Крајно се изреволтирав сега кога прочитав дека такозваната певаљка Сека Алексич во март ќе има концерт во арената Борис Трајковски. Пред неа беше Аца Лукас и Цеца која два дена по ред ја наполни арената. И ајде сега да не продавам м*да за бубрези, и да млатам празна слама на темава, на сите ви е јасно што сакам да кажам! Што по ѓаволите е ова бре?! Па добро нормални ли се народов?!
Јас само ќе цитирам една наша позната личност...."сите истрошени пеачи, ја искористија последната шанса - Македонија, за да направат концерти, да испеат по некое песниче, за да лапнат пари". Толку!
Уфф за темава!! И ја сум крајно изреволтирана од овој турбо-фолк србизам.. Мислам дека претераааа више!! Сељачизам и што е најтрагично народот иде и сака да оди..уфф...кај отиде светов!? Ајт тамо у Србија па си слушајте пинк, и звезде гранда! Немам ништо конкртено да кажам на темата а не знам ни зошто е тоа така и зошто толку се форсира такозваната турбо-фолк естрата од Србија! Само пишав да си кажам дека не си сама Оффи и дека сум изреволтирана ептен! Ехх кај ми е клаберскиот живот!?!
Цеца и Лукас, тешко дека се истрошени и дека ќе бидат во блиска иднина.Имаат песни што се слушаат веќе 20 години,а Цеца ја наполни два пати салата без ниедна нова песна.
Не слушам турбо фолк, не сум била на концерт на некој од пејачиве, ама другарка ми беше во Метрополис Арена на Аца Лукас и тоа беше нејзин прв и последен пат. Ја удриле со флаша по глава, пукале петарди, внатре се пушело не само цигари туку се и сешто, немало воздух за дишење. А во публика имало толку многу млади деца, средношколци испопијанчени кои сечеле вени на песните. Можам само да ја замислам атмосферата, ама никогаш не би присуствувала. Не знам што да кажам, за во емисијана Bez komentara сме.
Не судам човек по тоа каква музика слуша, ама оваа масовна хипноза со тој турбо фолк не ја разбирам. Уште повеќе со тоа што нема ни квалитетна музика, текст, а за вокални способности да не зборувам. Тоа што Цеца направила два концерти овде ич не ме засега, тоа не ја прави квалитетна, ниту пак сум посакала свесно и по своја волја да слушнам нешто од неа. Причината за затруеноста на луѓето со турбо фолкот не ја разбирам, можеби е до тоа што немаме шанса во живо да видиме познати и признати квалитетни музички ѕвезди, ама не е само тоа. Пример, концертот на Лени Кравиц во Охрид - картите беа од 1000-1500 ден. што за светска ѕвезда и не е така многу, ама имам жив пример, ми вика многу е - а тој ист пример за Цеца опрчи две илјадарки без проблем. Е ај сеа?! Не дека Лени е нешто ептен, ептен екстра, ама за него било скапо 1000, за Цеца не?! Не ми е јасно, стварно. Не можам да сфатам, не ми влегува во глава, како некој порадо ќе оди на концерт на Аца Лукас отколку на Симон Трпчевски?!
Мразам турбо фолк. Никогаш нема ни да отидам на концерт на таквите ,,ѕвезди,, Ептен сељачка музика ми е. Кога ќе слушнам турбо фолк ми асоцира на сељаци и мишка парти. Не ми е јасно како некој може да рече имаат добри песни Сигурно не слушнале ништо подобро во нивниот живот па тие песни за нив се измислени. Имам една другарка се дави во солзи на турбо фолкерски песни лелее ми се ежи кожата.
