1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Дојран, верувајте дека не е истиот Дојран како што беше пред многу години. Јас бев таму со друштво пред неколку месеци и можам да ви кажам дека е многу , значи преубаво направено. Водата е многу надојдена, изградени се шеталишта покрај плажата за пешаци, велосипедисти и за луѓе во количка. Хотелите ги реновирале, исто така и плажите, сум се изненадила дека немаше ниту едно ѓубренце, хартија, шишиња сето тоа беше исчистено. Стварно немам зборови..... мислам дека не треба да има споредување на еден со друг град , бидејќи секој на свој начин си е убав. Да не ме сфатите погрешно, но мене и без пари да ми нудат одмор во Охрид не би одела. Вистина дека Охрид е поголем град од Дојран, но со цените претеруваат.. за тие пари може да се оди и во Грција и тоа што во Грција е море , а во Охрид езеро. А пак втората причина е водата. Премногу е ладна барем за мене, а мислам дека и толку ладана вода за женските не се препорачува.
    Додека пак во Дојран водата е многу здрава, но не само водата туку и воздухот што го дишеме. Сум слушала дека многу луѓе оделе за да се излечат особено оние кои боледувале од крајници, реума или пак имаат некои рани. Во месец август е најдобро, бидејќи тогаш цветаат алгите и не дека водата е нечиста....туку самите цветови на алгите ја испуштаат таа боја.
    Некои велат дека има комарци, но оваа година прскале против комарци и ги немало толку многу. А и тој проблем се решава,денеска има толку многу препатати ќе се намачкате со Аутан и готово.
    Јас сега кон крајот на август планирам да отидам ...па макар и на само 5 дена. :)
     
  2. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Ние бевме летово во Дојран, 6 дена и мислам дека ако треба да одам повторно некаде во Македонија на езеро пак би го исбрала Дојран. Градот е ептен среден, со забава за деца и возрасни, навистина е преубаво навечер. Има каде и да седнеш на јадење, со пристојни цени, а има и каде да го однесеш детето да се забавува.
    А за преку ден, плажите се средени, водата надојдена, топла. Тие што се со мали деца можат слободно да ги пуштат децата да се бањаат цел ден без да ги молат и викаат да излезат. на секоја плажа има кафич или ресторанче, па ако ти се здосади од сончање и бањање има каде да си седнеш и кулираш.
    Комарци има, но ако се намачкаш со Аутан ништо не ти можат. Нас ниту еден не не касна.
    Топло ви го препорачува Дојран!!!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Лани,на враќање од Бугарија,отидовме за Дојран и право да ви кажам - задоволна сум ама и не сум.Пошо,убаво е средено,има добар ноќен живот али водата бре БАРА! Ако би одела некаде во Македонија на одмор тоа би било Охрид. :|
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас морам да си кажам дека сум мошне пријатно изненадена од Дојран.
    Го немав посетено повеќе од 10 години и сликата која тогаш ја меморирав, целосно е сменета.
    Градот е живнат, плажите се преполни, човек не може место да најде. Има пекари, ресторани, кафичи, пицерии, еден куп тезги со дрангулии. Шеталиштето е многу убаво направено и мислиш дека си на море кога ги гледаш палмите и леандрите. Цените не се многу скапи, ние ретко јадевме дома, цело време бевме по пекарите и ресторантите.
    Езерото како езеро - не можат да го сменат. Водата си е природно матна, ама доста е надојдено езерото. Јас памтам дека за да стигнеме до него требаше многу да одиме, затоа што последен пат кога бев, беше повлечено. Деца си се шлапкаат, водата топла, дури за мој вкус - претопла. Не знам, можеби сум навикната на охридско, ама некои денови кога беше потопло времето, буквално се гушев во вода. Не можев да се разладам.
    Некои денови одевме на базентот во Полин, убаво беше среден, само требаше малку да го зачистат. Имаше и џакузи, над базентот има ресторан, па после пливање одевме на ручек и пак се враќавме долу во базен со кафе. Градскиот базен не беше во функција, а не знам зошто кога е многу убав базен, само треба да го потсредат.

    Има уште да се средува во градот, но од она што го памтам, тргнала работата колку толку.
    Ние бевме сместени во велешката вила на ЕВН и еве ви препорачувам престој таму, супер беше. Без клима не се спиеше, многу беше топло времето, па ја остававме да работи и кога одевме на плажа. Апартманите имаат и телевизори кои до душа повеќе фаќаат грчки програми отколку македонски, ама даваат интересни филмови за кои не ви треба превод. Кујните се целосно нови, купатилата исто, а погледот кон езерото е прекрасен.

    И уште еден совет - без Аутан во Дојран не тргнувајте.
    Приметив дека цените на таквите производи се доста повисоки отколку во Скопје, за 40-50 денари, така што понесете си од дома. Јас Аутанот го испробав покрај езеро на ноќно ловење риби и ниту едно комарче не ме касна :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Како се движат цените во хотелите во Дојран? Дали можеби е поефтино од охрид или исто?
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Бев летово и да ви кажам ефтино и храна, пијалоци, облека. Водата е многу убава, топла. Може да искористите и возење со брод.
     
