1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До која возраст треба да се дои?

Дискусија во 'Бебе' започната од Spidy, 22 мај 2019.

  1. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Јас имам една “теорија” дека ќе го дојам моето дете додека не стане независно, а тоа за мене значи додека не прооди стабилно и почне да јаде различна храна. Во мојот случај беше околу 13 ти месец. Некако не можев да замислам веќе самостално дете да го легнувам во раце за да цица. Секако емотивниот момент го задржавме од сабајле, после градинка, пред спиење се гушкаме и поминуваме некое време во мазење:)
     
    На oblace1, Miss.N, zalosna и 9 други им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.363
    Сакав до година, биднаа 14 и пол месеца. Не беше зависен од цице, навечер два пати стануваше , после одбивањето сврзуваше цела вечер. Лесно го одбив. Некоја мака во доењето немаше.
    Сега не пие никакво млеко, ама затоа обожава козјо кисело , јогурт, урда се што е млечно. Мислам оти само ние не се успиваме со млеко:lol:
    Немам против кој колку сака толку нека си дои. Штета нема. Ме изнасмеа @fana со коментарот и стварно не можам сега да го замислам како цица , а голем батко :lol:
     
    На Sexybaby86, mal.ecka и fana им се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.666
    Пол:
    Женски
    Доев 13 месеци. И тоа со страшна алергија од лактацијата. Само јас си знам како ми беше.
    Се одби сама. Ноќе не цицаше од мала, преку ден само за успивање.
    Последно беше кога цицна 5 секунди ме штипна и почна да се смее.
    Знаев дека е доста.
    Млеко друго не прифати одма.
    После некое време почна кравјо по 50мл навечер. Сега пак не пие млеко.
    Нека дои кој колку сака и може. Мислам дека нема закон или правило.
    Ама мое мислење е дека дете што оди, збори, јаде се, тргнало памперс не го личи на цицка.
    Само запомнете, не се подобри мајки оние што подолго дојат.
    Како што не се лоши мајки оние кои не дојат.
    Некои сакаат, ама не можат.
     
    На Sexybaby86, EuHenIa, supergirlmb и 13 други им се допаѓа ова.
  4. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    23.954
    Пол:
    Женски
    :bow:
     
    На Spidy и Цвет88 им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Само да се вмешам, дека и на 3г. може памперсот да не е тргнат, или па и со говорот да се закасни до приближно таа возраст.
    Ќе излезе едни ги личи и до три, оти не исполниле некакви критериуми, други дечиња ги исполниле истите критериуми можеби на 1.5 ама нема да ги личи да ги дојат.
     
    На Minnie-e, Love 83, Вереничка и 10 други им се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    Кај нас од бебе дури доеше ни еднаш в раце не застана да го дојам. Само легнати исклучиво. Всушност во таа положба и започнавме со доењето, дури не открив 2 недели не фаќаше воопшто.
    Тоа е индивидуалниот сегмент во сите приказни.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.363
    А кога сте шетале надвор како?
     
  8. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    И мојата беше таква, плус цицаше до 13 м само во спиење,кога е цврсто заспана, имам зборувано.
    Првите 2 месеци воопшто не искачав, башка и зима беше, после излегувавме на кратко бодејќи нели цицаше само легната и во сон, а кога почна со цврста храна место цице и менував со кашичка и така.
     
    На mal.ecka и eli25 им се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.031
    Пол:
    Женски
    Го доев 4 месеци комбинирано со ад, еве го веќе 3 години немал настинка до сега не па антибиотик :) пу пу да не го подречам.:D
    Не е пресудно тоа само да си кажам. :)
    Во однос на темава до 2-2 ипол години е доволно. Но, еве моево во август ќе прави три па уште пие ад, па така да не можам баш да кажам колку и што е правилно, ма да сепак давањето на ад то е малку поинаков чин од доењето.
     
    На mariz и kristina.k им се допаѓа ова.
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    @eli25 ко беше многу мал беше зима, после ко почнавме кашички немав проблем за надвор, не бараше. Кај другарки и роднини пред да одевме прашував дали ќе можам да го дојам во друга соба на кревет, зошто в раце навистина не сакаше. Единствено во диспанзер по вакцина в раце сум го доела, од вознемиреност бараше и не одби така нормално.
    Затоа кажувам јас навистина немав некаков проблем со доењето, може затоа траеше долго толку, да имав може би го одбила и порано (како што го одбив од левата пред 2 години поради болки).
     
    На mal.ecka и eli25 им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Без воопшто да навлегувам или пак да ги негирам придобивките на мајчиното млеко, но реалност е дека децата се здрави, сеедно доени или на ад, додека не тргнат во градинка. Потоа, повторно сеедно дали на ад или мајчино, почнуваат маките, ако ништо друго 6месеци па и првата година.
     
