Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До кој степен е навлезен турбофолкот во Македонија?

Дискусија во 'Музика' започната од Offspring, 6 јануари 2011.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Доказ за турбофолк хаваријата, е отворањето на темава уште 2011 година. Еве 2015 е, а сведоци сме на се` повеќе бош хитчиња од страна на Гавазова, Ацевска и слични латентни спонзоруши кои само уште во музичката индустрија не си ја пробале среќата. Освен тоа, скоро и да нема дискотека или приватна забава која не` изобилува ваква музика. До таа мера што за време на викенди навечер речиси невозможно е да поминеш од рекорд кон часовникот, а од локалните кафулиња да не те поздрави личната карта на Аца.
    Стасавме до таму, човек да не знае дали да плаче или смее кога ќе чуе дванаесет годишно девојче како ја пее ''Гачице''. (facepalm)
     
    На crazylady, Annath, referentka и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    А незнам само како и уште се гордеат со турбофолкот типчињата. Сељаци е прелесен збор за следново: Секој ден ги гледам едни во мојот град со отворени џамови во колата, рацете надвор, со ланци тракатанци и пишти гласно турбофолк од колава - еднаш Љепша од ночи, еднаш Мутшулук, еднаш некоја си од Цеца беше. Абе сите и јас ги слушам и ги знам песниве ама до тој степен да се бламирам и сите околу да ме слушаат а јас да правам кругчиња со колата неможам да сфатам.
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Болдираниот дел докажува до кој степен е навлезен турбофолкот :D.
    До степен на тоа да слушателите на турбофолкот веќе и не го распознаваат туку си мислат дека слушаат којзнае каков нов правец во музиката.
    Имаш право „Моје злато„ не е турбофолк туку УЛТРА СЕЉАЧКА ТУРБОФОЛК ПЕСМА. Ако не се согласуваш со мене те молам просветли ме под кој жанр на музика ќе ја сместиш оваа песна?
    Тие што ги наброја како народни само да ти кажам дека се исто така далеку од народна музика туку се типичен турбофолк, не ја вреѓај народната музика сместувајќи ги овие квази пејачи како дел од народната музика.

    Секој жанр на музика има своја приказна и историја освен турбофолкот, погоди зошто?
    Од која култура е произлезен? Кои се почетоците? Кои се инструментите? Зошто е произлезен? Што кажува? Што можеш да научиш од тоа? Како те опишува како личност? Во што се пронаоѓаш од тој стил на музика?
    Одговори си ги овие прашања прво па можеби и ќе ги сфатиш обожавателите на металот, рокот, класичната музика, џезот и слично.

    А јас ќе се обидам да ти одговорам на овие прашања чисто за да ти приближам зошто за мене ова не е музика за паметни луѓе.
    - Произлезен е од кафанските певаљки од бивша Југославија за подобро да ги забављаат пијандурите кои виселе по кафаните
    - Неможам да детектирам кои инструменти се користат за да се добие музиката на такви песни
    - Настанат е за да се забавља простата народна маса која не е способна да разбере посложен текст од „ломим чаше по кафане„ , „моје гачице„ , „све су курве„ ...
    - Најчесто говори за ефтини женски, мачо мени, алкохол и коли, со еден збор за најпростите теми на разговор во општеството, ништо содржајно
    - Што можам да научам??? Па освен како да станам спонзоруша и што да барам од удварачите да ми купат ништо друго...
    - Среќа мене овој стил на музика не ме опишува како личност но лесно можам да оформам мислење за личност која го слуша ова и лесно би можеле да ја опишам како личност без некои големи морални вредности, личност која себеси не се вреднува доволно, дозволува ефтини стихови да ја забављаат, стилот на облекување и однесување во голема мера е сличен како и на певаљката која ја изведува песната, жалосно е да дозволиш да те опишуваат епитети од турб фолк песничка
    - Последново нека ми го објасни некој кој слуша турбо фолк за да не си дознесувам заклучоци и просвлетлете ме со нешто содржајно.

    ОККК, за вкусови не се дискутира ама ова веќе не е вкус НЕВКУС е!
     
    На elanor, sparklie, danichap и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    3.951
    Пол:
    Женски
    Abe ako sakam ne moe zlato... i jaci nego ikad juzni vetar ke si slusam... a za tie luge sto se profesionalci da velis deka muzikata im e nevkus... moja rabota e sto slusam gajle da ne ti e ic :) bas mi e ubo... inaku moe zlato turbo folk... heheheh ne zlato ! :))))) velika greska si. Znaci jas sum selanka, glupa, prosta pa slusam turbo folk? Uf pa srcka jas imam skorz razlicno mislenje mislam deka bas selanite od strav sto se selani ne slusaat turbo folk da ne se dozapustat :D A jas nemam gajle i da slusam, si znam kakov status sum. Kjao :)
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Епа што е?
    Еве навистина незнам, кажи ми што е, кажи ми во кој жанр спаѓа?
    Ти слушај си што сакаш, тоа никој не ти го брани...
    Професионалци??? Музичка академија да не имаат завршено?
    Уствари во право си, професионалци се во забавување на широката народна маса, тоа не го оспорувам. Штом можат на толкава маса на луѓе да им задржат внимание секоја чест, значи навистина се работи за талет. Нормално не го оспорувам тоа дека има пејачи/ки со навистина одлични гласовни способност, за изглед исто секоја чест како си се одржаваат... Исто така неможам да оспорувам дека многумина од нив се интелигентни и образовани. Јас искрено им симнувам капа што стигнале до таму и прават милиони, дали за нив тоа е вкус или невкус небитно, битно они имаат ќар, они прават пари забавувајќи луѓе и ич не им е гајле.
    Тебе ќарот кој ти е? Што научи ти од тоа?
     
