1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До Балчак (To the Hilt) [2014]

Дискусија во 'Филмови' започната од mamma-mia, 20 септември 2014.

  1. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    До Балчак“ е најновото филмско остварување на македонскиот режисер Столе Попов. Би го класифицирала како не толку тешка (романтична) драма испреплетена со историски елементи. Сценариото е пишувано од маестралниот драматург- Горан Стефановски, за кинематографијата е задолжен Апостол Трпевски. Во главните улоги се појавуваат: Инти Шрај како Тереза, Сашко Коцев како Крсто и Мартин Јорданоски во улогата на Филип. Другите улоги ги толкуваат: Тони Михајловски, Дениз Абдула, Предраг Манојловиќ, Никола Ристановски, Горазд Цветковски, Сенко Велинов, Јовица Михајловски и други.

    Дејството се одвива во првата деценија на 20ти век. Македонски комита, турски офицер, млад човек и дама од Англија. Четириаголник. Борба за сопствен идентитет, слобода и правда. Приказна за лажниот морал и (не)човечноста.

    [​IMG]

    Филмот треба да биде македонски кандидат за Оскар. Морам да се надополнам и за музиката- совршенство. Дуке Бојаџиев :bow: Премиерата беше на 35то издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Скопската премиера се очекува во октомври, а Битола во редовна проекција е пуштен токму од денес, 20 септември. Сте го погледнале? Или имате во план?

    http://www.youtube.com/watch?v=35q1sKuUypw

    Јас не влегов со некои високи очекувања, но ниту излегов од проекцијата изненадена. Просечен филм, го сместувам на иста линија со „Трето полувреме“ и покрај сосема различното дејство. Кастингот е добар, дијалозите непредвидливи, фотографијата е одлична, има некои непотребни сцени, музиката повторно ќе нагласам- совршенство, ама нема душа. Барем за мене.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.147
    Да сакам да го гледам, ќе ја чекам проекцијата во Скопје, па ќе коментирам после.
    Само со секој нов филм се надеваме дека ќе бидеме забележани надвор, ќе не сфатат малку посериозно и на тоа поле. Ама некако потешко ни оди.
     
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.711
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмот кога беше премиерата.Да филмот мене ми се допадна,а и филмот е еден вид алегорија.
    Тереза всушност е преставена како Франција,а Филип и Крсто како Македонија,а тој американецот шо го глумеше Никола Којо ја претставуваше Америка,а возачот шо на крајот ја носеше Тереза дома ја претставува Англија,а бегот Музафер ја преставуваше Турција.Филмот е со пораки,кој внимателно ќе го гледа,ќе ги сфати пораките.Па вака јас мислам дека ги сфатив метафорите прикажани преку ликовите.Франција е преставена како ..... која сите сака да ги зафркне,да ги сврти околу малиот прст,Турција е преставена како бавчарка,то ест сака да ја одзема честа на невините жени,тоа што го правеа во текот на тие 500 години,а и теророт што го вршеа исто така.Америка е преставена демек на сите му вели дојдете тука,има пари,има мир,не се борете кога можете спокојно да живеете,ќе најдете богатство.А секаде е исто,секаде е тешко,секаде е криминал,секаде убиства,мирна земја има ли?Го лажи народот,а со тоа е прикажано кога тој американецот го стави фесот на главата и кажуваше демек бил пола Турчин,за да се спаси и ги излажа македонските револуционери дека ќе ги носи во Америка на поубаво,а тој никаде не ги носеше.И кај ги однесе?На смрт.Турците ги испотепаа.Англичанецот што на крајот ја возеше Тереза до Солун,а и Крсто и Филип,ја преставуваше Англија која секогаш стоела настрана и ги убедувала другите вака-така,ти реков ми рече.Затоа македончињата наши кога видоа дека подобро е да останат да се борат до крај,без разлика дали ќе победат или не,излегоа од автомобилот и продолжија во борбата со турците.Не се предадоа!Се бореа до крај!А тоа што на крајот се дозна дека бегот Музафер и младиот Филип се полубраќа,всушност се покажува дека Турција и Македонија имаат заеднички работи,како што е на пример дел од турскиот речник,некои зборови,благодарение на нивното 5 вековно присуство,ги има и во македонскиот,како турцизми.Денес да ни речи некој турчин бујрум,ќе сфатиме дека ни вели повели,итн.
    Многу си се разборав јас,ама ако :D
    Имаше и малку смешни моменти,но посебно ми се допадна пијаниот револуционер кој го глумеше Драган Спасов Дац,кој само велеше:А мајка ти млада е?...и така си умре пред турците:А мајките млади ви се? :D
     
