коментари, планираш таму да ја бањаш малата? Дозволено ли е бањање? Водата не чини и слично? Знам дека не е море, само дали е до толку лошо, во ред ли е за бањање? Препорака за убаво сместување? Има ли сенки? Ни треба чадор или има лежалки? Песок е секаде? Извини за прашањава Едит: дали е многу топло? Ми рекоа прежешко било не се издржувало... Комарци?
Водата во Дојран е топла, и од тој аспект е идеална за мали деца. Самото езеро е помало од Охридско, помало од море, структирно е такво да има кај (миљ) и многу луѓе па водата не изгледа толку чиста во споредба со море или големо езеро. Има понекогаш треви, кога има ветер или бранови или многу луѓе но тоа не е некој голем проблем, многу луѓе преувеличуваат. Секоја година сум во Дојран, Јули, Август...никогаш немало никакви проблеми до водата да некои се разболат, или имаат алергија или било што друго од водата. Во Дојран има многу луѓе и кога би било така тоа не би можело да се сокрие. За бањане е сосема во ред, и тоа што некогаш има нешо зелено или жолто, тоа е од цветањето на алгите (порано беше и доста корисно, сега веќе не знам). Некои плажи се со песок (барем надвор) пред водата Алекс Бич, Фук Так плажата (на Николиќ лично не сум бил). Некаде има и камења и песок. За лежалки, на споменатите плажи треба да се зафатат порано, или незнам дали има можност да се резервира (ако престојувате во нивни сместувања). Освен на градската, таму има повеќе лежалки, ама и повеќе гужва особено Недела, (незнам како ќе е оваа година) така да поспокојно би ви било на другите помали плажи. Топло е, жешко е, лето е. Секаде е жешко, Дојран е и на мала надморска висина, ама пак има езеро. Комарци има, секако ќе ви треба заштита. Средства против комарци при излегување или за сместувањето ако ви влезе во соба. Некои коментари не се издржани (сепак е индивидуално ) зашто би се покажало ако нешто не е во ред кај повеќе луѓе. Малку подолго, ама ...каде и да одите убаво да си поминете.
Дали некој знае во колку часот има автобуси од Гевгелија до Дојран и обратно и колку е картата? Упорно вртам на ас Гевгелија, но по се изгледа им е исклучен телефонот...
Да на овој вртам 1 недела веќе изгледа им е исклучен скроз...само не знам зошто го ставаат како контакт кога не им е во функција
Ако може да ми кажете за Ступар апартмани, дали се блиску до плажа и дали е погодна за деца најблиската плажа?
Ако е тој апартман што е на крај на стар дојран, да имаат блиску плажа. Исто одма под патот има плажа може да видете ако ви се допаѓа да се бајнеше таму, а малку подоле е плажата фук-так
Викендов го поминавме во Дојран и малку се разочаравме од плажите но дефинитивно НАЈДОБРА беше плажата на фук так.
Во близина на таа плажа се ступар апартмани, можеш и на гоогле мапа да провериш, сега само на нив можам да се сетам од тие што издаваат.