1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До која возраст треба да се дои?

Дискусија во 'Бебе' започната од Spidy, 22 мај 2019.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Па има ама во случајов не се битни. :)
     
    На duffi, sofi2107, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Јас имав план да ја дојам барем до година ипол, ама не секогаш оди според нашите планови. Сама си се одби на 6 месеци, за жал. Скокот што ја фати во 4-ти месец беше страшен, тоа беа плачки и тегнење и натегање да ја ставам на града. Од невидено лаком цицач, одеднаш се смени за 360 степени. Два месеци така се мачевме, за да баш дента кога направи полни 6 месеци одлучи дека и' е доста, а јас конечно да сфатам дека детето едноставно не сака да цица веќе и да се откажам. Башка од толку борби за цицање, почна да стагнира во килажа, дури отиде и во минус, и ми се отворија очите дека треба да се помирам. Многу ми беше криво, со месеци не можев да преболам, имав млеко и тоа многу, ама тоа е. Почна да си јаде цврста храна и се врати килажата во нормала.

    Некогаш едноставно сами одлучуваат кога им е доста.
     
    На eli25, mal.ecka, FreeMind и 11 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Цццц, ме изненадуваш. Ваков прогресивен лик како тебе со вакви примитивни размислувања :?:
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.593
    Пол:
    Женски
    20+месеци е и уште цица. Не е зависна од цице. Порано штом ме видеше одма викаше цице,цице и ме тегнеше за блузата. Сега само пред спиење цица и ноќеска станува, некогаш еднаш, а некогаш 2,3 пати. Мачни ми се тие ноќни подои некогаш, ама ако не и дадам одма вреска. Не знам до кога вака ќе тераме, не ми се верува сама да се одбие. Највеќе ме нервира кога почне пред други луѓе да вика цице,цице и да ме фаќа за блузата и нагоре да ми ја подига. Ама уште не разбира, мала е. Не знам до кога е најдобро да се дои, ама секоја мајка си одлучува сама за себе и бебето
     
    На eli25, mal.ecka, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    До 2 или пак 3 години доење е просто too much, енд оф стори.
     
    На LadyD, FreeMind, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    23.954
    Пол:
    Женски
    Сериозно доите до толкава возраст? Како успевате да имате млеко? Толку без стрес живеете и како се храните пр. тој период? Сериозно ме интересира.
    А, ако не пие пр. мајчино млеко после година дена старост, мора да пие било какво млеко? Јадат цврста храна тогаш и (секакво) млеко навистина не им е неопходно.
     
    На Малечка Маша, eli25, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    18месеци и уште продолжува..
    До кога не знам..

    Доењево мене ептен лесно ми се виде и гледа, полесно од песна, ниту во старт, ниту понатака мака не сме имале. Освен една недела во скок кај 3тиот месец, па се доевме шетајќи.
    Не е зависен, немаме десет подои дневно, не ме џапа по блуза (освен кога е ептен гладен), буквално знае кога се дава и чека :D

    @Spidy првин скокни, па речи ОП.
    Ехехеее што се реков дури не бев и бев трудна, едвај пола ако се исполни од предвиденото :rofl:
    Земи го бебе во раце, па врати се пак да пишеш :l:
     
    На kukla21, Dalia93, Chanell* и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    На темава, се согласувам со Фримајнд. За престанок на подојот, можат да одлучат само мајката и/или детето. Во оној момент, кога истото станува напорно и против волјата на едниот или другиот, во ред е да се прекине.

    Се додека има уживање од двете страни, пожелно е подојот да продолжи, без разлика на околни коментари.

    Препораката е 6 месеци ексклузивно доење, но има случаи кога не е возможно да се воспостави лактација и се продолжува со ад. И тоа е во ред. Нема да правам паралела меѓу мајчино и вештачко млеко, оти и едните и другите се еднакво деца и го добиваат потребното. Ад млекото е непотребно, само ако доењето функционира беспрекорно.

    Одамна престанав со доење и немам долго време читано статии за истово, но чинам, СЗО вели оптимално е 12 месеци од кои 6 ексклузивно (последново знам и денес важи, за првото не сум сигурна) а после тоа, се додека им одговара на мајката и детето.

