Јас ретко излегувам. Вчера бев излезена со маж ми и со син ми и се вратив околу 22 и 15. Бидејќи син ми е уште мал, ретко излегуваме со маж ми. Пред да се омажам излегував до 23 и 30. Тогаш се враќав дома со последниот автобус.
Навистина ми е чудно што има родителите да кажуваат во колку часот да се вратите од излегување Тоа ми е преглупо... Си излегла, што к*р има врска во колку часот си се вратила, побитно е кај си била и со кој... Па и да е 15 години, да си оди дома во 3, ако биле кај другарката на лакирање нокти што има веза дека било 3? А на 15, ако се вратила во 1 после секс со 3ца различни ? Овој проблем го немав, ваљда сум била срекничка што не ми се погодиле некој такви родители... Ама саатница, стварно ?! Уште во 2ра година се вракав во 6... Пред тоа дека другарките ми беа така затегнати, па си одевме порано кај 1-2... Кога бев на работа не ни броев, но со машките и дечко ми си шетав без оопшто да го погледнам часовникот..
Немам ограничено време. Сепак моите имаат доверба во мене. И да се вратам кај 4-5 нема да ми речат ништо само ќе ме прашаат кај сум била и со кого
Од дома никогаш ме немаат ограничувано, но сепак ако претерувам ми се јавува мајка ми да ме праша каде сум и со кого. Вообичаено со другарките излегуваме до 12 и 30 , но на викенд си продолжуваме еден час повеќе. А и јас самата имам навика да се јавам на мајка ми и да и кажам ако останам до подоцна некаде за таа да не се грижи и мислам дека не треба на децата да им ставаат многу ограничувања бидејќи за џабе не е кажано дека кога ќе пуштиш врзано куче незнае што прави.
Порано, како помала, некаде до кај трета година ми беше дозволено до 1 и пол часот. Т.е си одеше по ред. Од кога почнав да излегувам до 11, па до 12, па до 1 и пол и сега сум пуштена до порано негде кај 6 и пол таман кога луѓето излегуваат за на работа.
До кога ми е убаво и интересно до тогаш. Сепак не се случило да останам до 6 или 7 сабајле. Најкасно до 3 ипол или 4 ама поретко тоа и ми се случува само со дечко ми. Порано имав излез... се знаеше до толку и толку да сум дома и за волја на вистината никогаш ама баш никогаш немам задоцнето. Ако сум сакала негде да останам повеќе ќе ги замолев уште пред да излезам и не ми правеле проблем, ќе ме пуштат. Тоа порано се случувало до кај втора па и трета средно, а сега како што кажав до колку сакам. Не ни знаат кога се враќам зашто спијат, а и нема причина да ме чекаат. Сигурно нема да ме проверуваат за алкохол и цигари како да имам 15 години.
До колку шо сакам.. во последно порано од 3 се немам вратено. А со журкиве неколку пати и изгрејсонце дочекав.
Јас имам 13 години и смеам до 12. Според мене тоа е доволно до 12, бидејќи други деца што се исто на моја возраст смет до 2! Мислам што ќе прават кога ќе пораснат?
Мене ме пуштаат то 12 но бидејќи имам само 1 другарка(таа не е тука,но кога е)бидејќи неа ја пуштаат до 10:30 до толку и седам еднаш на 9 ипол год со големо друштво останавме до 2 ипол али секако со дозвола(више не се дружам со тие).
Јас воопшто не излегувам навечер (имам 20 години) Едноставно не ми е интересно ... Мислите ли дека нешто не е во ред со мене Се шегувам Секој има различен стил за забава.