17 години, немам ограничен излез. Вчера се прибрав во 4. Се дешава да заглавиме кај некој дома, па да се вратиме сабајлечки.
Ме пуштат до 22:30 најкасно до 22:45. Добро е сега за 13 години а и другарките ги пуштат до толку.Сега секако има и исклучоци.На родендени до покасно,кога одам кајј братучетками ме пуштаат до покасно.Еднаш си отидовме во 2.Ама сепак она е поголема и затоа ме пуштаат.Сега до 22:45 после ќе покачуваат повеќе и повеќе
Имам скоро 13 години, и имам излез до 21:30. Според мене е многу нормално до толку, ама кога моите врсници ќе ме прашаат до колку имам, и кога ќе им одговорам, будала ме прават. Тие имаат до 00:00-1:00. Може проблемот е до мене, зошто можеби сум старомодна, или едноставно така воспитана, но според мене не е во ред дете од 13 години во еден саат ноќе само да се шета. Уште денес еден другар од другото одделение раскажува денес во школо: "Вчера мајка ми се изнајаде го*на, зошто сум се вратил во два." Исто така не знам што е со тие родители што ги пуштаат до толку касно. Не се плашат дека на детето може да му се случи нешто?
Никогаш од дома не ми правеле проблем за излез знаат дека сум одговорна и ми веруваат па секогаш оставале на мене кога да се вратам
Епа имаш 12 години и доволно ти е толку до 21:30.Јас уште еден месец полнам 14 и мајками ми дозволува до 21:30,а татко ми до 23.Сепак се враќам во 22:45.И нема зошто да се срамеш оти излегуваш до толку.За една година ќе имаш до 22:30 и така ќе ти се зголемува времето.И според мене дете на 12 год до 1 саат? Па како шо знам треба да почне да се излава до покасно на 16,17 год. ама на 12 до еден саат НЕ !