Бев статист тука пред 2 годиини кога се снимаше во Чаршија. Сеуште го немам гледано филмов али профи филм ќе биде.
Со оглед на тоа што „Ослободување на Скопје“ се‘ уште не е излезен, засега „До Балчак“ е најнов македонски филм. Кога ќе излезе овој другиов, со задоволство ќе те гледаме во улогата на Биба и ќе коментираме тука. Да не бидам оф-топик, кога пишав претходно дека има проекција во киното кај нас, бев и го гледав. И среќа што носев крекери (ги делев со дечкото што седеше пред мене), а сестра ми носеше благо и вода. Луѓе, се здрвив на тоа столчињата, а верувајте, не се неудобни. Предолг е филмот. Ајде за вкусови не дискутираме, имаше свои светли моменти како бројни реплики, хумористични елементи, костимографија, сценографија.... ама освен приказната што го следеше ликот на Тони Михајловски, се‘ друго ми беше чиста глупост.
Најлошиот од сите филмови на Столе Попов, кои се инаку ОК, но овој филм се труди да биде The Barber of Siberia на Никита Михалков и секако дека не успева во тоа.