Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До кој степен е навлезен турбофолкот во Македонија?

Дискусија во 'Музика' започната од Offspring, 6 јануари 2011.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Е, фино.
    Значи лошо е да облечеш црна маица и машко да има долга коса, а океј е во сатенска завеса да се исфрлат цицки на мегдан и да се тресат у транс на гурам, ал нече да уџе, моја нога у ципеле туџе?
    Јас кога носам цветно фустанче, дали значи дека ми дошол денот од годината кога конечно се капам, па можам да носам светло за да не ми се познаваат круговите од пот и понекоја капка крв од животните што ги жртвувам на полна месечина? :wasntme: Али гилти ес чарџд, имам мрсна кожа, јебеш га, мајка природа.
    Причината поради која (мислите дека) металците или било кој „странски“ народ не се меша со турбофолкерите, е баш затоа што си правите вака филмови дека од којзнае кој сатанистички култ идат и гледате накриво ко да нож ќе ви се збрца во грло.
    Али ова добро зборува за навлезеноста на турбофолк менталитетот т.е. ако не е ко мене - ѓавол е.
    Не дај Боже па човек да ви каже колку добри души и најкул-на-свет луѓе се бајкерите - да, оние крупни, забрадени батки со тетоважи, елеци и огромни мотори. Али ете, ваљда прав мушкарац носи раскопчана, сатен кошуља и ја изневерува и занемарува жената до степен да воли укус његовог ѓона и да го колне да умре дури ја онади другава. (не знам, еве, кажете друга причина зошто би се пронашле и би ве погодило да се опиете на ова)
    Како може воопшто да имаш став за нешто што ти е непознато? (facepalm)
    ---
    Иначе, ова оправдувањево дека на турбо фолк била ултимејт забавата, ви е врв.
    Нормално дека на тоа ќе се креваат мишки - пола и више раја не ни разбира англиски (или го разбира површно), а камо ли фрази што постојат само во тој јазик, па и не може да се пронајде во текстовите.
    Не кривам и не се потсмевам, ама не ми велете бре дека „рамдагадам чује се када ти га дам“ ве погаѓа во срце и/или, далеку било, се пронаоѓате во тој стих, пошто во тој случај, тешко оној што се себе-деградира до тој степен.
     
    На sparklie, Annath, Giovanna и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не знам дали спаѓа под турбо фолк, ама песната Ti moje zlato е закон. Да не се спомнува во темава ќе ве молам. Поздравче.
    Да додадам, да ја пееше песнава некој шпанец или ватева, и песната се викаше ај се ту пего на пример, пошто слични ми се, немаше да е проблем а?
    Не се што доаѓа од Србија е срање, се рекло турбо фолк и ајде плукај по секоја песна без разлика дали ти се допаѓа или не, српско е, некоја пуфла пее со минич и цицки на мегдан, па мора да е лошо. Каква не музика немам слушано, албуми и бендови можам да ти бројам со денови, па не отфрлам така слепо се што доаѓа од Србија или Бугарија пошто нели, бугарски певаљки. Не сум експерт да препознавам корени, стилови, тежина на композиција и слично, слушам што ми е добро за уво. Ниту се идентификувам со пеачи и нивни биографии, ниту ме интересира дали песната ја пееле закопчани до грло или во долен веш, ниту имам комплекси да кажам што ми се допаѓа а што не, макар било тоа и нешто од Гулабица ако е добро.
     
    Последна измена: 7 јуни 2015
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Металот-нездрава работа,металци-нездрави луѓе:clap:.Те молам(facepalm)
    Он топик јас лично не го сакам турбо фолкот.Текстот нема некоја смисла.Пример:


    Ова ве импресионира вас?Мене лично не.
     
  4. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    3.953
    Пол:
    Женски
    A vas ve macat zenite so cicki rasleceni i ve asociraat na turbofolk? Hmm.. Abe aj malku relax koj so mu e ubavo toa ke slusa. Ne mozi site da se isti.|-)
    P.s Ova e izrod i jas ne go slusam ova..m zboruvam za luge so izgradena kariera pretstavnici na turbofolkot...aj zz
     
  5. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.504
    Пол:
    Женски
    Turbofolkot ne e tolku los kolku sto ima losi pejaci , znaci ima dosta ubavi folk pesni , ali tie tetkicite so silikoni mu dadoja pogresna slika , znaci pojma nemaat od peenje oni peat :/
    Inaku jas sakam mn rok muzika i ona najmnogu sto me boli vo dusava e toa sto vo Srbija nasiot sosed idat svetski poznati pejaci/pejacki a kaj nas tie tetkici sto pojma nemaat pravat koncerti ovde i najavuvaat koncerti pa gi prestavuvaat kako svetski poznati pejacki a oni se samo pevalki od kafani od po podrumi i sl , a sto e najtragicno na nivnite koncerti sepak odat makedonci :/
     
