До која возраст треба да се дои?

Дискусија во 'Бебе' започната од Spidy, 22 мај 2019.

  1. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.275
    Допаѓања:
    8.625
    Пол:
    Женски
    Наидов на некои постови по социјалниве мрежи каде мајки споделуваат доенички стаж од 2, 3 и повеќе години. На страна идење на работа, заспивање со цицање и слично, до колку сте го доеле или планирате да го доите своето дете во идеални услови?
     
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    20.651
    Допаѓања:
    100.783
    1.5 година. И повеќе ќе ја доев да немав проблем кој ми тежи.
     
    На mal.ecka, emkaemka и Вереничка им се допаѓа ова.
  3. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    5.831
    Пол:
    Женски
    До 21мес го доев. Може уште некој месец ќе продолжев, но синко немаше 2-3-5 подои во денот. Преку 15 пати бараше да е на цице. Не дека секој пат цицаше, повеќе беше цуцање. Ноќе беше буквално на 1ипол час по потрага на цице. Нит јас нит он имавме сврзано повеќе од 2ч сон 21месец. Па бидејќи и веќе поголем почна во сред маркет, ресторан, кафич итн да се дере : дај цицееее, цицеееее, сакам цицеееее дајјјј !!! И решив дека е доста.
    Да беше од оние деца кој само 1-2 пати во едно деноноќие бараат цице или имаат подој ...сигурно ќе теравме повеќе. Башка дете и одбиваше оброци за замена за цице. Немаше не ти давам зашто доаѓаше до трескање од земја и хистерично вриштење.
    Но, сва среќа лесно пресековме и поминавме безболно.
     
    На kristina.k, mal.ecka, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    1.339
    Пол:
    Женски
    Според мене иако сеуште немам дете, но боже здравје во рана бременост сум.. мислам дека до 1 година е доволно .. бидејќи после цицето му е само навика, тоа млеко не е исто како на почетокот ниту бојата не е иста, ниту квалитетот на млекото..
     
    На marchi-cool и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  5. TarantulaA

    TarantulaA Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    6.386
    Пол:
    Женски
    а од кај знаед поради тоа што не е исто млекото,следствено и не треба да се дои?
    Квалитетот на млекото се менува како расте бебето,но имуноглобулините од мајката секако се пренесуваат до детето преку доењето,без разлика дали детето е веке 24м и сеуште дои.
     
    На bittersweet, Chanell*, Milaаа991 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. manako1

    manako1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    48.728
    Пол:
    Женски
    Три месеци цицаше,потоа од време на време до шест,а до 16месеци се измолзував.
     
    На Ava.84, emkaemka, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    5.831
    Пол:
    Женски
    Првенствено ти честитам бременост и до крај да ти е лесна и безгрижна бременоста. Живо, здраво бебуле да си родиш.
    А, после навршени 12мес од бебе да се препрочиташ тука и ќе ти е јасно дека не е вака како што си пишала и сосема ќе имаш друго мислење откако ќе препрочиташ старии за бенефитот од доење и после 12мес.
    А, какво млеко ќе даваш после 12тиот месец? Кравјо/козјо тетрапак? Или ќе го одбиеш за да даваш АД ? А, во АД 12+ што има што нема во мајчиното млеко?
    Од каде овие податоци за составот или квалитетот после 12те месеци? Демек си тече супер златно млеко 365дена и оппп 367миот ден вода тече? Дај бре жени не пишувајте нешто онака само колку да се пише! Па има доилки кој ќе потпаднат под вакви муабети!
    Имате милион научни статии за мајчино млеко и после 12мес па и после 24мес. Мајчино млеко е приспособливо и се лачи според потребите на бебе. Не постои квалитетно и неквалитетно мајчино млеко! Непостои ! За каква боја зборуваш? Си се одмолзувала и знаеш или онака само да си пишеш?
    Мајчиното млеко бојата и густината ја менува на почеток, средината и на крајот од подојот! И за тоа ако се сака има да се прочита!
    Да не се овјаснувам еве неколку статии па читнете, научете, информирајте се па после може да сте комоетентни на тема доење и м.млеко да коментирате! Треба да се има малку обзир према оние кој се на почеток на доење или не се информирани па ќе подлегнат под вакви небулози незасновани.
    https://www.milkful.com/blogs/the-milkful-blog/the-benefits-of-breastfeeding-past-year-one

    https://kellymom.com/ages/older-infant/ebf-benefits/


    https://www.whattoexpect.com/toddler/breastfeeding-a-toddler.aspx

    https://www.pbcexpo.com.au/toddler/toddler-nutrition/the-benefits-of-breastfeeding-beyond-12-months/

    Доста се да не ги редам многу се.
    Пред све малку може и да читате од еден од најпознатите лактациски консултанти во светов, професор и доктор : https://www.facebook.com/DrJackNewman/
     
    На bittersweet, Chanell*, Addicted и 12 други им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    До 2 години и 8 месеци. Многу лесно се одби, а и многу лесно беше во тек на цело доење (освен почеток), со оглед на тоа што од 2 и пол месеци ја преспиваше ноќта без да цица и да се буди. И после 2 години само пред заспивање вечерта имаше еден подој, преку ден не. Не се каам и не ми е криво толку долго што траеше, и мило ми е што уште во најдобро сеќавање му е доењето и него.
     