Баш тоа, масовна хипноза од турбо фолкот. Можеби и јас не се изразив добро во воведот, ама на тоа алудирав кога ја отворив темава. Што се случува и зошто? Јас сфаќам дека е вкус во прашање, ама нечии вкусови навистина неможам да ги сфатам, на што се темелат? На квалитет сигурно не
Интелегенцијата и карактерот на луѓето ги одредуваш според музиката што ја слушаат? Интересно. Не знам Цеца кога издала последен пат албум, не и сум фан,можеби ти повеќе знаеш од мене, но и знам песни кои и те како ми одат уз винце. Незнам што музика слушаш конкретно, по ова шо го зборуваш ми делуваш на рокерка.. но не е важно тоа, еве на пример сега Бон Џови да направи концерт, сите ќе вриштат на it's my life, bad of roses и тако даље, песни од кои никогаш доста. Порадо би одела на концерт на човек што оставил некаков белег, отколку да одам.. незнам ајде на Милан Станкович ако може да се нарече артист. as i said колку тие песни шо можат да ме развеселат со пиење и добро друштво, ниту еден друг вид на музика не може, иако не ми се за слушање во домашна атмосфера, но радо би одела на концерт на Цеца,на Лукас уш повеќе.. Офспринг бај д веј дискриминираш
Турбо-фолкот е навлезен до тој степен што вчера на сите можни коледарски огнови 90% од музиката беше таква. И ве молам вие кои живеете во илузии дека: Сите скришум слушаме тоа Само се чаламиме, а уствари срцето ми плаче на некоја турбо кичерајска жалнопојка Се правиме рокери или рапери, а во кафеана дигаме мишка на Аца Лукас ... престанете да живеете во истите (илузии). Кога ќе ми рече некој - мхм, се правиш не слушаш, а ја знаеш Бајпас од Аца Лукас? Да, знам некој стих, за жал. Не од што сакам, туку од што неминовно допрела до моите уши, од 23ка и фолк-радио (секако не по моја желба), од секакви церемонии (крштевки, свадби, веридби), кои на крајот по дифолт завршуваат со А где журиш бато бре или еве на пример вчера - од бадникарските огнови. Не ни излегов, ама уживав во тие милозвучни песни кои допираа до мојата соба преку пвц прозори. Значи ок е, се додека некој не се меша во мојот вкус и не ми соли памет за мојата музика, не солам ниту јас за неговата. Ама кога ќе почне да ме убедува како се преправам демек и како СИТЕ сакаме и слушаме потајно турбо-фолк, е тогаш сакам да ги убијам фолкерите. Значи слушајте си, не ме убедувајте само дека е квалитетно, во тренд, или дека некој со посебна интелигенција ги создава тие "песни", а не сакам ни да навлегувам во тоа кој ги пее. Под слушање јас подразбирам сега како што си одмарам по дома, да си откачам на глас некое бесно хитче од Стоја ваша и да си ѕенѕам, да си го пеам на глас, од збор до збор наизуст и да му се радувам. Или да го порачувам во кафеана (каде одам еднаш во 6 месеци), или на некоја приватна журка. А не правам ништо од тоа. Не прават ниту моите. Ниту се тепаат на пазарче да купат 3 за 100 цедиња со Шако, Дадо и остала компанија. А колку е навлезен... па да видиме, мали дечиња на мои братучетки кои квакаат по дома без работа и опсесија им е Пинк и нивните певаљки, кога одам на гости ми ги потпевнуваат Гачице и Лепша од ночи, наместо песнички кои ги научиле во градинка; навлезен е до толку што пробаа да ме убедат дека Нова година нема да ја прославиме весело, ако недај Боже не чуеме нешто турбо-фолкерско, наместо тој нашион Били Кинг навлезен е во сржта, дотолку што една Цеца наполни два пати сала, а Здравко Чолич дури еднаш. You be the judge of that.
До кој степен? До тој степен што секој втор би дал и повеќе од 1000 денари за да ја слуша Цеца и ком. А истите пари се премногу за странска ѕвезда! Е до тој! Што радо би ги треселе фустанчињата и би ги кревале мишките на песна без текст и минимум музичка вредност. До тој степен, што малите деца ги знаат Грандовските песни и растат во духот на србинче-сељаче, а поим немаат кои се Pearl Jam, Nirvana, Pink Floyd, Aerosmith и сл. Ниту ги знаат старите Ју рок групи, ниту македонските староградски песни. Се диват, и ги величат силиконските лепотици, и ефтините имитации. Знаев дека сум родена на погрешно поднебје кога влегов во дискотека и наместо хип-хоп, дочекав да видам како младината шизи на турбо хитови. Гнасно е, и ми се повраќа! И најтрагично од се, е што тие простакуши и неписменковци се толку популарни и толку возвишени од публиката, која всушност е нашата генерација, од 14 до 24. Ние сме младина упропастена од влијанието на фолкот и ниските вредности кои се промовираат. Жално, но вистинито!
Во ред ете некој ги преферира за пиење. Ама масовно одење на коцнерти како божем леб делат таму неможам да разберам. Незнам јас за неа, иамм потчуено од рекла казала и прочитано од фејсбук статуси на воодушевени фанови нивни. Јас на пример се расположувам на Рибја Чорба, Парни Ваљак и те како со нив ми оди винцето Сосема си во право и за примерот што го наведе за Бон Џови, истите тие што ќе отидат на Цеца, ќе отидат и на Бон Џови и ќе врескаат. И иди со такви гради соживот.
И јас тоа Ана не можам да го сфатам, ептен е контрадикторно, ама тоа скапото за на Леви е само изговор очигледно, така им одговара. Турбо фолкот полека , ама сигурно си навлегува во Македонија, ама дали ќе успее да влезе тоа е друга приказна ! Од идол најсвеж пример е тоа колку е застапен кај младата популација, среќа што не е претерано, ама има лошо влијание , македонска народна песна ? - Кукавицааа , а може ли од Цеца, јас од Цеца само три песни знам и доста ми се, не ја слушам ама тие ги знам ги имам слушнато на радио или на ТВ. Страшно е тоа што песните од Аца Лукас се слушани, ужасно ме нервира таа бај пас, ем била грчка ем е БЕЗ ВРСКА. Крши, поломичу шаше , срце, љубави без веза има ептен ретко некоја поквалитетна која е турбо фолк ама се издвојува, ама да застанам да слушам Сека,Мека,Рада,Тина,Нина не доаѓа во предвид !
