Најчесто до 3 заглавувам , ама може некогаш и во 1 да се вратам , а да , ми се има десено неколку пати и до 6 да заглавам
Моите родители од секогаш, потенцирам од секогаш не ме оставале да бидам излезена до касно. Ако другарките излегуваа до 12 часот, јас 11:00 требаше да сум дома. Како што растев, со тек на времето излезот се зголемуваше (односно јас сама си го зголемував) па сега дека имам и дечко (а него го знат) не му претставува проблем ако се приберам во 5 часот. Во секој случај, околу 3, 3 и пол си бегам дома
Најчесто се враќам после 4 без разлика дали сум излезена во дискотека или пак сме собрани другарките. Но сепак се зависи од атмосферата и од расположението. Родителите никогаш не ме ограничувале временски.
Обично околу 12-1 по полноќ,максимум. Повеќе сум за денски дружби. Општо ретко излегувам во дискотеки, повеќе сум за местенца со јадење/пиење.
Излегував до 10 ипол.Сега бидејќи не сум во добри односи со друштвото излегувам многу ретко,дали еднаш неделно,и тоа дневна прошетка бидејќи такви ми се другарките со кој дружам.А лимит ми е 10:45 инаку.И доволно ми е за годиниве.Да останам подоцна ке се чувствувам толку ситно в чаршија.На овие години доста ми е и до 9 да би ме пуштале.Ама ете се сака повеќе и тие секако ме пуштаат до повеќе.Но енивеј,јас и немам некое друштво за да толку да излегувам.Но ајде има време уште додека да почнам секој викенд да излегувам Тогаш сигурно ке ми фали пак оваа време,хаха
зависи како сум расположена, може да си дојдам до полноќ, може во рано утринските часови, а може и наредниот ден ако сум расположена едноставно си уживам и не се замар со часови