  6. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Турбо фолкут е навлезен до таа мера што нема враќање назад, според мене тоа е жалосно.
    Јас направив еден експеримент да проверам колку моите пријатели се затруени со турбо фолкот и го направив следното. Поставив на ФБ една турбо фолку песна со тотално бесмислен текст, една екс ју песна евергрин, една поп домашна и странска. Знаете ли која доби најмногу лајкови?
    Одговорот не ви е потребен веќе го знаете.Замислете ја таа младина на која Цеца или Карлеуша им се идол.
     
    На Valerin и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  7. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно што па вас ве интересира кој каква музика слуша? И како можете па вие да окарактеризирате дека само сељачишта слушале фолк/турбо-фолк? Тоа е исто како да кажеш дека само наркомани слушаат метал, само психотици слушаат реге, само конзервативци слушаат класика или само street клошари слушаат рап. Секој си слуша онаква музика каква што го инспирира во моментот, а ако сакам да седам во кафана и да пијам ракија, сигурно нема да земам да слушам нежни звуци на виолина.
    Изборот на музиката е дел од моменталното расположение. И мене не ми е пријатно кога седам дома и учам за испит, а под балконот мој у кафаната некој слуша Шабан и пие. Не ми е пријатно ни кога комшијата ми пушта dubstep а јас се обидувам да се сконцентрирам на работата. Ниту ќе ги наречам овие од кафаната сељаци, ниту него наркоман или нешто, пошто утре и јас ќе се веселам и некој мене ќе ме окарактеризира така.
    Кој што сака нека си слуша во свој простор. Кога толку ве иритира турбо фолк не одете по тие места каде што се слуша, ама тоа не значи дека смеете да си давате за право да етикетирате луѓе кои тоа го прават. Штетен бил турбофолкот за младите? Се протежирало блуд, разврат и остало?
    Јас повеќе гледам блуд и разврат во спотовите на Ријана или на Џеси Џеј, а таа музика као ви конвенира вашите деца да ја слушаат. Овдека бар само за пиење се пее. :)
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.641
    Пол:
    Женски
    До тој степен што може да те рачунаат за wierdo ако кажеш дека НЕ, во никаква прилика „песниве“ не те погаѓаат и не те тераат на дигање раце и кршење чаши... и до толку што има личности од кои кога ќе им кажеш дека не знаеш некоја квази ѕвезда од жирито на Ѕвезде Гранда, можеш да си добиеш поглед како да не знаеш дека Скопје е главен град на Македонија (facepalm)

    Знаете за она it pays to keep an open mind, but not so open your brains fall out? Епа ова баш ми важи за прифаќањето на турбофолкот во граници на нечиј вкус различен од твојот.
    Има граници на она ствар на вкус оправдување, и како што е тоа Лајлица во литературата со „сељакот што се пува и кобилата што се испентарила на штикли“, така се турбофолкерските гачици, ломење чаши и правење синови во музиката. Не, не сум можела и никогаш нема да разберам како некому овие шунд звуци може да му бидат пријатни за уво, и како овие фејспалм текстови без никаква вредност и емоција можат да погаѓаат некого. И затоа не можам турбофолкот да го вклопам во границите на нечиј вкус, бидејќи како што рече Мимс тоа е ствар на невкус.
    Ако на нешто сум хејтер, тоа е турбофолкот, и енд оф стори. 8-|

    П.С. Само немојте Моје злато да ја спомнувате молим вас, толку ѝ припаѓа титулата најиритантна и најсељачка песна ever, што со самото читање на насловов ми иде да побарам тампоните за уши низ дома... (lalala)
     
    На sparklie, Annath, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    3.951
    Пол:
    Женски
    Of lele, luge potpolno se slozuvam so @NovusOrdoSeclorum, ne mozi nikoj da mi go zabrani toa sto sakam da go slusam, jas licno metalot go smetam za nezdrava rabota ne turbofolkot posto ima razni vrsti na turbofok ne se site kako sto gi znaete.
    P.s Turbofolkot go sakam, samo so nego se raspolozuvam, moja rabota e sto slusam, ako ima nekoj sila da go ospori toa neka pocne od metalcite mrsni. ;)
     
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Колку и кои метал групи/песни си ги слушнала, за да го добиеш овој впечаток?
     
    На crimson, Nausicaa, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.865
    Пол:
    Женски
    Значи никој никому не забранува да слуша нешто. Работата е што можете да си го слушате сами, без да труете луѓе околу вас. Имам еден комшија што има озвучување извадено на тераса, не се живее овде ни дење ни ноќе од него. Уште и караоке, некој го излажал дека е музикален. Животов ми го загорчува.
     
