1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Јас кога одам за Дојран најчесто се бајнам во некој од базените таму или Полин или Истатов.Во езерото не ми се влегува треви , алги и по малку школкии.Што знам па и не е многу ефтин смештајот од 500 до 600 денари за човек па за тие пари јас и за Грција ќе одам и 100 пати поубавоо.
     
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Нека ми каже некој како да отидам до Дојран, (иначе од Скопје сум) а да ми се фати евтино :) ?
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.468
    Ова ќе ми биде мислам трета или четврта година како одам во Дојран. По втор пат ќе бидеме сместени во истата вила, супер апартманче ќе имаме, а и газдите се ептен фини, срцки. :) А и знам дека не е многу скапо, ама незнам колку точно беше. Инаку првата година кога отидовме беше ептен пусто, а и немаше надојдено вода во езерото, а после како што одевме секоја година, имаше и вода а и се отворија нови кафичи а и плажата беше подобрена. Дојран како Дојран е фино, мало местенце, топло си е, само ми пречи што нема места за излегување, а и додека влезеш подлабоко во водата ќе се изнаодиш а патем и нозете ќе си ги испосечеш од камењата и разно разните чуда долу што ужасно боцкаат. Ама знам дека водата и калта од Дојранско Езеро се лековити, за водава сум сигурна уствари :)
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Абе се убаво за Дојран, немам забелешка посебно не во уредувањето и тоа колку се трудат да го повратат во живот.
    НО :!: 600ден за смештај WTF :o абе на море е поефтино... претеруваат навистина, па не се станува милионер преку ноќ :^)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    Што им е на овие бре,600ден :tmi: ,па во Охрид смештајот е 350ден. и во Грција дури.
    Да,и Дојран е убаво место за одмор,но бидејќи јас сум од Струмица ми е блиску ќе го посетам барем на еден ден :clap:
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Убаво е ама водата не е е чиста.....
     
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    можеби не е чиста, но слушнав дека е лековита..
     
  8. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Како што прочитав, плажите во Дојран се подобрени. Сум била во Дојран пред 3-4 години единствен проблем ми е водата со агли, знам дека е лековита но сепак многу ми е гнасно. Ќе одиме фамилијарно па се двоумиме. :?:
    Охрид или Дојран?
    Предлог? :)
    Инаку ќе одиме накај 15-17 Август.
     
  9. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Па можеш со автобус , 650 ден, мислам повратна карта е, јас лани бев, сместување во Стар Дојран близу до градската плажа( нема ни 5 мин. пешки) е 300 ден.
    Во маркетот и на пазарот цените ти се исто како во нашиве маркети.
    Мои пријатели баш сега прашуваа да одат, исто 300 ден. по човек во куќа е.
    Не знам од кај цениве 500, 600 ден. :^)
     
  10. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Па јас мислам Дојран ти е подобрар избор. Јас лично Охрид не го сакам баш, има се градот и места за шетање има што да се види, ама односот на луѓето не ми се допаѓа и тоа што е скапо.
    Во Дојран ќе си поминеш дупло поефтино а освен тоа и алгите се тој период и лековити се. :)
     
    На Lady17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kalina10

    Kalina10 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    И ние сакаме фамилијарно да одиме во Дојран некаде од кај 8ми, 10ти Август. Е сега слушнав некои муабети, демек алгите цветале сега (како резултат на климатските промени). Па ме интересира колку има вистина во ова, ако има некој од Дојран нека пише, или пак некој што скоро бил во Дојран на летување.
     
  12. milenna.torres

    milenna.torres Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    120
    толку ми е гадно што седам само на ,,плажата,, и гледам колку е чиста истата....колку хигиена се одржува не можам да ви објаснам...шишиња на сите страни,кеси,хартии уфф не можам да поднесам :@
     
  13. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Ало, Охрид не се споредува со Дојран.. мој предлог ти е Охрид и повеќе ноќен живот, забави со пена.. убави плажи..
    И ич не го сакам Дојран..
     
    На Lady17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во Дојран не сум била можеби 15 години, од кога сестра ми како мала имаше проблеми со дишењето, па моите не носеа таму заради лековитата вода.
    Не се сеќавам каков беше градот, а и многу време помина од мојата последна посета. Сигурно сега е многу изменет.
    Мојов сега запнал да одиме до Дојран неколку дена, чисто да прошетаме, не одиме за бањање.
    Па едно прашање: Во хотелот на ЕВН бил некој?
     