    На Milaаа991, Ava.84, emkaemka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    6.623
    Пол:
    Женски
    Prvo sakam da kazam deka pred da SE rodi Malata Jas vikav ke dojdam do maksimum 9meseci! Jas doev do 18 meseci.
    Maka namacivme so cicanjeto na pocetok, imav mleko, pa snemav pa Pak imav I SE odbivme loso. Tri meseci Ja odbivav.
    Posle devettiot mesec SE budese dva Tri meseci na 15. Minuti na polovina saat, odev Kako Zombi, koj NE pominal NE znae Kako e, a sepak prodolzi da doam.
    Koga konecno SE odbi mi bese maka, golemka bese I razbirase, vikase mama cice NE, mi bese MN maka no bev resend deka e dovolno I tolku cicanje.
    Koga zavrsuva doenickiot staz svakjas deka e toa bilo najubavoto I najbliskite Nesto koe the spojuva so najmiloto. Gradite moi seuste I SE golema ljubov.
     
    На Milaаа991 и Love 83 им се допаѓа ова.
  10. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    25.000
    Пол:
    Женски
    Поголемиот син го одбив на 2 год и 3 месеци..малово е 2 години и уште цица..да не пишувам вкупно доенички стаж :) на шега велам последниве 5 години или сум трудна или дојам :)
    неколку подои дневно,преспива ноќ и не ме буди..јаде разноврсно но млеко друго не пие..сем доење јогурт, павлака кисело млеко..
    И него планирам уште некој месец..да помине летото и жештините ..
    Имајќи ги во предвид сите благодети на доењето стварно се чувствувам среќно што сум можела да им му го дозволам тоа на моите деца..и не е точно дека поголеми дете ,млекото не го храни..млекото се адаптира на возраста,на потребата и се менува онака како што се менува и расте доенчето.
     
    На emkaemka, Dalia93, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  11. SofiMar_

    SofiMar_ Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    53.101
    Пол:
    Женски
    Ја доев до 2 ипол години. Лесно ја одбив ама откако престана да цица скроз се смени, многу поприврзана за мене и плаче за се и сешто, без причина. Веќе 2 месеци е така, не знам дали е само ради одбивањето или период е .
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Love 83

    Love 83 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    22.367
    Пол:
    Женски
    Јас моето го доев до 20 м .ама сепак мислам дека беше многу само поради спиењето .Буквално се будеше на секои пола саат чисто од навика за цицето и за близината да бидам со него .Жива ненаспана бев ,дури кога го одбив веднаш од втората ноќ без цицето си почна да спие по цела ноќ без будење.Меѓутоа ке кажам додека го доев значи преубаво ми беше чуството на бебушко до мене ама дефинитивно кога ке се одбие детето ,се губи таа блискост и поврзаност што ја има мајката и детето .Мене искрено ми фали
     
    На Saraa, Lolipop23 и lackygirl им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.089
    Допаѓања:
    33.265
    Пол:
    Женски
    Се дои додека доењето претставува задоволство кај двете страни. Во доењето треба да ужива мајката и бебето. Во оној момент кога за едната страна ќе претставува мачење и болка прекинува моментот на доење.

    Секако и ако условите ти дозволуваат да доиш.


    Јас по ова се раководам.

    Се останато ти е како ваксери и антиваксери групации ако читаш на нет.
     
    На joan, Малечка Маша, Nina 2014 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.309
    Допаѓања:
    38.501
    Пол:
    Женски
    Првото го доев 16 месеци и многу добро поминав, самата се одби. Но од нејзини 8 месеци плачев со зборовите "ајде кога ли ќе престане со цицање". Незнам како издржав уште 8. Многу напорно ми е доењето, кичма ужасно ме боли.
    Второво кое е годиначе ќе го одбијам потешко, многу се буди ноќе. Но план ми е да ми помогне сопругот и до крај на летово да ја одбијам, за од септември кога ќе тргнам на работа да не бидам повеќе зомби.
    Според мене многу се 2, 3 години доење, какви и да се истражувањата. До годинка е препорачано, после тоа е по желба.
     
    На Poppins, duffi, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    6.029
    Пол:
    Женски
    Максимум година и пол. Толку го доев второто, толку планирам и третово. Колку заради себе толку и заради бебето. Зашто после тоа е поголемо, разбира и сегде бара а сепак веќе јадат секаква храна. Свесна сум колку е здраво да се дои и подолго но според мене 3 години се многу. Дете трча скока олкаво пораснато у оп дај цице. Башка болките во кичма, ненаспаноста уморот и се друго.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    5.409
    Допаѓања:
    24.814
    Пол:
    Женски
    Не би доела после една година.
    Незамисливо ми е ДЕТЕ од 2 години да цица. Тоа зборува, мудрува на пазар ќе те продаде што се вели и да виси на цице епа не ми иде.
    Кој како сака :)
     
    На marchi-cool, Sesil, eli25 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.534
    Допаѓања:
    231.888
    Првото само се одби на 9 месеци. Безболно и без проблеми за двете страни.
    Второто беше неколку месеци само на доење, потоа неколку на комбинирано со ад, за потоа до 2год. само на ад да се префрлиме.
    Третото не е воопшто доено.


    Нема правило до која возраст.
     
    На Coco31, duffi и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.007
    Допаѓања:
    141.275
    Не повеќе од 2 години.
    Бидејќи на таа возраст, веќе стануваат полово и сексуално свесни.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.580
    Допаѓања:
    73.320
    Пол:
    Женски
    Првото го доев до 11 месеци , до 6 месеци беше само на доење , ни вода не и давав. Потоа фатив бронхитис морав да пијам антибиотици и затоа и ја одбив , ама тој месец ми беше ужас , плачеше за цице , цуцла не сакаше да фати , па морав да ја учам од чаша со клунче.
    Сега за второто здравје , планирам и да ја дојам и да воведам ад млеко уште од почеток.
     
    На mal.ecka, ane.bella и duffi им се допаѓа ова.
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.444
    Допаѓања:
    26.414
    Пол:
    Женски
    Што има врска сексуалноста со доењето дај те молам???
     
    На Chanell*, mssuniquee, orhideea и 3 други им се допаѓа ова.