Убав е Дојран во зима за уживање на сонце и чист воздух. Во лето, само ако е преноќиште за накај Грција... Премногу гужва, лоша музика, комарцииииииии , езеро во кое не би влегла да се бањам...
Издавам соби во Дојран. Кој е заинтересиран еве ФБ профил и слики па нека ми пише. https://www.facebook.com/profile.php?id=100005981220973 Башка и летото нова плажа ќе има.
Леле јас сум престојувала кај вас во вилата. Еве препорака од мене. Нема да зажалите. Сме си поминале феноменално. Презадоволни сме. Се надевам дека оваа година ќе ви дојдеме пак. Поздрав.
често го посетуваме дојран, дека и блиско ни е... инаку како градче многу ми се допаѓа мене, многу мирно место, башка и синчето многу го сака, кога сме таму, после тоа 3-4 дена по ред убаво спие минатото лето и на одмор бевме таму, спиевме во партизан, во бунголовите, од нивната услуга сум задоволна и тоа премногу... е сега за ноќен живот кога бев лани, ми се допадна, за преку годината, нема ништо отворено, баш бев пред еден месец на викенд и не видов ништо, тоа е лошо, а за одмор со деца е супер место, мирно и тивко, сега водата што не е чиста тоа е друга работа, ама затоа пак ние одевме на плажа од 7 до 10 и после од 5 па натака, и пак не беше којзнае што гнасна... се на се убаво место и редно време беше да го средат и него малце, и даа, ќе заборавев да кажам, најмногу од се сум воодушевена од црквата, премногу ми е убава ме интересира само дали кршеваат и венчаваат во неа
Па нормално е дека ќе биде убаво. После 5 години им текна да работат. Новиот градоначалник добро работи. Т.е. Грујо одозгоре му диктира и овој прави. Пешачка патека од Нов до Стар Дојран. Плажата ќе бие готова до летото. Бар така викаат. Дај боже да е. Е едино што треба да направат е некоја дискотека во стилот на Де Факто во Гевгелија или Селект во Струмица. Идат многу млади во Дојра. Скопјани има многу, Геевгелија цела е во Дојран, исто и Струмица. А да не зборам за Богданци, Валандово и селава од околу што се. А кога ќе ја направат футуристичката плажа, атракција во Македонија ќе биде.
Проектот за футуристичката плажа (веројатно за таа мислиш) нема да биде овоа лето. Тек за 2-3 години може да биде. Али и оваа сега плажа што ќе ја градат ќе биде добра.
Ако може име или линк за тоа сместување, колку близу до езерото,која плажа?Ние сакаме со малото да идеме ќе биде 10-11 месеци па баш ми треба вакво нешто.Фала однапред
Колку отприлика се движат цените за ноќевање во Дојран не во хотел, онака во обични соби, за 3-4 дена
Сега гледам на страната и нема никакви информации ни цени, ни слики, ништо.. дајте некој линк, број некаде за сместување, нешто по ефтино.. Јас како мала одев секој илинден со моите и секогаш бевме во иста куќа, ептен живеевме со луѓето,ама еве повеќе од 10 години не сум била и незнам како е сега.. Читам дека во Црвен Крст-Дојран имало смештај ама незнам дали ги издаваат или е само за волонтери ако некој знае нешто повеќе нека пише.
Еве повели .... http://www.ajdenaodmor.mk/makedonija?grad=523&smestuvanje=1 Јас бев во вила лето близу до градска плажа и ми беше нај нај убаво!!!