1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До кога малограѓанштина !??

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од baba Rada, 31 мај 2015.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    До кога малограѓанштина?
    Се додека се прифаќа како нормална појава во општеството со коментар "Така е кај нас".
    Не/прифаќањето промени и слепото верување во вкоренетата традиција "како треба да биде" наспрема слободниот избор и волја е појава која го деградира напредокот на човештвото.Туѓите постапки се поинтересни од развојот на личниот живот.
    Сфаќањата создадени во некое време и некогаш се уште имаат доминација над потребата за просперитет во модерното време.
    Простотилукот e системски шаблон со ограничена перцепција на нештата кој мнозинството го прифаќа и свесно го применува. И за да биде иронијата поголема, секогаш се расположени за исцрпувачки критики без резон.
     
    Последна измена: 13 февруари 2018
    На SummerGirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.920
    Пол:
    Женски
    Нажалост уште некои 5год ќе ја има.Се додека новиве генерации не ја сузбиеме таа малограѓанштина и не ја искорениме
     
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Малограѓанштината ќе си остане за навек само со друг размер малку по модерен односно изфилуван по денешните генерации да биде бетер нема оти младиве по едуцирани се од бабиве со бабини деветини
    Сакам да дојде закон да се казнат сторителите за бабини деветини добра инвестиција ќе направат сите со себе си ;) особено корост младината ќе има
    Ако некој у душа си го носи поимов таков и ќе си остане од баба мајка и тако даље у иднина од колено на колено:)
     
    На Feminka22 и DAngel им се допаѓа ова.
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    И јас се прашувам до кога? Значи, најмизерната карактеристика на македонскиот менталитет.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  5. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Тие, сè уште, заглавени во каливата и смрдена провинциска штала, расправаат, помеѓу останатото, за антиквизација, гени, големодржавни идеи, етногенези, националшовинистички етнички и идеолошки чистења… Всушност, самодекларирираниот „патриотизам“ е можност за овие анонимни, безимени, неспособни малограѓани да се затскријат зад параваните на национализмот и оттаму да сеат зло и лаги околу себе, а лицемерно да се претставуваат, пред себе и пред другите, како „значајни“ и „корисни“ за општеството. А, уствари е обратно.
    На прашањето до кога, одговорот е веројатно до секогаш.