Анатх убаво кажа дека ништо не значи тоа што полнеле сали. Немам ништо против тие што слушаат ваква музика, али е далеку од квалитетна и жално е што и најмладите ги трујат со овие пеачи. Сите песни им ги знаат од а до ш, да ги прашаш за нашиве пеачи што се светски признати пример Благој Нацоски, прво ќе ти се изнасмее, а може и луд да те напраи ако му речеш 300 денари карта, а за Лукас колку и да е, во први редови се.
Не ги перципирам воопшто. На игнор ми се просто. Нека слушаат она што им се допаѓа исто како што правам и јас. Мене едино ме нервираат кога ќе се запалат по еден артист и одма стануваат рокерки/раперки во стил, во ИЗРАЗУВАЊЕ, е таква сељачана не поднесувам, се остало не ми смета воопшто. Ако имаат пари нека одат и на месечина Џастин Бибер да им пее шо е до мене.
Јас радо би дала и 3000 денари за Роби Вилијамс, ама ете него нема да го донесат. Затоа што, поголем ќар ќе имаат од Аца Look Ass! Сите би фрлиле пари за него, ама за Роби скапо ќе е. Тоа е жалното.
Неможам, мене ме иритираат и неможам да ги поднесам. Ова ми беше врв што се случи! Во четврта средно ми приоѓа една девојка која ломеше чаши на турбо фолк и врска си немаше кои беа Архангел и ми вика "Ти Аргангел го слушаш? Леле човече, и јас многу го слушам закон е човече секое сабајле се будам со убер македонише". И иди не се убиј кога некои такви го слушаат твоето омилено нешто. Ради такви многу квалитетни пеачи/групи/песни станаа комерцијала.
Таа сељачана за која зборуваме инаку, е истата која е опседната со турбо-фолк. Ама од Гранд, екс Арена и Жаре Бербер, понекогаш се сели на Кеј, на ул. Македонија или Ленинова, и од време на време мора да се "исполира", зашто таму веќе сите фраери се вкусени и нема ништо ново, па патот ги води на други местенца. Арно амо, пустото, таму па овие другиве фраери не дека се нешто поарни, ама види белја - слушале Ван Дајк и Карл Кокс, Тиесто, или Боб Дилан, 50 cent... И сега како пред нив да се направат фенси и паметни? Никако, ќе купат и они карта и ќе отидат, ќе даунлоудираат цела дискографија и омилена песна ќе им е онаа бе, онаа, под број 5 , и ќе слушаш како БиЛи Кинг е закон, а Стивен Тајлер е умрен итн, зашто сакаат и они да се направат троа модерни. Ама не бива бре, пустото сељачко си е во крвта и срце не ги држи, ниту нозе да не заиграат на Бајпас. Ете тоа е таа СЕЉАЧАНА. Одговорно тврдам - тие надри рокери, рапери и технаџии се уствари закоравени и закржлавени обожаватели на шунд и кич т.е. ТУРБО-ФОЛК.
мразам турбо фолк и секогаш ќе мразам... не ми е криво што некоја будала ќе си ги фрли парите за да слуша како хрчи една к***а, ама криво ми паѓа кога ќе дојди некој со карти од 100 денари за хуманитарен концерт со поквалитетни пејачи за некое дете болно од леукемија(пример) имаше полно годинава, а ќе се продадат 2 карти, а за силиконите на цеца сите даваат по 1000 дефинитивно забегал народот!
starfish кој мислиш дека бара повеќе хонорар Роби или Аца? Ја донесоја порано и Пинк, преполно беше. Значи не е до тоа дали ќе има паметни луѓе или не,бидејќи сепак ќе се наполни салата кој од фанови кој да бидат видени, но сепак ќе ја наполни. Појќе профитираат на Аца, бидејќи поефтино ќе го платат од Роби, шо е логично на некој начин. Квалитетот е неспоредлив, но кој те прашува дали знаеш да пееш кога си златна кокошка? Но, тоа нема воопшто никаква врска. Организаторите сепак профитираат без разлика дали оделе луѓе шо слушаат турбофолк или вистински рокери. Ако им се може нека одат, не ми сметаат, наведов мене што ми смета конкретно. Ништо не ми имаат згрешено за да ги мразам и да ги мислам за ненормални, бидејќи можеби меѓу некој од нив се наоѓа човек кој е тродупло попаметен од мене. Не осудувам ничиј стил на музика. Во секоја музика има некаква убавина, колку и да не ја разбираш штом е слушана значи постои. На кој било концерт прво се гледа на квантитет па на квалитет.