    На cresa-jagoda, Play и mamma-mia им се допаѓа ова.
  4. marko.iv

    marko.iv Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ГРАТИС влезници за филмот „До Балчак“

    Се доделуваат влезници за филмот До Балчак - кино милениум, вечер 20:00 часот. Кој сака да иде може да се пријави: http://on.fb.me/ZLropr :)
     
  5. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Тотално промаршување од филм... Какво разочарување... Очекував многу повеќе од сценариото, знаејќи дека е на Горан Стефановски.

    Филмот по мое видување немаше ни содржина, ни поента. Комплетно бесмислени дијалози, тук-таму по некоја несмислена шега, многу пцуење, беспотребно нафрлена голотија (колку само да ја има).

    Навистина не гледам зошто имаше потреба од сцена од цели 2 минути скокање на 20-тина голи мажи, кога истата не беше никако поврзана со приказната (ако воопшто имаше приказна филмот).

    Македонците - претставени како алкохолизирани муви без глави. Половина се самоубија, половина тргнаа за Америка, арно ама кога ги пресретнаа Турци, одма свртеа политика (во смисла епа ајде сега ќе се бориме за Македонија). Кога сме кај тоа, каква врска имаше самоубиството на ликот на младиот комита и ликот на Сенко Велинов? Крсто и Филип двајца против цела војска и фамозното "E*ати животот ако не си спремен да умреш за него?" И што? Една добро склопена, иако не многу логична реченица требаше да ни го порави впечатокот за филмот?

    Лош филм, со добро смислена маркетиншка кампања и прекрасна насловна музичка тема (која за жал или за среќа немаше никаква врска со дејствието).

    Да се надеваме на подобри филмски изданија во иднина :)
     
    На cresa-jagoda, midnight.angel и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Леле кога читам вака, се обесхрабрувам да одам да го гледам.
    Патем, за Охриѓанките на форумов, понеделник премиерно ќе го даваат филмов во Центарот за култура, влезот е 100 денари. Ама нема засега подетални информации колку дена ќе го даваат. Мислам дека од 20 часот е проекцијата.
    Насловната тема ме буди секое утро (поубав аларм - амин) и се надевам нема да ми се смачи откако ќе го гледам филмот, бидејќи многу негативни критики се изначитав.
     
  7. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    Филмот си е одличен, доста веќе се критикуваме меѓусебно затоа ништо не ни оди напред!
     
  8. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав филмот и се воодушевив.Премногу ми се допадна во еден момент плачев музиката ме доврши а веќе во следниот се смеев на глупостите на Дац.Јас сум задоволна од целиот филм посебно ми се допаднаа локациите на филмот.Мислам дека треба да се има разбирање ние сме Македонија и што се вика снимаме 1 филм на 5 години мислам дека и доста сме успеале.ФИлмов изнесува милионски суми уште не се платени ни актерите греота за тоа а навистина беа добри
    Јас ви препорачувам да го погледнете филмот во милениум 150ден е карта уште еднаш да се увериме за квалитетната глума на нашите актери :D
     
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Мене лично ми се допадна филмот.
    По, Пред Дождот 1994год., Големата Вода 2004год., најпосле го додадувам и До Балчак во листата најдобри филмови од Македонија со кои можеме да се пофалиме.
    Главните улоги - актери се супер како и остантата екипа. Супер филм ...
    Е сега сфатив дека на 10год во МК ми прават добар филм по мој вкус па по се изгледа моето наредно пишување за македонски филм ќе биде за 10год. Баш штета..
     
    На Jule.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    А мора да ни се допаѓа само затоа што е наш филм? И ако на сите ни се допаѓа филмот , ќе тргнеме веднаш напред, нели? :) Мене голем број македонски филмови ми се допаѓаат, но овој не ми се допадна. Не знам зошто генерализираш, а темата е филм, па оттука вкусови се во прашање. Како што јас почитувам дека тебе ти се допаѓа филмот, така и ти треба да почитуваш дека има луѓе на кои истиот не им се допаѓа.
     