  15. T-cent

    T-cent Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    12
    Во Дојран одев кога бев малечка ме носеа моите демек водата лековита, и одевме некои 5 години со ред.. имаме бидено во хотелот на ЕВН ама не можам да се сетам на ништо посебно за да ти кажам оти бев малечка... Иначе и ниее така се мислевме, слушавме дека Дојран бил мн среден последните години , па минатата година отидовме на викенд таму И кога видоф што да видам ИСТ Е нема ништо посебно средено освен улицата малце е подсредена таа главната, а плажите се катастрофа, ѓубре на секаде да ти се згрози.
    Па како се погоде гужви тие дена, па едни не писмени зедоја ги залепиа крпите до нашите , уште фалеше да дојдат и да легнат на моите ..... И така видоф колку е Дојран среден и повеќе и да ми плаќаат не одам !
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.468
    Гледав прогноза на интернет за Дојран, периодот од осми па натака (иако незнам колку е точна уште од сега) и топличко ќе биде фала богу :wasntme: ,ух одвај чекам да одам, не за друго, туку за да ги оттргнам мисливе од се што ме мачи тука, и да се одморам малку од градов. И најдобриот дел ми е што ќе се излежавам на плажа и ќе поцрнам.. at last! :)
     
  17. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Охрид!!! :inlove:
    Сум била и во Дојран и во Охрид но дефинитивно на Охрид ни еден град во Македонија не му е рамен.Во Август во Дојран има најмногу гужва бидејќи тогаш излегуваат алките и сите одат таму на лекување а и исто така не е ништо посебно ,а за цените баш сега ги читам мислењата по горе и останав со отворена уста ,600 денари од човек :fubar: (заборавиле дека ова е Македонија ) со овие пари на море се оди а во Охрид зависи од хотелот обично таму се 500 денари од ноќевање а приватните сместувања се обично 400-500 од човек (најчесто 400)
     
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Не се 500 - 600, добро можеби има и такви. Другар се врати пред 3-4 дена, нашле сместување за 300 денари, а таму нагоре, значи во подалечните куќи имало дури и за 250 ден. Условите какви се не знам.
     
  19. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Незнам јас колку се али како што читав погоре и од 600 сместување имало :fubar: :fubar: :fubar:
     
  20. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Во Дојран никогаш не сум била на одмор, ама бидејќи ми е доста блиску сум одела за празници кога е фул и морам да кажам дека е КАТАСТРОФА. Ете, тоа е најдобриот збор да се опишат условите таму. На втори август пред две години од што имаше толку многу луѓе, верувајте или не, водата беше жолта, плажите се катастрофални, значи ниту се чисти, ниту се средени, а условите во куќите каде што изнајмуваат соби се многу лоши. Да, може да се најде ефтино, може има и посредени и понови објекти, но тоа што го имам видено упатува на тоа дека луѓето што издаваат соби секоја година гледаат само да си земат пари, а ни денар од тие пари не вложуваат во подобрување на условите. Друго што не ми се допаѓа е дека е многу на угорница гратчето, значи дури да си одиш од плажа до апартманот по жешкото ќе зажалиш што воопшто си заминал на плажа, па мора да се враќаш. Абе, тортура е тоа.
    Е сега, дека има многу туристи, има, најверојатно поради пониските цени во споредба со другите туристички места во државата, но мене лично не ми се допаѓа. Се разбира ова е индивидуално, може за некого Дојран е најубавото место на светот. :)
    Само мислам дека ноќниот живот е добар, колку што имам слушано и видено.
    Друга работа што мора да ја знаете кога ќе одите во Дојран е дека може и да поминете многу непреспиени ноќи во борба со комарците, кои ги има во изобилство таму.
    Пријатен одмор. :D

    ЕДИТ: Читам за цените, и да, има и такви што бараат 500-600 ден од човек, ама дефинитивно им фали нешто на тие луѓе. Само што се вратив од море, плаќавме 25 евра од вечер, апартман за 4 луѓе, што доаѓа некаде помалку од 400 ден по човек. Апартманот беше голем, чист, нов, убав, на само една минута од плажата. :)