    На Малечка Маша, Sexybaby86, EuHenIa и 11 други им се допаѓа ова.
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.031
    Пол:
    Женски
    Најчесто е така, но ни тоа не е пишано правило, многу деца од моја околина па и тука од форумов што читаме не идат во градинка па постојано се болни.
    Едноставно некои имаат имунитет. Јас таква среќа немав да имам јак имунитет, брат ми има, се надевам син ми на него ќе е.
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Целосно точно.
    Повеќе се надоврзував на другата страна, дека дома додека седат, без интензивен контакт со вируси/бактерии, се здрави. Почнале во градинка и почнал ``хоророт``.
    И моето беше едно од тие што до 2 год. не знаеше што е тт или антибиотик. Почна градинката и почнаа болестите. Иако 1-2 само има пиено до сега антибиотик а е скоро 4г, но икс пати беше болна првата година во градинка.
    Дај боже да си продолжат здрави сите дечиња и во градинка, но најчесто, да не речам скоро секогаш, не е така, сеедно доено или не.
     
    На Dust, mal.ecka, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.666
    Пол:
    Женски
    Мојата беше здрава додека не ја фати стрептококата... но не од градинка. Уште не одеше тогаш.
    И сега кога е болна секогаш е таа.
    Кс и црп мирни само брис од нос со наод.
    Ај ќе ја поплукам само пу пу
     
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    Се согласувам целосно.
     
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.842
    Пол:
    Женски
    Комплетно е точно. Но се согласувам и со @anastasijaki не одеше во градинка кога ја доев. Фати бронхит. Престанав да ја дојам пак фати бронхит. Внуче од прва братучетка нон стоп е болно доено долго време и не оди во градинка, другото внуче исто доено долго оди во градинка пропратни настинки без антибиотици.
    Само да ни се здрави и живи и ние со нив, се поминува :inlove:
     
    На mal.ecka, anastasijaki, Milaаа991 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Да. Само сакав да доловам дека нема голема поврзаност помеѓу доењето и болежливоста на детето(пак да нагласам дека сме сите свесни за придобивките од истото).
    Дека детето е или болежливо или не, или имало повеќе контакт со други деца/вируси/бактерии или не. Но кога ќе тргне во градинка се паѓа во вода бидејќи најчесто и она второто ќе мине низ фаза на адаптација и фаќање на вируси/бактерии и нивно лечење со антибиотици.
     
    На mal.ecka, mariz, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас имав план да дојам до годинка ама кај мене малата сама се одби на 10 месеци, ние имавме тежок старт со доењето во смисла не напредуваше доволно, а 24 часа беше на цицка, јас имав млеко ама малата ми е порано родена па се дохрануваме дур не ојача, е после кога тргнавме ад си фативме убав ред со цицање и се чудев како ќе ја одбијам кога ќе дојде време оти беше зависник од цицка. Од 9 месеци некаде почна да ми одбива града преку ден па се мачевме и завршивме само на подои кога е успана и така една вечер ја зимам да цица, а таа спие ама јас упорно буткам града и ја разбудив, е тука маж ми пресече дека бебето веќе не сака да цица џабе се мачам цел месец башка и го кршам сонот и од тогаш престанав да ја напињам и толку беше од нашето доење ( па и јас со сиот памет будам бебе што веќе има 3 онака баш обилни оброци оти голем лапач е:D).

    Да се разбереме доењето е многу важно дури како еден вид супермоќ му доаѓа, го раниш, смируваш, успиваш и го штитиш од инфекции ама сепак доењето според мене е за бебиња не за дечиња, но секој со својот избор.
     
    На Sexybaby86, oblace1, Love 83 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    јас би до 9 максимум 12 месеци. Првото го доев само еден месец за жал. Имав млеко ама и мали брадавици и не можеше да фати,се живо пробав детето гладно се мачи ни фаќа ни цица молзев ама додека одмолзев додека се напие се понервозно и завршивме на ад. Инаку идеално ми е до 12 месеци. Секако јаде се дохранува а подле годината веќе и се храни. Што поента од цицање на 2 или 3 години
     
    На mal.ecka, Coco31 и mariz им се допаѓа ова.
  20. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Бидејќи имавме многу тежок почеток со доењето, си реков дека ќе дојам минимум до годинка, а доколку бебе сака, и повеќе.
    Цицалче невидено е, 10 месеци има, и покрај тоа што има и оброци и ужинки, мора да цицне барем малку, од навика.
    Обично кога е раздразнета,плачлива,настината тогаш бара почесто.
    Не сум помислила на одбивање, иако веќе ме каса со забите,и боли ужасно! ]:)
    Рано е.
    Секако нема рандом форумски мислења или членови да ме предомислат за мојот доенички стаж:D
    Е сеа, не до прво одделение да виси на цицка, ама до кај година ипол може.
    Крипи ми се малку овие мајки до 3 па и 4 години што дојат, но добро, секој за своето:)
     
    На Sexybaby86, koritsaki, Spidy и 4 други им се допаѓа ова.