Имаш 11 години и те пуштаат до 12? или ти лажеш или родителите ти се ... Јас имам 17 години и ме пуштаат најкасно 15 до 12,несмеам покасно од 12 да се вратам
Кога бев помала многу ги менував друштвата и секогаш сите различно ги пуштаа. На 12 години излегував до 10:30 На 13 до 11, 11:30 така нешто. Кога имав 14 еден период не излегував навечер. Мислам дека осмо одделение бев. Учев деноноќно и другарките не ги пуштаа тогаш многу и плус не ми се излегуваше. Од прва година средно ме фатија бубачките и почнав да се шетам Тогаш пак зависеше од другарките, бидејќи нив до 11:30 ги оставаа и моравме тогаш да си одиме дома Сега од прилика во истото време се враќам, некогаш до полноќ се шетаме, а кога одиме в кафич ме оставаат до 1:00
Сега, до колку што ми се седи. Не секогаш ми е интересно и забавно, па со мерак да ги отседувам саатите. Не се ни форсирам по секоја цена да останам надвор до покасно. Иако, некогаш, ама доста ретко, знам да се приберам накај 3, 4 саат. Диското ме расипува . А порано.. ужас ми беа границите до колку смеам. И како за беља секогаш пола саат пред да си идам стануваше интересно, па затоа и одржував подобра линија пред некои си 2ипол години, секоја вечер трчав до дома. Не се сеќавам сега на која возраст до колку точно, ама знам дека за секоја година ми накачуваа по пола саат. Баш се смеев со другарките, пола саат плус од нив и пола плус од мене што ќе каснам. Беа тоа времиња..
А да не се твоите родители 17 години и да не те фати ни полнок, уште малку ке си и полнолетна и уште такви забрани.. јас би се нервирала воопшто да дојде до таква дисксија дома а не пак 15 минути пред полнок
Па најверојатно затоа што се грижат за мене,секој си има различен однос со родителите,пример не сакаат да отидам по лоши патишта и се грижат за мене,има време кога ке излегувам до 3-4 и по дискотеки,за 2-3 години можеби,барем ке знам што правам и со кого правам и нема да се враќам ќор пијана у 3 саат сабајле.. сепак на 11 години до 12 мислам дека е премногу.. Плус мене ми е страв да се враќам после 12 дома,се имам вратено неколку пати,не дека не ме пуштаат туку и јас мислам дека за кафе и прошетка у град и да се видам со дечкото и другарките е доволно да се вратам со последниот автобус,плус не ми даваат мене по 500 денари на излегување за да можам да си платам 250 денари такси до дома..
Од 12:30 до 2h зависи од тоа колку ми се останува А најкасно се имам вратено во 6 сабајле, ама тогаш бев на гости во Велес