1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    Некој да бил оваа година на одмор во дојран да сподели искуство ? Смештај плажите водата
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Ние одиме скоро секој викенд.
    За цени за смештај не знам да кажам.
    За другото цените се како во помалите градови.
    Лежалка и кафе 100-120 денари. Има сега повеќе средени плажи.
    Градската е океј, Николич не лоша, ама водата е погнасна. Фук- Так имаат плажа која исто е океј, песочна.
    Шеталиштето е средено.
    Крофни од 50 ден нагоре, со гратис сокче некое.:D
    Пици 230-270 макс, големи. Риба ,скара цените се како низ малите градови.
    За 1000 двајца солидно ќе се најадете со нешто жестоко и десерт. Што конкретно те интересира, пиши ми ќе ти пишам.
     
    На Milobebence, mal.ecka и soledad им се допаѓа ова.
  3. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    Уште само кажи ми дали ќе ни биди погодно со дете 3 години и бебе 3 месеци за сенки дали има да можам бебето малку да го носам на плажа ?
     
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Сенки има над градската плажа, по тревните површини. Таму има доста испоседнати.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Фук так плажата не би ти ја препорачала. Надворешно е стварно добро средено, но внатре водата не е . Има делови од патеката останато
    ( бетонски плочи туку там на еден дел), градската плажа кај базентот на романтик е добро дела плитко е , на влезот на стар Дојран имаш плажа спроти гранит паркингот и таа е добра, исто и Алекс бич плажата имаш и сенки од дрва. Оваа година има убаво уредено паркче во стар Дојран со лулашки, клупи, чардаци и во сенка е од дрва.
     
    На soledad и duffi им се допаѓа ова.
  6. BlackSwan22

    BlackSwan22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Cenite za smestaj se poveketo od 1500 denari nagore retko da najdes 1200 ili pod 1000 denari.Za hrana ne e skapo.
     
  7. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.848
    Пол:
    Женски
    Кога бевме пред еден месец се направи убава плажата ,,Stage beach‘‘ во населбата Карач. Дали уште работи, и ако да, колку се лежалките, тогаш не се наплаќаа дека уште не беа официјално отворени.

    Исто барам смештај за од викендов натаму, баш кај населба Карач, но нема ништо слободно, а и не се сите објекти ставени на Booking. Ако има некој контакт од таму нека ми пише.
     
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Стејџ беше таа спори С53 маркетото? Спроти вилите, пред Дојран така?
    Искрено не знам за таму контакт. А и низ Дојран. Види на фб низ групите на Одмор во Македонија.
     
  9. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.848
    Пол:
    Женски
    Да, таму, до кампот.
    Немам фб...ќе се јавам кај што бевме па ако се љубезни да ми дадат број од некој таму.:)
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Да таа плажа е стејџ, убаво средена. Лежалките одат со пијалок, т.е само пијачката ја плаќаш.
     
    На Kolache na mama и duffi им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Дојран не ми се допадна, зборам за делот со плажите.
    Може е само вкус во прашање, ама не ми личи плажа со соѕидано ѕидче а ти во песок демек.
    Кејот и паркот се ок средени. Цените се ок.
    Но тоа е тоа, шеташ, кснуваш и пиеш кафе. За бањање не е искрено.
    Среќа смештајот ни беше феноменален па се изнабањавме во базен.
     
    На KuklickaSk и manako1 им се допаѓа ова.
  12. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Цветче зошто не отидовте до Алекс бич плажата. Таа е убава чиста, плитка за со деца. Или стејџ бар плажата што е.
    Не знам дали бевте во стар Дојран сместени или во вилите што се на излезот на нов Дојран како на рид што се. Ама мислам каде и да сте биле тие две плажи не ви се далеку со кола.
    Во стар Дојран нема убави плажи за бајнење. Овие две плажи ви се меѓу двата Дојрана .
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.665
    Пол:
    Женски
    Во стар дојран бевме после ла тераца уличката десно нагоре..
    Не знам, не ми се бањаше некако таму па си останавме во базен..
     
    На bella12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Teja26

    Teja26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2018
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Женски
    Некој што бил годинава во Дојран да сподели дали се добри плажите и водата, планираме викенд ама незнам каква е состојбата..
     
  15. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Дали бил некој во фук так бунгаловите да сподели како е? Планираме мај да одиме таму на неколку дена. Н очекувам многу, сакам мирна атмосфера и природа и да нема ѓубре. Бонус би било ако нема многу осветлување навечер за да се гледа небото.
     
  16. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    Дајте инфо за фук так бунагловите со дете 4 год. Јас плус трудна. Во Дојран не сум била со години,ми треба инфо дали е чисто ,на слики изгледа сосем ок, храна во ресторанот како е ? И дали е за со дете ок ? Или некоја друга алтернатива со позитивно искуство? Фала
     
  17. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Чисти се бунгаловите, но далеку од центар. Имаат и соби за издавање над кафаната, во центар се тие.
    Храната во кафана исто е добра, од скара до риба, чорба. Има и дел за деца, но надвор е.
    Во центарот имаш игралиште за деца со лулашки, парк со летниковци. За викенд ако сте има отворено по самото шеталиште тезги со играчки, тезги крофни, сладолед што продаваат.
    Преко неделата уште е мирно нема многу гужва од туристи како во недела.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    Фала ти Бела на информациите.
    Ќе идеме на 10 дена ,па затоа се туфкам што и како ќе биде.
     
  19. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    Бумгаловите се како во шумичка, зеленило, дрвца. Таман да не ви е жешко. Од следната недела ќе се стопли времето.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. farahfarah

    farahfarah Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Dali ima nekoja clenka od dojran sakame da odime vikendo davaat mnogu Stepeni ama dali ima nekoj koj se kapat da ne bide za djabe odenjeto