Се ми е кристaлнo јaснo, вaкoв случaј имaв и ете сегa немaм ни дечкo, зa жaл a уште гo сaкaм. Тoa е. Се умешaa негoвите, и другaрите некoи oд oвде ме знaaт т.е. мoјaтa прикaзнa јa знaaт дa не рaскaжувaм oвде сегa, лп е пoдoбрa oпцијa.
@doctorgreyxo Не те сфатив баш. Дечко ти е од истиот град како тебе, или ти студираш таму кај што е он? Ако двајцата студирате во друг град, тогаш за гледањето и не гледам некој проблем, не може да те контролираат веројатно родителите од твојот град. А ако се гледаш кога ќе се вратиш кај тебе, тогаш те разбирам. Прашај ги за причините за нивното однесување, дали не им се допаѓа и од кои причини, објасни им дека тој убаво те третира, дека си среќна со него а среќата на своето дете треба да им биде на прво место. Дека не ти претставува пречка успешно да си учиш, и да ги завршиш студиите, мажачка на крај памет дека не ти паѓа сега за сега. Нема белким да те затворат дома и да не те пуштат да излезеш со дечко ти... А криењето за жал не е никакво решение.
@doctorgreyxo Значи они воопшто не те пуштаат да излезеш, ни со другарки, братучетки..? А која им е тука логиката, кога ти таму кај што студираш сигурно си излегуваш. Како и да е, пак треба да седнеш со нив и смирено да започнеш разговор, без нервози, да не се надвикуваш со нив, зошто така ништо не постигнуваш. И да мислиш дека дечкото не им е пречката, не знаеш нив што може да им се врти во глава, ништо не те кошта да ги прашаш. Со среќа!
Јас како тинејџер/средношколец 2003-2004 (на мои 16 години) моите никогаш не ми ограничуваа до колку да се вратам дома, имаа доверба во мене, не бев troublemaker плус машко сум друго е, за девојчиња потполно ги разбирам родителите, но ако не се вратев дома после 11:45 - 12 татко ми, мајка ми, брат ми сите ми џвонеа оркестрирано...а јас се мував со првата љубов кај Олимписки Базен на скалите
Хехе темава. Мене на времето ко излегував никогаш не ме ограничуваа до оклу до толку,едностсвно со сите од друштвото кога се прибираат тогаш и јас, нели полошо е ако тие се до 1 во диско и јас да морам до 12 да сум дома и сама да си одам. Какви родители кул и прави другари имав, ама јас бев таква мирна и совесна и место да акам да шетам си седев навечер си учев Млади - ојте шетајте!!
Во тин периодот имав излез до 1 со тоа што постоеше едно златно правило, во 12:45 да бидам дома Потоа во средно више ме оставија на раат и се зафркнаа гадно. Постојано одев на журка кои траеа по 2-3 дена. Сега сѐ тоа е иживеано и помалку монотоно. Кога одам на кафе со екипата, стандард го затвораме локалот и после на кркање во Силбо, така да 2 одприлика сум дома. Кога е топло, каде и да сме излезени, обавезно вечерите со екипата завршуваат во Наша Кафана (еден летниковец на Водно) или кај некој на тераса, па во тие случаеви најчесто нѐ разденува.
Не ме пуштаат да излегувам повеќе саати.А не дека воопшто не ме пуштаат.Можеби не објаснив убаво.Во друг град студирам и ми забранија да си идам за викенд секоја недела, и плус да излегувам помалце.А ние се навикнавме со дечкото еден ма друг и неможиме така.
Па искрено, и јас мислам дека малку претеруваш. Не дека треба некој да ти забрани, ама секој ден од 5 до еден сабајле, јас мислам дека би ми се распаднало телото ако трошам толку време и енергија на шетање и излегување, а плус и пари. Треба малку подобро да си го организираш времето, не толку заради родителите, туку за тебе. Не си веќе тинејџерка без обврски. Ама ти знаеш како и што сакаш да правиш
@doctorgreyxo Искрено, јас да студирам во друг град и да ми "забранат" да доаѓам на викенди дома, радо ќе ја прифатам забраната. Инаку, па не може ли дечкото да дојде таму кај што студираш, да седи цел ден и да се видите, или да преспие кај тебе во студентски/станот кај што си сместена ако е слободно? А и не знам како ти е малку толку излегување, не ти здосадило ли до сега? Значи, тебе сепак те пуштаат да излегуваш, ако те пуштаат еве 3-4 саати доста ти се веројатно, после нема ни што да правиш, досадно ти станува. Иако те разбирам од една страна, на 20 години некој да ти ги брои саатите колку си излезена и забрани да ти става, не си дете. Уште поиронично е што најголем дел од времето ти не си ни дома, таму не можат да ти го контролираат излегувањето, сигурно знаат дека си излезена и ај во тие неколку дена што ќе си дома да ти забрануваат, глупо ми е. Како и да е, посвети си се на факултетот, покажи им на твоите дека и покрај излегувањето можеш да постигнуваш резултати, дека си девојче на место и немаат зашто да се грижат. А за со дечко ти, ете ти предлог, он да одвои еден ден да дојде кај тебе да се видите, или па да преспие доколку има можност.