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    3.951
    Пол:
    Женски
    Nikolku, ne me vlecat voopsto da gi slusam. Samiot zaklucok go dobivam od izgledot i iskluceniot karakter na lugeto sto go slusaat toj tip na muzika, tie sto gi poznavam i gledam vo edno kafule (edno e fala bogu) deka ne se mnogu rasprostraneti... Mene licno ne mi smetaat ama uzasno mi smeta toa sto go smetaat turbofolkot za selski a sami ne se gledat.
     
    На DesertGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.391
    Пол:
    Женски
    Kако прво и прво секој си има право да си слуша шо сака, никој тука не да осудува оти некој слушал турбофолк, или пак рок, метал и сл.
    Да тргнам лично од мене слушам секаква музика, освен рок/метал ради тоа што ми го дупи ушите и мислам дека ќе се мрднам и 1 мин да ја слушам.Неможам, одвратна ми е.Ама затоа пак има полно што обожаваат таква музика и не сум јас тука никој и ништо да осудвам или да се крстам велејќи дека тие кои слушаат се деца на сатаната.
    И не знам стварно што толку ви смета турофолкот.Јес да, ијас не поденувам одредени пејачи и песни, ама има полно на кои можеш да се забавуваш.Слушам и англиски, и македонски и српски поп, ама турбофолкот во смисла три чаше, лепотан, ти моје злато се шлаг на секоја торта буквално.Најмногу забава се праи на нив ма колку и да сакате да одречите тоа е тоа.Знам, бев брзо на роденден кај една другарка.Коа имаше англиски песни сите дремеа ко утки и се жалеа дека им е досадно, а коа се пушти турбофолкот се шекнавме сите.
     
    На Youknow и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  14. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Како што ти имаш став за турбофолкашите, така @Youknow си има за металците. Неправилен или правилен, нејзин си е.

    Добро бе невкус. За друг е невкус Џеј Ло или онаа Ријана што крешти и појма нема од пеење. И истите тие пропагираат полови органи, пцовки, наркотици и свашта. Што, демек на посуптилен начин тоа го прават? Или глупавите песни као Ела, Ела е-е-е-е-е посуптилни ти звучат дека англиски?
    Ни јас не слушам турбофолк, па не ми сметало никогаш некој што тоа го правел, нити па да го вреѓам. 100 људи - 100 чуди. :)
     
  15. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Имаш погрешна слика за тој музички жанр и за луѓето кои слушаат таква музика.Видеото подоле е од група која се вика Металика и е метал,less heavy е..иде накај рок,но метал е сепак...Не се сите песни само урлање и дерење.
     
  16. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    3.951
    Пол:
    Женски
    ^ Dobro, ama ne sakam da gi slusam ednostavno fala ti za objasnuvanjeto. :)
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.961
    Допаѓања:
    81.295
    Пол:
    Женски
    И јас и дечко ми слушаме метал, рок, гранџ, излегуваме и се мешаме низ луѓе по кафичи и насекаде, а ете чудно, не познавам некој кој ме покажал со прст или ми кажал дека сум лошо друштво.
    И уште ли е актуелна фората со металците и мрсните коси? Еве не знам, јас очигледно се дружам со некој подвид, миени и чисти луѓе.
    Ова е исто како кога некој би кажал дека сите турбофолкери се со запотени мишки, љубовен килим и брк, со неизбежниот ланец око врата.
    Смешно и жално, баш така се чувствувам додека читам вакви коментари.

    Не е до музиката, до луѓето е и до тоа кој колку сака да прифати нешто поразлично од сопствениот вкус.
    Јас не можам да слушам турбо фолк, ако некој сака да ме измачува, ете слободно може да ме затвори во соба и да ми пушта гранд хитови. Гарант ќе се швркнам додека да се стемни.
    Но, имам пријатели и пријателки кои преферираат ваква музика и со кои имам прекрасна дружба и едноставно е смешно да се прават вакви поделби на основа на музичките вкусови или што и да е.
    Ниту сум мрчела, ниту ми мрчеле или вртеле очи за музиката која ја сакам.
    Камо сите да прифаќаа критика и да беа барем пола од она кое се тие.
     
    На Annath, crimson, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  18. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    @Youknow Нема на што
    За жал,секогаш постоеле стереотипи..не само за тоа какви луѓе слушаат одреден музички жанр туку општо за се..Скопските аеродромци се сељаци,манекенките се глупави,кај Британците е "развртот"
    Конкретно на темава,да..торбофолкот е навлезен и доста присутен што не е чудно поради тоа што се наоѓаме на Балканот.
     
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Абе "Моје злато" не е турбофолк,забавно е...ејјј па и вие :P
    Јас стварно не можам да ги разберам слушачите на овој тип од музика...Секој со свој вкус ама... :/
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како кафичите и ноќните клубој си дозволуваат ваквов вид на музика. Значи си има свое место, не можам да поднесам веќе поминвам по Широк Сокак градот на „конзулите и културата“ и од сите страни ечат вакви музики...