Како не е здраво? Доењето го намалува ризикот од рак на дојка. А за детето, здраво, зошто не би било? Па тоа млеко е најубавото, најхранливото и најкорисното нешто што еден човек го добива во текот на животот. Ништо не е толку квалитетно, хранливо и прилагодено како мајчиното млеко. Да бе, има рок на траење. Година. Ни ден повеќе
На 2 стануваат полово свесни?? Значи многу заостанат е мојот на 3 и пол што не знае какви делови имаат мажите, какви жените, мисли од куре мочкаме сите. Па и сексуално.. Немам зборови.
Леле мори Џокерче, ме пресмеа. Од топлото демек се расипувало Ништо, ако уште доиш, летово сиските у фрижидер, нема друго. Не се зафркавај, каде така. И уште нешто, сите што дојат Хасап сертификат да имаат, инаку не е гарантиран квалитетот Аман, не прајте сапуница од секоја тема. Демек татко ми и слични од генерација 40-ти, 50-ти, што ги доеле до 3-4 години, нешто не се мажи денес или сите со комплекси се. Дури им е арно на засегнатите страни, нема правило. Важно, незнам дали го спомна некој- додека се дои, детето има посилен имунитет, кој го добива од мајката. Така барем сум чула, линк до научна литература на темата немам.
Потполно си во право, секој со своето мислење и може да си прави што сака ако некој смета до година дека е ок нека си тера така ако некој смета дека е нормално до 5 6 години и така нека си тера шо е за мене ненормална раб..
Не дека се расипува млекото или слично,но после годинка тоа веќе е повеќе навика и цицаат од емотивен аспект-наместо цуцла за смирување,и обично навечер пред заспивање.Можеби е убава таа поврзаност додека трае,но мислам дека на таа возраст детето си има и други потреби а таа емотивна блискост се постигнува секако и на други начини.И малку ми е и чудно ко ќе видам веќе дете од 2 г.со сите заби во уста,трча,зборува,јаде манџи седнато во скут да цица.Во таа смисла не ми е здраво цицањето на 2 г.,од психолошки аспект.Сепак,секој став го почитувам,кој како си сака и може според ситуација(поаѓање на работа,количина на млеко,желба на дете и сл.)
Тоа сакав да го кажам и јас.. баш имав другарка што го доеше до 2 години а тоа јадеше секакво месо, манџи, буквално се и ко ке го видев на цицка тоа ми беше некако несватливо.. и тоа му текнуваше само кога ке ја видеше цице демек иначе не бараше додека таа беше на работа.. не му ни текнуваше за тоа затоа викам веќе станува навика .. исто и се случи таа се затру со сендвич првин јави кај детето па кај неа и го одби.. Сите напаѓаат тука и мудруваат секој може да си прави што си сака и како си мисли ова е само мое мислење да речам.. Само сакав да се надоврзам на твојот пост дека си во право..
И покрај тоа што и двете сакав да ги дојам не успеав. Големата само до 6 недели и повеќе пумпав одколку што таа цицаше, не сакаше да фати и точка. Кога и да ја ставев да цица само плачеше не ни затвараше уста да проба да цицне. Згора на се добив и пост-породилна депресија- ППД и се појде во неповрат. Со малава уште на болница ја одбив, многу тешко ми одеше и со неа, почнав пак да покажувам знаци на ППД, уствари јас не го заприметив тоа но сестрите и ММ (кој седеше со нас сите денови додека бевме на болница ) заприметија, и со консултација со докторот решивме дека е по добро да прекинам пред да биде доцна како во случајот со големата. Според мене кој може нај доцна до 2 години е доволно. Моите две нај добри другарки ги "доеа" едната до 3 другата до 4 години, и тоа е веќе пре долго. И тоа не беше доење за да се најаде туку беше повеќе како занимација на децата.
Мене педијатар ме советува до 2, ако можам и до 3 да го дојам според најнови истражувања. Искусна докторка, специјалист педијатар, со редовно посетување семинари и во тек со сите новости. Паѓа во вода тоа дека не е здраво и е лошо за психички развој. Кај нас и со имунитетот беше исто, до полни 3 години немаше антибиотик пробано. Кој колку сака нека дои, во ред е да си споделиме искуство и мислење, ама веќе преминува во чудење и исмејување.
Мојава па уште позаостаната од твојот Пет ќе полни и уште мисли дека татко и има дунде. Во градинка се гледаат кога мочкаат, ама она ете уште не изразила интерес за разликите меѓу нив, ниту ме прашала. Може дека до година и пол доев, да ја доев до две ќе имаше трауми гарант
Мојата беше свесна дека има разлика меѓу мене и татко и', баба и' и дедо и', мислам.. Не е само половиот орган, во прашање се и градите, фецијалните влакна, итн... не се глупави до толку да не заприметат дека нема разлика.
И? Како доењето има врска со ова жити се? Они ги приметуваат физичките разлики, ама не разбираат што преставуваат тие, ниту пак имаат интерес за истото на толку мала возраст, без разлика дали се доени или не.
Оптичкото препознавање на разликата помеѓу деловите на телото и свесноста за полово општење и сл се сосема различни работи.
Ја доев 13 месеци.Никогаш проблем немав со градите ниту болки ниту ништо .За мене беше уживање ,кога ја доев си читав книга додека беше помала. Многу ми беше одбивањето тешко и жално сакав уште да ја дојам ама мислев дека е доволно и ја одбив .Инаку немав никакви проблеми со градите.Имам видеа и со задоволство се навраќам на нив и си ја греам душата дека имав среќа да ја осетам таа магија од природата