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: @calliope, значи ме пресмеа со погорниот пост, мајке ми... :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: Ѕвер си! Ама кај ти истекнаа сите тие работи?! Мора да те понел моментот ептен. :rofl::rofl::rofl::rofl: Туку (без да ме сфатиш погрешно, не си единствена, имам многу примери околу мене, а и самата сум таква), кај си ги научила бре стиховиве, жити мене? :lol:

    Капа ти симнувам :bow:
     
    На calliope му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Ќе ве молам некој да ми даде линк од горе ПРЕчесто споменуваната песна “мое злато“ за да можам на раат да ја следам дискусијата.

    На прашањето: турбофолкот е навлезен во Македонија до... па, до балчак. Да не е жално би било смешно на што ни се пали младината!
     
    На Anabelle.Amorette, Someonespecial, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  8. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    @calliope мрази турбофолк, ама сите песни ги знае. Тие ми се омилени. :D
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  9. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.391
    Пол:
    Женски
    Рамдагадам турбофолк?Сериозно?(facepalm)
     
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Оваа ли е таа фамозна „Моје злато“? Не ми е позната мене, за среќа.

     
  11. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    3.953
    Пол:
    Женски
    Tie kakvi temi otvorija poddrzuvaat sadisti,mazohisti,seks so zensko, seks vo trojka, orgii i neznam uste sto a se zapnale za turbolokot ne mi se veruva. Ako ste tolku liberalni za tie temi,poddrzuvajte go i turbofolkot!
    P.S Smesni ste da se raspravate tuka za vkus, koj saka i sto saka ke slusa neli, a pederite i lezbejkite sto sakat da prat vas ne vi precat? Epa sto tolku ova vi preci? Abe vo Makedonija zivejme nazalost i vie i jas :) ako ne vi cini mozite slobodno gitla da fatite. Nikoj so sila ne tera nikoj da sedi tuka....
     
    Последна измена: 7 јуни 2015
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Во слободно време, Калиопе по дома облекува црвена чипка, го боде сукалото на мајка ѝ во цреп за да стои исправено, и после се врти околу него, глумејќи певаљка. :$

    Не се правете удрени со бојкова чорапа. Живееме во гз места каде од секое ќоше ечи Миле, Аца, Дара Бубамара, Цеца, итн., и каде по кафичи групно се гледа Ѕвезде Гранда и се навива ко ЛШ да е. Да пуштаат Верди и Рахманинов, тоа ќе знаевме да наброиме. За жал, не знаеме.
    Не знам, се гледа како очекувате дека ако човек не слуша т.е. не сака (да бидеме прецизни) турбо фолк, да не се движи и да не се дружи со луѓе што слушаат, па мислиш коооојзнае колку е чудно да знае песни. Напротив, една од најдобрите мои другарки си слуша тоа често...и не ми пречи, и ќе ми пушти нејзини песни и јас ќе ѝ пуштам мои, па ќе се смееме колку ни се несфатливи...па ќе ја жртвувам на богот Наркометаликос, и така.
    Целата поента на муабетов е дека погоре џабе се фативте за паралела металците какви биле, кога немате апсолутно никаква основа, освен што на јавно место сте ги виделе како се облечени и што сте чуле дека седат на цимент во зима и се тапшаат по вена.

    Бонус: у добро расположење, еве ви и предлози од мене, преслушајте си.
    Лиле и Јужни Ветар - Кецељица
    Минела - Ти пропадаш јер се дрогираш (многу поучно и дирливо)
    Зока Босанац - Моја жена има швалера (распар срца, сипајте ми ж'ту)
    Хорор Бишке - Масовна сахрана
    Група Сателити - Полицијо, опрости ми
    Слаџана Ристич - Мафијаш (јака порака + жишка спот)
    Бора Мајсторович - Кавасаки

    Си ги знам бе...по стопати ги имам прегледано и не ми е срам. И пак ќе ги гледам. Лек за срце се.


    И да, џабе ги маскираат со тупца-тупца ритмови и жални обиди за хип-хоп/диско/модерен призвук, кога длабоко во текстовите лежи оној вечен порив да се пее за сузбивање, превара и лака веза за једну ноч ради љубавни бол - каде сред кафана/дискаќ фраерот ќе ја зграби цурава што напатено се налева со водката и ќе ја разлапа за да ѝ ја олесни болката.
    А, да ми опростите, таков текст не е ништо поразличен од оној на Мира Шкорич (таа ми е омилена за имитирање, ако ве чуди од кај ја знам) и компанија, само сменете ритам/музика.
     
