1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До кога малограѓанштина !??

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од baba Rada, 31 мај 2015.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мислам дека далеку сме од излезот на малограѓанското всадено длабоко во нас и поред сите обиди да се направиме модерни, современи,тапкаме во место и живееме по уште зацртаните стандарди и критериуми,калапи. Луѓето во светот одамна си живеат живот за години а ние губиме години мислејки дека живееме.Уште колку ни треба да почнеме да се гледаме себеси, без предрасуди, верски,сексуални,без оговарање и мешање во начини на живеење.Стари луѓе кај нас не смеат да се држат за рака, не смеат да шетаат по кафани,да се забавуваат,додека во многу држави ке видите стари лица облечени спортски го шетаат светот, се смеат, тетовираат па дури и пирс си ставаат ама никој не ги исмејува...само ва оваа наша мила земја се надгледуваме и оговараме.Форумиве се докази,ФБ е доказ колку сме малограѓани.треба прво себе да се смениме,прво нашите ставови а после да бараме тоа другите да го сторат.Можеби за едно две три светлосни години ке се смениме и ние или порано, што мислите?/
     
    На elimkd, OmniaVanitas, Purelove92 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Темава не е актуелна од причина што малограѓанштината неме време да се рекламира сама.Доказ за ова е и одењето на гробишта по повод празникот задушница,духови и сега цела недела ке се збори кој што носел на гробишта,кој како храната ја спакувал на кого му дал,како е тешко сето тоа и не им се допаѓа ама мора да одат поради тоа и тоа...е народе македонски!
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Епа самото отварање на тема за тоа, па и со примери за глупости, следува прашањето зошто воопшто се замараш, а воедно ти го дава одговорот на насловот.
     
    На mims-89, Someonespecial, Viktorijaaa5 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мора некој да се замара,како ке дојдеме до промени ако не им се разбива вистината на луѓево од глава.До кога мораме да постапуваме против желбите а само поради мислењето на други луѓе?
     
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Менталитет не можеш да искорениш, тоа е дел од една култура на еден народ.
    Кој вели дека мора да постапуваме против желбите да им угодиме на другите? Тоа е апсолутно индивидуално, ако немаш карактер подлегнуваш на притисок и муабети од околината и тоа е, нема филозофија, по просто и едноставно здравје.
     
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ќе дојдеш до промена ако промената ја бараш во себе.
     
    На blonde_supergirl, Valerin, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Јас во тоа што тие луѓе одат од почит кај своите блиски починати на гробот да им раздадат негледам дека е малограѓанско.... И не би рекла дека според фејзбук статуси може да се каже дека сме со ниска свест и слично, тоа зависи од цврстината на карактерот на личноста.
     
    На Tanjamm и crimson им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Промената јас ја имам но многу е тешко кога околината нема да те прифати,затоа и реков дека сме далеку од Европа,колку и да сакаме да се правиме граѓани во душите сме прости.
    Една работа е да се отиде на гробишта и да се направи редот како треба а друга слика имаше деновиве...од пцуење за каква гужва е,па трчање по попот и пцуејки го колку скапо им наплатил па до поскапени цени на црешите,бардачињата идр.немаме култура ни на гробишта кога одиме,и таму се гледа кој каков чаршав ставил и што јадење врз него поставил.
     
  9. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Ако твоето мислење за тебе е исправно за тебе, тоа незначи дека треба да го прифати секој друг. Затоа и луѓето како птиците се групираат во јато. Да се сложувам прости сме зошто сечие туѓо мислење и коментар не трогнува и се замараме со се освен самите себе. Кога сите би си ја гледале својата работа, се изградиме како личности кои имаат афинитет во својот живот, се понашаме културно и слично подруго би функционирало се. Поздрав.
    Вака сега јас бев на гробишта и во ниту еден момент не гледав на другите чаршафи што имаше поставено нити пак ги прокоментирав. Секој си плаче на свој гроб, кој колку имал толку ставил. А и сосема нормална работа ми е луѓево да прокоментираат за цените на пазар и слично бидејќи па и не ни цвета некако економскава состојба. Мешаш баби и жаби според мене овие работи немаат никаква врска со свеста на граѓаните.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Па како што ти си променета, некако ептен детали и запазувања кој што работел на тие фамозни гробишта :D
     
    На fighter, crimson и Nausicaa им се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    До кога со вакви бесмислени теми? :D

    Од кај па дека стари луѓе не смеат да се држат за раце? Јас стално гледам и секогаш прокоментираме со друштво дека се баш убави и среќни,а не во негативна смисла.
    Никој ништо не ти забранува,се е до тоа дали ќе се замараш или не.