  7. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Има туристи во септември на плажата??? :?:

    Сите идат во сезона јас сакам на крај на летото. :tmi:
    Сакам да одам со дечко ми едно 5-6 дена од кај 14-ти септември, само се двоумам да не бидеме само ние двајца на плажа :D
    Дај советувајте ме дали да планирам да идам или воопшто да не помислувам, а и времево не знам какво ќе биде до тогаш....
     
  8. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Требаше да дојтете времето беше топло а имаше и доста луѓе
     
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Претходнот лето беше добра сезона. Имаше доста народ. Комарци нема толку многу колку што имаше порано. И доста е направено во Дојран. Само уште ноќниот живот малку повеќе да се среди и топ ќе биде.

    И уште нешто...заинтересирани за смештај или инфо за Дојран нека ме контактираат.
     
  10. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Во Дојран би сакала да одам годинава онака за викенди,да одморам.Сепак цените се пристапни и не е далеку за да се помине на плажа убаво. :) Плус таму ми е најтопло и најубаво. :)
     
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    2.472
    колку пари отприлика е сместувањето?
     
  12. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    350 - 400 од лице
     
  13. olgica258

    olgica258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    де некој што бил деновиве или ако знае дали има сега туристи :)
     
  14. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    полно е со луѓе повелете .. :D :lol:
     
  15. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Како го разубавија Дојран, така и ги дигнаа сите цени. Ние лани плаќавме 750 ден. за апартманче, оваа година во август било 1200!!! 20 евра е премногу за Дојран, искрено.
    Ние лани бевме во едно апартмалнче скоро на излез на Дојран, мирно местенце, само за пешки далеку беше до центар (посебно со мало дете). Оваа година бараме нешто по накај центар. ако има некој што издава слободно нека ми пише пп.
     
  16. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Добро бе нормални ли се??????????? Им се чудам на луѓево како даваат пари за во Дојран! Во мај бевме со маж ми во Валандово и ај на прошетка до Дојран. Убаво, средено се, гледам доста е вложено, ама таа водата. Абе пена по целиот брег, и миризбата што излегуваше од неа.... што да кажам!!! Незнам ама јас таму никогаш не би влегла. Таму не вреди 200 денари а не па 350-400. :worried:ilent:
     
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Искрено, не би дала 400 денари за вечер. Бев скоро на еден ден, ама воопшто не ми се допадна. Средено е, тоа да, ама водата :x на страна тоа што е убава кога цветаат алгите. За овие пари подобро би отишла во Бугарија, барем ќе сум на море :)
     
  18. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    А во кој дел од летото е убава водата? :wasntme:
     
  19. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Кога е убава незнам, ама пробај отиди на пролет тогаш ќе ти се згади од неа верувај!!! ;)
     
  20. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420

    Невелам дека е идеално но навистина омаловажуваш со цениве или немаш осет .Ако нешто нечини и џабе да е нема да чини како место .Не сум го посетил Дојран одамна но по она што го гледам виртуелно е за почит дека се трудат да биде убаво .Толку песимист луѓе има Македонци до немај каде и назад ]:) .За џабе да им биде понудено ке биде најдобро а вака само ке мрчат .Да не било толку убаво нема последниве години да се вратат толку туристи на тоа место ,се работи полека но иде-ло во добра позитива и со инвестиции и развој .Цените се тие горе доле ,тој тип на одмор го практикуваат повеке фамиљарни луѓе ,со мали дечиња (бидеји е топла водата и лековита поради алгите ) .На кој му одговара нека отиде таму а кој сака нешто повеќе нека си оди на др место.И тие луѓе што изнајмуваат таму соби плаќаат даноци итн како и во охрид и берово (во берово е околу 600 ден, зарем тоа треба да спореди со бугарија и зимските центри таму |( но убавината што ја имаме во Македонија несакаме да ја цениме,почитуваме и платиме ,ке дојде денот кога странците ке господарат со се убаво кај нас.Како во црна гора што е луксуз за црногорците да одат на море поради имеријата руска што ги надвладеа со пари -им ги даде и плати во имот-и,сега им ги зема назад полека долгорочно) ... .Сакаме ефтино а да е се убаво е тоа некако ми нема смисла .Колку пари толку музика е во врска со престојот .ПРИСТОЈНОСТ се бара и добива таму и во МКД ! :fubar: Езерскиот одмор е поинаков ,посебно во мал град како Дојран,се знае колку забава (ова за младите ) би имало таму .Но за психички одмор со добро друштво на секому би му годело .Некој ако има очекувања дека во летниот одмор ке му се случи некој пресврт во животот се лаже .Се е до човеко колку и како сака да го помине таканаречениот одмор .А сепак е поефтино од било каде ! :!:
     
    На crazylady, Hipster, Pocahontas.93 и 5 други им се допаѓа ова.