    На midnight.angel и Joi им се допаѓа ова.
  11. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Овој Владо во секој втор филм го има. :D:D
    А тоа значи дека немаме актери изгледа, штом него го ставаат во секој втор филм.
    Иначе не сум го гледал филмот. Разни коментари слушам.
     
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Уствари се збунив. Во Децата на сонцето бил Владо.
     
  13. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Не си се збунил @Marick14. Владо и покрај тоа што ја толкува една од главните улоги во „Деца на Сонцето“, тука го толкува ликот на Иљо, парализираниот вујко на Крсто и Јана.
     
  14. bbwowww

    bbwowww Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    "голото двоминутно скокање" е всушност ЕНОРМНОТО и неспорно американско влијание врз нашата популација. Според мене секоја сцена има смисла, само некој треба да гледа подалеку од видикот Се додека го величате туѓото за сметка на своето филмовиве ќе ви поминат и заминат...
    Далеку од тоа дека ги критикувам американските филмови и серии, светлосни години се пред нас.



     
  15. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не се согласувам дека тоа беше израз на "ЕНОРМНОТО и неспорно американско влијание врз нашата популација". Јас поинаку го доживеав, како самоволното и свесно понижување на младите момци во потрага по некој подобар живот. Ама тоа, можеше и на друг начин да се прикаже. Вака како што е изведено е само за да е поконтроверзно.

    Малку ми е контрадикторно, ако не ги критикуваш американските филмови/серии и ако мислиш дека се светлосни години пред нашите (нешто со кое јас не се согласувам, бидејќи типични холивудски сценарија најчесто не ми се допаѓаат), на што мислиш со "Се додека го величате туѓото за сметка на своето филмовиве ќе ви поминат и заминат..."?

    Јас сум голем љубител на секакви (и странски и македонски) добри филмови и повторно ќе кажам, многу македонски филмови ми се допаѓаат. Навистина не разбирам зошто има потреба да се наметнува некоја друга конотација на тоа што мене или на било кој друг филмот не му се допаѓа. Се работи за уметност, а во уметноста вкусови се во прашање.

    Што се однесува на видиците, да не ми беа доволно далечни, немаше да ми се допаѓаат многу од останатите дела на Стефановски, на пример "Диво месо", "Хај-фај" итн., нели? :) Или сметаш дека овие дела се за луѓе со кратки видици? :) Ајде, поздрав :)
     
    На cresa-jagoda и midnight.angel им се допаѓа ова.
  16. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    Не реков дека МОРА на сите да им се допаѓа туку да престанеме секогаш да си го критикуваме нашето. Ова ми се чини дека веќе излегува од нормала- не конкретно за филмов, туку кај и да отворам на нет само критики сме за се што е наше. Ако сам не се пофалиш, не очекувај дека туѓинци ќе го сторат тоа, барем јас така мислам. Кога секој гледа како јавно буквално се грдиме меѓусебно, мислиш дека некој друг повеќе би не почитувал? Тргнувам од тоа -Почитувај се за да те почитуваат, нешто кое за жал во последно кај нас го нема. Не сакам да бидам погрешно сфатена само сум изреволтирана колку негативно ги прифаќаме нашите работи.. Поздрав :)
     
    На PaLaVa, Jule.Sk, bbwowww и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Ако знае некој од вас да ми даде линк каде би можела онлајн да го гледам?Или да го симнам :)
     
  18. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    5.944
    Пол:
    Женски
    Добар филм. Јас сум малку пристрасна за македонскиве филмови ама сепак добар е. Ми остави впечаток Сашко со " тос што не се прцало не се ни кози " :)
     
    На Jule.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    од филмов тотално се разочарав....прв пат кога ја слушнав музиката на радио бев воодушевена и очекував да е нешто...не знам што ама на крајот испадна дека премногу сум очекувала...многу лошо го претставиле македонскиот народ...мизерија
     
    На nightingale му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Добра глума.
    Одличен избор од домашните актери.
    Без некоја специфична приказна.
    Долг.