    Со темава не можеш да ги промениш карактерите и сфаќањата на народот,а нема и што да се дискутира,така е како што е.
    Лепа је држава,све ни розе цветају :D
     
    На eliesaab, butterfly.mk, Valerin и 3 други им се допаѓа ова.
  12. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Според темава, твојот став @baba Rada во согласност со начините со кои располагаш за промени на општествово, почнав да се осеќам супериорно и како дел од New Age Theory (богами и ко што сум потпишана на форумов) од причини затоа што не најдов време да отидам на гробишта од поодамна кај баба и дедо, да истурам вино или ракија, да запалам свеќа или цвеќе да оставам, или едноставно гробот да го исчистам.
    До сега се осеќав како кретен без почит кон луѓето кои ме створиле, ама од сега поинаку ќе гледам. Имаш еден следбеник, ти благодарам за просветлуењево.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Луѓево да ги прашаш, еве и овде нека ми одговорат ако знаат што точно значи и како би ги дефинирале малограѓаните!.Некои мислат дека се тоа луѓе од село дојдени во град.За мене лично јас малограѓанството го доживувам од луѓе и тоа посебна некоја сорта,со лажен морал,кој го пикаат носот во туѓ казан,луѓе кои патат за внимание и докажување.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Ако се фокусираш на кој што рекол и кој што прави во животот, ќе немаш време да уживаш во истиот.

    Кој кажа дека стари лица не смеат да се шетаат по кафани и да се држат за рака:^)
    Никој не ти брани, нема закон, нема правила, до личноста е...
    Ти живееш за Петко и Станко , животот го трошиш на кој што ќе рече.
    Не, доволно е кратко времето кое ние од Бога дадено за моето гостување да го потрошам на кој што рекол.
    На гробишта одам од почит кон личноста која била дел од мојот живот.
    Воопшто не ме интересира кој што однел, спремил и поставил...
    Мое е дали во 40-та или пак во 60-та година од својот живот ќе одам по кафани и ќе го држам за рака..
    Кој и да е, ако нема друга работа нека позинуваа додека јас живеам како сакам.
     
    На evangelina.ina и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Сите сме кадарни да речеме - не ми гајле што зборат другите, ама немојте да ми речете дека навистина тоа е така.
    Секаде има трошка гајле што ке речат другите...

    Еве чисти пример денес како луѓето реагираат...си оди млада жена со количка и вози бебенце (незнам колки беѓше старо, не ѕирнав), бебенцето плаче.На семафор сите стоиме и мајката стои и една т.н. ГОСПОЖА со тапирана фризура и наочари и вика - ти плаче, дигни го !!!
    Еј мене не изнервира а не веке нервозната мајка...
    Што и е на тапиранава гајле и кој фактор е таа да каже...

    Се додека има душебрижници, ке има и малогранштина.
    Никогаш нема да се искорени.
    Само тие што живеат во малите места знаат како изгледа тоа вклопено во секојдневието.
     
    На Strumka22, OmniaVanitas, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  16. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    А поентата на темава е ________________ штооо?? :D
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Па прашува @baba Rada тука, ама нешто и прашува и самата си одговара :party:

    Гледам има желба да и се даде одговор за тоа ‘’ Што е малограѓанин ‘’ ?

    За мене, тое е обично човек кој е има прилично лимитирана перцепција и сфаќања за светот околу него, а најчесто има многу високо мислење за себе си. Обично никогаш неможе да разбере дека неговото мислење/став не е закон/правило и за другите. Има сиромашен и неисполнет живот, а секогаш се меша во туѓите. Не се надоградува и не учи, а ‘’знаењето’’ го црпи обично од трачерајските списанија и весници. Поради ограничениот видик, често не умее да препознае што е правилно а што не, вистина и трач, а на сите околу им дели совети и очекува најнормално сите да го почитуваат и да му ракоплескаат.
    Нормаално, ова погоре е моја дефиниција, како јас го разбирам поимот 'малограѓанскиот човек'.
     
    На 1209, mims-89, MiloMalo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Не си далеку од вистината
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.081
    Пол:
    Женски
    Малограѓанштина има секаде по светов. Вие мислите дека филмови гледате па го знаете странскиот менталитет. Секаде има секакви луѓе и со различни мислења. Секаде има оговарачи, прости, завидливи и луѓе што сакаат на се машаат во туѓи животи, без оглед дали е Македонија, Европа или Америка.
    За повозрасните луѓе, оди излези, особено на лето, и прошетај по улиците. Скоро сите шетаат за рака или под рака фатени. Па колку сум видела стари баби и дедовци кои едвај одат, па си се крепат еден со друг, фатени под рака. Не знам со какви луѓе се дружиш ти, ама јас до сега прв пат слушам, еве од тебе, дека некој им се смее или им забранува на старите да шетаат за рака. Исто така кафаните и рестораните се полни со постари луѓе. Можда вие не ги гледате оти тие кафани ви се испод ниво (нели... како не јас ќе одам таму кај старците), ама луѓе кои се повозрасни си излегуваат и на вечери, и на сладолед, и на кафе.
    Јас се сложувам дека постои малограѓанштина, ама тоа не е одраз на државата, туку на самата личност. И доста само го вреѓате македонскиот народ, не сме ништо подолу ниту пак погоре од останатите народи. Сами не се цените, па сакате другите да не ценат.
     
    На Tanjamm, mims-89, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Сега ти се правиш малограѓанка или малоумна!??