    Јас успешно доев две деца. Имав голема желба за истото и имавме подои, 6 месеци ексклузивно со двете деца, а доењето траеше до 18 со првата, а 17 месеци со втората ќерка. Двете ги одбив, кога забележав дека не е веќе приоритет на исхрана ами игра која со тек на време стана напорна, да не речам мачење за двете страни. Освен умор и хронична ненаспаност, друго не видовме.

    Во однос на тоа што го кажа Вајлд. Можеби полово, но не и сексуално свесни.

    Има деца, кои стануваат свесни на 2 години за сопствениот пол. Но, истово, најчесто е од 3, евентуално 4 години. "Сексуалните истражувања" кај децата, прашања, игри од тој тип итн (кои се нормални развојни фази, но не треба да бидат пречести и да преминат во опсесија) ќе се случуваат без разлика на тоа дали се доело до 2 или повеќе години.
    А искрено, не гледам како би им се наштетило во сексуален поглед, со нешто кое за нив е извор на исхрана и емоционална близина и утеха од мајката.
     
    На Kitten, Chanell*, Miss.N и 8 други им се допаѓа ова.
  9. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    Дете до 2год треба да внесува 400мл млечни производи и те како им е потребно млекото.

    Да, до толку успевам без стрес да живеам, бројам до 10 за било што.
    Јадам и пијам колку ми бара душичката, ништо плус или минус, јадам се што ми се јаде, не сум на режим.
    Млеко имам колку е побарувачката :inlove:
     
    На Chanell*, sofi2107, mssuniquee и 3 други им се допаѓа ова.
  10. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    23.954
    Пол:
    Женски
    А, после вториот роденден колку ml се потребни?
     
  11. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    Не знам, не сум прочитала и не ми е кажано за по втор бдеј, не сме дошле до таму :smirk:
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Многу е бе доење до 2-3 год.До 1 год.ајде де.Првото го доев некаде 7-8 месеци,и многу лесно го одбив и тоа во лето.Си напредуваше супер,имунитет јак,нит се разболуваше ни ништо.А тргна во градинка на неполни 2 год.Јас тргнав на работа пред 9 месеци,но и дома да бев дома,пак докај 8 месеци максимум би доела.Не е ниту толку здраво а ни практично после тоа.
    Сега и за второто исто планирам околу доењево.После тоа и да не пие ич млеко не е воопшто страшно,впрочем и современите научни истражувања го докажуваат тоа,како и нашиот Др.Митов;)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Абе и ја викав ќе дојам до 6 месеци, па ај до 9, па еве 10ти тераме.
    Ноќе ми врзува спиење па не ми е мачно, а на почетокот ми беше многу напорно кога не јадеше.
    Сега не ни бара, ама цица насабајле и навечер. Претежно за успивање.
     
    На eli25, FreeMind, emkaemka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    66.419
    Пол:
    Женски
    Сериозно, доиме. :)
    И не, не живееме стрес-фри, од стрес не престанува млекото, може да има скроз мало влијание на лачењето (лачењето млеко најмногу зависи од тоа колку често цица бебето/детето).
    Како се храниме? Нормално. Како што би се хранела и ако не доиш. Пак ќе кажам, не значи дека ако јадеш дупло од што си јадела дека ќе имаш повеќе млеко.
    Откако ќе се прекине со доење препорачливо е да се внесува одредена количина на млечни производи но не е задолжително, има многу други продукти кои содржат витамин Д.
    Од доењето не е единствен бенефит нутритивната вредност, не цицаат само бидејќи се гладни. Цицаат кога се вознемирени, бидејќи тоа им е најбезбедното и најсигурно место, стуткани во тебе, цицаат кога ќе им зафалиш навечер дури спијат и сакаат да го осетат мирисот на мама, цицаат за да се смират од плачење после вакцина, цицаат без причина, затоа што САКААТ и затоа што МОЖЕМЕ да им дадеме.
    Емотивниот бенефит од доењето, како и нутритивниот е многу битен. Таа поврзаност меѓу детето дури цица и мајката не се опишува, затоа е толку тешко кога се прекинува со доењето, како за малото така и за мајката. Чувство како да губиш нешто, дека веќе не си му толку потребна.
    Дали ќе биде година, дали 2 дали 3, одлучуваат мајката и бебето заедно, кога ќе се спремни. Нема потреба од притисок од околината, затоа што нема зошто да ги засега, секоја мајка си знае што е најдобро за нејзиното дете.
     
