Како мала секоја година одев со моите родители во Дојран одевме на 1 Авгус и бевме таму едно 15 дена... Памтам симаптија ми беше на пријателите синот и ја намерно ја фрлив влечката во езетото за тој да ја извади
Бев еднашка и ми се допадна , пред се што е мало место , мирно , само едно ми сметаше проклетите комарци
Па вака јас сум од Дојран и може да ви кажам дека сега градската плажа ја реновираат има песок стваија чадори лулашки за деца водате е надојдена последниве некулку дена е,со еден збор супер е ! Па повелете летото во Дојран сега прескаа од комарци ги има значително помалку па ке можете максимално да уживате.
Идам секоја година, ради тоа што е мирно и мало место. Со другари се шетаме до колку сакаме кај сакаме, добро немаме многу избор за шетање, ама барем посигурни сме. А во Охрид е поголемо и подиво место нели. Оваа година пак кидам, по се изгледа. Инаку ми е интересно тоа во продавниците шо после 21 алкохол го продаваат а 5 денари поскапо. Мене м исе допаѓа многу местово, за дете од 14 години повеќе од супер е.
Планирам во август да одам Дојран...највероватно со друштво..па ме интересира да ми кажете како се движат цените на сместувањето...дали има каде да се излегува навечер..
Во Дојран сум била само еднаш кога сум била мала и не се сеќавам баш убаво како беше, ама моите ми кажуваат дека сме си поминале топ. И водата била убава
Собите се околу 300-350 денари. Дојран нема бурен ноќен живот. Има неколку кафичи покрај плажа, не се лоши, има 2-3 ресторанчиња и една балерина за вртење . Ама мене лично ми се бендисува многу Дојран. Ефтино е доста, мирно, тивко, мало, а пред се го сакам заради езерската вода. Мнoгу е лековитa, јас се имав исечено на раката и тоа прилично многу и за еден ден што го поминав во вода, раната почна да се затвора полека.
Уффф кога ќе се сетам само какви празници сме извадиле таму. 1-2мај, 1август, абе убавини. Зезање, журкање до рано наутро и тука денот продолжува, па нормално спиење нема. Одевме со комбиња, цело друштво, со озвучение, миксети и триста чуда. Беа тоа вистински празнични денови. На капење сум била пред едно 4 можеби 5години, но многу ми беше спарно на тревата, па сфатив дека не можам баш да издржам. Потоа си одевме на кафе, сокче, на плажа, така веќе ни беше попријатно иако верувам дека на плажите со песок е подруго. Последно бев пред еден месец, уште немаше гужва, но работеа , го средуваа градот. Здравје планирам кон крајот на месецов пак да отидам.
Ех Дојран Дојран Колку само спомени имам од таму како мала.Одевме фамилијарно ,ќе се соберевме сите роднини од сите страни и тап ,таму ни беше збирното место. Иако имаме викенд-куќа не сум била па добри 4 години. А, баш ми се оди !Слушам од година во година се подобро и подобро го прават,нон-стоп се гради нешто, посебно врие во август. Се надевам ова лето ќе одвојам неколку дена и ќе отидам, баш ќе добро за малку рехабилитација пред почетокот на факс-от.
еј ме израдува ова дека прскале против комарци , ја не одам само ради нив , ми е страв од кога едно девојче што го касна дојрански комарец заврши у хитна
немаат прскано против комарци годинава ??? па најавуваа !!!! сакаме да отидеме 1 2 викенди во август ради лековитоста на алгите (ако уште има алги)
Има некој кој што бил на викед во Дојран во оние приватните апартмани .....Може да ми објасни подетално ?
И мене ме интересира нешто околу приватното сместување во Дојран, ако може некој што бил скоро, да пише. Благодарам!
И ние сакаме викендов да одиме за Дојран, само уште немаме најдено сместување, ниту пак знаеме како се движат цените оваа година. Ај ако знае некој нешто или бил скоро нека пише тука или пак нека ми прати ЛП.
Има комарци колку сакаш (само што се вратија едни мои пријатели кои заглавија со детето со бронхитис и еве го сега на инфузии) ни Аутан ни ништо не ги спасило. Бидејќи нели пореметена е климата алгите цветале порано во Јули. Рекоа дека е навистина така затоа што во езерото се гледале расцветани ... ...незнам, битно се испожалија и живи разочарани. Приватно сместување 600ден.
Јас бев во Дојран со дечко ми и уште еден пар и не ми се баш многу допадна. Останавме четири дена и едвај чекав да се вратам дома. Алги имаше премногу... БЉАК! Ама ич не ми се допадна водата, некако ми беше гадна! Комарците лом не направија не помогна ништо ниту пак Аутан. Дури мислам и повеќе доаѓаа кога ќе си ставевме Аутан!