знаЧи Читам и немозам да поверувам 7 дена нокевање во дојран во апартман е околу 150 евра? исто колку сто е во паралиа во грција?? аман бе дојран да не е атина? а всусност е едно големо село.
Jac лани бев и да ти кажам Дојран е многу мирно место онака како за постари,фамилијарни луѓе,нема некои којзнае какви журки.На плажата имаше неколку кафиќи така со музика и мини ресторани за пица.Инаку ако сакаш да си слушаш гласна музика од која јачи цел Дојран немора никаде да излегуваш седи си во апартманот каде што си сместена и без престан ќе си го слушаш Слаткар со неговата FM (од циркузот 24/7 се слушаше таа песна ) Па...убав помин
Се надевам дека убаво ќе си поминеме... Ако има некој овде од Дојран, би сакала да прашам каде се наоѓа автобуската станица, во стар или нов Дојран, и точно во кој дел? Би сакала да прашам и кои поголеми маркети ги има во Стар Дојран и каде се наоѓаат?
Па ќе видиш таму ко ке појдеш не можеме ние напамет да ти кажеме од овде.Се` е на едно место и автобуска и маркети и се`.Не е Лас Вегас,мало е местото нема потреба од вакви припреми (Нема да се изгубите или неснајдете и да сакате )
Во Нов Дојран автобуската се наоѓа веднаш до паркот,тоа е во центарот,а во Стар Дојран веднаш под кафичите кај Тобако, во Стар Дојран има маркет Македонија и се наоѓа на почетокот на Стар Дојран.
девојки од непредвидени трошоци ми пропаднаа сите планови за одмор па решивме да идеме дојран, зашо е ефтино, ама сакаме да идеме у камп...па ако знаете како иде закажѕвање...ако уствари успееме да најдеме место сега, да ме известете? едит:или пак некој број од поефтино приватно сместување
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Ind ... 0656&Idx=3 http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Ind ... 656&Idx=10
Искрено не би ти препорачала камп.Едни другарки кои беа за мајот сместени во камп многу се жалеа.Многу гнасно било
За Дојран и јас потврдувам дека е доста посреден од тоа што беше. Водата е надојдена, сеа треба едно 5 метри да одиш по водата за да стигнеш до длабокото, но ништо страшно. За сместување има едни прекрасни апартмани кои беа над 2000 ден. но стварно беа прекрасни. Имаше и од 1500, па во куќа со ТВ 1300. За собите цените се од 200 до 250 ден. Има доста луѓе кои чекаат надвор - кај Партизан некаде и ве прашуваат за сместување. Ако сака некој да праша нешто околу сместувањето, нека ми пише ЛП за да не испадне дека го рекламирам. Има три плажи. Едната е таа Партизан која и не е баш плажа, трева е. После неа на десетина мин. има уште една која и не е баш многу посетена и на крај Градската плажа која до 9 часот е преполна. За на Градска не е лошо и накај 7 да си станете и да си фатите добро место. Има тука на плажата како шанк да го наречам и од тука пуштаат цело време музика. Добро е и за семеен и за одмор со пријатели. Ние кога бевме го начекавме и Пиво Фестот, а и имаше доста млади.
На туристички план Дојран пред неколку години почна да функционира,интересно е ,убаво,со свои убавини,но мислам дека претеруваат со цените! Сакаат преку ноќ да придобијат колку што можат повеќе! Но тоа е,сепак за разлика од пред неколку години и сега,многу е променет,на добро,но фали уштее многуу за да го достигне тоа што го бараат!
На мене баш и не ми се допаѓа во Дојран... Водата и не е баш чиста, а кога и да одиш нема каде игла да падне, буквално. Не сум тип што ги сака гужвите А и да, цените се мноогу високи, за тоа што и не е до толку убав Дојран. Многу сакаме ние македонците, еве и во Охрид се ептен високи цените, навистина, за тие пари можеш да одиш некаде надвор на одмор, пример Грција или било што. Немора да си 10 дена, биди 7 или 5 но барем да знаеш дека убаво си поминал.
^ јас не би се согласила дека во Дојран се високи цените, освен ако за 1 година успеале да ги зголемат во енормни размери . Јас бев лани во ек на сезона, крај на јули, бев 8 дена. За престој плаќавме по 300 денари ( искрено, се надевавме дека ќе најдеме за поефтино ), но затоа се останато беше ефтино. Па се отепав од јадење по пицерии и ресторани бре, секој ден по два пати. Пиците беа околу 100 денари ( средна големина), порција палачинки 80 денари , исто и кафето и пијачките беа ефтини. Од плажите ми се допадна само градската плажа, иако беше малку подалеку од местото каде што бевме сместени, одевме само таму. Неколку пати се зафркнавме од сабајле отидовме на плажа Партизан и на тие останатите ( не се сеќавам на имињата ), но кога видовме во каква состојба се ( катастрофална ), патот под нозе и оп на градската . Е таму беше многу убаво. Луѓе - еден куп, и млади, и стари, песок, водата - топла, претопла, имаше сламени чадори, лежалки, на крајот од плажата имаше и дрва за оние кои сакаат да си седат под сенка цел ден. Се на се, ми се допадна, и би отишла пак, оваа година не, али другата сигурно !
Во Дојран водата многу ми е гадна, матна фууј. Ама па лековита е . Плажите не ми се свиѓаа пред 2 години цели беа со искршени школки рани цели стапала ми беа. Ама од водата ми се исчисти цело лице .
се токмев да одам со дечкоми барем на еден викенд да видам како е дури се распрашав за смештај,се додека моја другарка не ми ги кажа нејзините гадни импресии од местово и просто не сакав ни на еден ден да одам не на викенд
Бев пред една недела и право да ви кажам стварно се одморив.Физички и психички.Незнам зошто толку го критикувате?
јас во дојран бев пред едно 4-5 години и водата беше катастрофално плитка но сепак многу го сакам дојран за срцето ми е залепено.Сакам да прашам дали цените лани се движе 200-300 денари од човек или од соба, за да знам дали да барам камп од тетин ми , камповите од арм 500 денари од ноќ цел камп летово идам со другарките