    На crazylady, Valerin, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  13. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Хејтерите се секогаш најверни фанови. Мене многу ми е гајле, нити слушам, нити хејтам :D
     
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    ^Последниве години некако ги стеснив кругот на луѓе со кои се дружам и ми се сведе на такви кои имаат колку-толку слични интереси со мене, така да се' помалку сум принудена да слушам турбофолк. Телевизија ретко гледам, ама да, кога ќе пуштам фршти Звезде Гранда и плус на некои други неизбежни места сум изложена на музикава. Затоа ме изнасмеа со постот, затоа што ме потсети на мене пред неколку години, буквално ме расположи. Ме интересираше да видам само дали и други го прават истото што сум го правела јас. :D Често пати сега во моменти кога ќе аздисам или сакам да го нервирам брат ми или мојов (кој, патем истото ми го прави), ќе фатам да реметам со некоја таква песна, ама што била популарна пред неколку години. Вака сега се осетив малку „заостаната“, покрај стиховиве така вешто инкорпорирани во твојов текст. :rofl::rofl::rofl:

    A инаку, тоа што највеќе ме запрепастува е следново: кога барам некоја странска песна на интернет - тешко се наоѓа, а турбофолк песниве е толку лесно да ги најдеш - чудо едно.
     
  15. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Тотално сум аут со овој тип на музика и поим немам дали има во Македонија турбо фолк пејачки/пејачи ?
    За овие од Србија знам дека ги има неброено. Кој сака ваков тип музика нека си слуша. Неразбирам зошто некому би му пречело тоа што некој слуша турбо фолк ? Негов/нејзин избор и право е да си слуша што сака, зар да прашува некого што да слуша :music:^_^ :music:
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    До превисок степен, кога веќе не се издржува. :D

    Не слушам турбофолк, ниту пак некогаш ќе слушам.
    Кичерај до бескрај.
    По фејсбук секој втор поставува некоја турбофолк песна, речиси секаде ечат вакви песни.
    10-годишни деца, па и помали обожаваат вакви песни. За нив да речеш, ајде мали се, не разбираат, ама голем дел од тијнеџерите слушаат, па дури и повозрасни личности.
    Нè загушија со Пинкови ѕвезди, Ѕвезде гранда.....

    И доста веќе со тоа, се буните овде, а дома потајно ја слушате Цеца и компанија. Или пак не слушате, а на нови години лумпувате на турбофолк. И тоа го имам слушнато.
    Ма иди бегај бре.
    На Нова година може да се забавува и денса :dance: до бесвест на многу песни кои не се турбофолк или пак на било која друга забава.

    Оставете ги. Мора да има и такви што немаат вкус.
     
    На Annath, joy1, Anabelle.Amorette и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Се напна...
    Од кај до кај ја доведе темава каква врска има садо-мазохисти,педери ,лезбејки и такви работи ај не мешај работи кои немаат врска една со друга...
    Ако толку ти е убаво да слушаш турбофолк слушај си некој да не ти брани?
    Од прееска само коментираш нешто ко демек ќе ни го смениш стилот на музика...
    И не значи дека ако живееме во Македонија дека треба турбофолк да слушаме.
     
    На Valerin, joy1, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    3.953
    Пол:
    Женски
    Go nametnuvate vaseto mislenje i vregate pokraj toa, ako ne ti se sviga ne slusaj izbegavaj i to e to... Inaku daleku od to deka sakam da ti go smenam mislenjeto taman rabota hah, ama ti mene uste pomalku...:smirk:
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    A zosto ne mi odgovoris na prasanjata? Taka ne ti odgovara neli? Bitno da se kazelo nesto, ako ti se dopaga toa sto go slusas odgovori mi na prasanjata, argumentiraj me, moze ke me predomislis, moze I jas imam pogresni sfakanja za turbofolkerite.... odgovori mi.
     
    На calliope, Viktorijaaa5, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    3.953
    Пол:
    Женски
    Abe so da ti kazam tebe, ova e mnogu prosto koj sto saka toa ke slusa ajde sega i za ova najdovte racki za raspravanje? Jas ne Baram da go promenis svoeto mislenje nitu ti moeto i gotovo. Sekoj covek se pronaoga vo nesto koga sme kaj muzikata sekoj se gleda onaka kako sto saka i mu odgovara. Mislam problemot e resen. Samo da naglasam deka ne mozite toa da go smenite na bilo kakov nacin nitu ednite drugite ni obratno..