    На Minnie-e, bittersweet, Dalia93 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.062
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Како може да тврдите дека не било здраво после година? Кои факти ги имате?
    Светска здравствена организација препорачува до две години.
    Exclusive breastfeeding is recommended up to 6 months of age, with continued breastfeeding along with appropriate complementary foods up to two years of age or beyond.

    Млекото не се расипува после година, напротив, се менува и се прилагодува на потребите на детето. Му дава што му е потребно.
    Не било здраво, пф.
     
    На bittersweet, jacqueline.s, Dalia93 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Млекото е исто, дури ако е настинато и болно бебето/детето млекото се појачува дури и се адаптира на потребите на организмот (ова го сфатив од една слика, мајка која доела близнаци, едното било болно тој период и кога се одмолзила, млекото на таа града од која цицало едното близначе било поинакво). Јас мислам дека е доволно до 1ипол макс 2г, зашто веќе на таа возраст внесуваат разновидна храна, односно внесуваат се што е потребно. Еве додека не извадат забчиња бар, зашто тој период за некои бебиња им е доста мачен, па со цицаше се тешат и полесно би поминале, бар навечер...

    Многу ми е криво што малава не сакаше ич да цица, ја испомачив до 4,5м да цица, ама тоа беше еден од најтешките периоди во животот што сум ги имала. Секој подој беше страшен, 30-40мин фати пушти вришти претај и така цел подој... мачно е и што и од шише истото го правеше, главата мислам од стрес ке ми пукнеше. А со синчето не беше така, он си цицаше без да претне, дури и нонстоп се прецицуваше и често бљуцкаше. Ама накај 11м почна да ми се одбива, со недели наместо да цица ми дуваше во града и ме буткаше, како ме одбиваше, така и млеко ми се намалуваше, дојдовме до еден подој навечер.. и тој за брзо го одби. Тој период го открив проблемот со тироидната и почнав да пијам и апчиња, дали тоа нешто направи и на двајцата за да се одбие, незнам...
     
    На mal.ecka и Miss.N им се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    @Spidy сум ја тагнала, но делот на @Miss.N се однесува :)


    ^^нај јак ми е коментарот дека млекото по една година се расипува или не знам што му биднува :rofl:
     
    На mal.ecka, mariz и sofi2107 им се допаѓа ова.
  18. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Не разбирам зошто олку мудрувања. Нормално, секој смета дека неговата постапка е правилна, затоа и презел таков чекор. Јас доев до 15 м. Имав млеко на претек,ама ете сметав дека е доста. Не обвинувам ниту тие што доеле помалку, ниту тие повеќе. Секој како што се чувствува и како што кажа некој погоре,ништо на сила,кога едната страна смета дека е доста, доста
    е.
     
    На eli25, mal.ecka, emkaemka и 5 други им се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Првото лето, поврати бебе, свеки и компанија од нејзини сестри и комшивки: Многу е жешко и ти се расипува млекото во градите не му давај да цица пак ќе го поврати. :drunk: Од толку души што ми го рекоа тоа тогаш мислам дека и на фемина прашав дали е вистина. :tmi:
    Исто ми викаа и дека ако цица после 3 саати тоа млеко е веќе расипано млеко.

    Нема идеална возраст, има идеално време, а тоа е кога ќе почувствува мајката дека е тоа тоа. :)

    Убаво е до 6 месеци екслузивно и минимум до годинка доење.

    Имам речено за жена што дои 2 години дека е ненормална. :tmi: И еве ме дојам 2 години... Ненормална. :wasntme:
     
    На jacqueline.s, Dalia93, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    И ја и брат ми сме по 2години доени, па еве ништо не ни фали, напротив и јас би доела деца толку ако сакаат они, ако имам јас млеко, мајка ми вика тоа биле најубавите периоди за детето и мајката. :D Уствари јадачи големи сме и ден денес, еве може тоа има врска. :rofl::rofl:

    На 2г сигурно дека доењето ќе го поврзеш на сексуален начин аха...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.