Ако 8 саати е излезена и спие 8 саати, значи и остануваат уште само 8 за да јаде, оди на факултет, учи, одржува лична хигиена и се движи наоколу. Не можам да разберам како, искрено.
Ако е малку од 17-01часот тогаш што е многу?! Секогаш ми кажувале кога да се приберам па по цена и сама да си одам дома. Не сум се бунела и инаетела, имам супер родители. Ништо не ми фали што не сум се прибирала у 5 сабајле, тоа беше за деновите на одмор и еден период на почеток на бракот. Сега да ме тераат до 5 сабајле не би седела.
@doctorgreyxo јас не разбрав што е проблемот уствари. Ти во текот на неделата си во Скопје, така? Штом не си со дечко ти, тогаш кај одиш и што правиш од 17 до 1? Јас би се распаднала така да терам, што физички, што финансиски.
Ох, коментирам по стоти пат денеска во темава. @crimson Што знам, можда и е период на девојчето, интересно и е да излегува, и сама кажа порано не излегувала толку, а како постигнува се' на толку излегување, и мене ми е мистерија. Јас како тинејџерка, не излегував многу, еднаш неделно на неколку саати и толку. После во четврта средно и прва факултет, ме фатија бубачките и буквално имаше периоди кога секој ден бев излезена, понекогаш и по 10 саати. Ќе излезам поручек во 1-2 и ќе дојдам во 8-9-10 вечер. Поседи кај една другарка неколку саати, после отиди до град на кафе. И секој ден истото. На факултет одев поретко, зошто ми беа дозволени повеќе отсуства, а учев ноќта кога ќе се вратам или непосредно пред колоквиуми. Абе не шетање, не кафиња, не одење по други градови, нема што не сум направила. И еве ме сега, по две недели не излегувам од дома, се молиме со другарките да отидеме на едно кафе. Веќе не ја гледам поентата да седам до 1 саат вечер во кафич, дур не затворат, а и најчесто излегувам преку ден, вечер евентуално ако одам на некоја журка. Што знам, сега да ми речеш така да излегувам, нема шанси, напорно ми е, и да не се во прашање пари што ќе правам кај другарка 5 саати. Е сега, ептен ако се најдеме во муабет, а не сме се виделе подолго време, океј, ама секој ден, цел ден... Како и да е, млади сме и сега ни е времето да излегуваме, после нема ни да ни прилега на годините секој ден излезени и на журки до сабајле да заглавуваме. Ако она смета дека може тоа да го постигне физички и финансиски, и ако не и пречи на факултетот, нека си излегува таму кај што студира, а за нејзините и кажав веќе.
Во право си дека треба да го организирам времето ама ете, се навикнавме еден на друг така и сега дојде до ова.Еве денес сум дома цел ден и ќе гледам да не спијам многу време и да бидам поорганизирана.Фала за советите.
Имам супер резултати со оглед што учам медицина, не ми е тешко да учам, сакам ама вака губам волја кога знам дека сакаат тоа што го сакам да го оттргнат oд мене.Не е прв пат да се јават и да ми направат проблем додека сум излезена.И во 4 денски ми се има јавено да ми речи иди си одма дома, навистина не гледам причина да ми речи немаш повеќе татко.Нема причина, и тој сам излегвал, знај како се работите.Ниту ќе се омажам ниту ќе избегам ама вака ми прај само да останам дома и да работам и да одам на факултет што не го сакам,туку колку да не бидам без факултет.Сепак сакам во иднина да одам во странство, и од една страна сама се ставам во комплоцирана ситуација и не знам да најдам решение.
Гледам некои на 14 имале излез до 11 ипол, јас на 18 морам до тоа време да се враќам. Помине ли 11 - одма ми ѕвонат - кај си, кога ќе фатиш автобус, кога ќе бидеш дома. Мислам и онака самата не сакам многу до касно да останувам, ама сепак мислам дека треба малце повеќе да ми дозволуваат.