Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До кој степен е навлезен турбофолкот во Македонија?

Дискусија во 'Музика' започната од Offspring, 6 јануари 2011.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Абе ко ОБСЕ си со божемнава неутралност, а уствари апла се гледа кон која страна тежнееш.

    Последниве муабети ти се многу збориш, а ништо не кажуваш.
    На стереотипно размислување вративме неколку души со подеднакви стереотипи. Толку.
    Па колку сме сељаци, празноглавци и лопатари, зависи од капацитетот на човека да разграничи кога соговорникот е сериозен, а кога не.
    И по темине за бременост мислат дека се многу вицкасти, а уствари најголем дел глупи прашања идат од тролови што го нашле најлесниот начин да потпалат раја желна да се докаже.

    Еве погоре спомна ти што си знаела за музика, ние не сме ни слушнале, па еве, по трет пат - кои се поджанровите на турбо фолкот? Толку е едноставно прашањето и бара едноставен одговор.
    Кажи си ако знаеш, премолчи си ако не, и терај. Не дека темава бара не знам какво знаење, ама многу побрзо се докажува поента со конкретен одговор отколку со киша око Крагуевца сценарио што е ептен симптоматично и спротивно од сликата што мислиш дека ја создаваш.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Ти.
     
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.641
    Пол:
    Женски
    А тебе што ти е поентата, да испаднеш хејтер на хејтање на нешто што „можеш и најголем хејтер да бидеш“? :?:
    За тоа дека имаме идентични ставови и вкусови, на пример за разлика од Калиопе со која имаме ист став на темава, јас еве не слушам метал (така барем сфатив по нејзините мислења, дека ја слуша таа музика).
    Е, ама баш тоа за металците ми е вистински пример за ствар на вкус и неоправдани предрасуди. Јас лично еве сум за нешто помеко и весело, слушам електронска музика (денс, хаус), поп рок, италијански и латино песни итн... метал и хард рок едноставно не ми се пријатни за уво, ама знам бре дека имаат вредност, текстови, иако во мој вкус не спаѓаат. За разлика од турбофолкот што не можам да разберам како може кај некого да предизвика други чувства, освен смеа ради урнебесниот левел на глупоќа во текстовите (како оние во постот на @Sky-butterfly :D)

    А за америчките што толку ги плукаш, сериозно вакви песни на пример можеш уопште да ги споредиш со Рамдагадам, Моје злато и слични?

    Не негирам дека вулгарност и голотија често има и кај нив, ама стварно смешна е споредбава на музиката. Ај ти наведи пример на некоја асална песна што спаѓа во турбофолк, па после хејтај други?

    И да, ги знаеме (за жал на нашите уши) овие најголемите „хитови“, тоа е и трагедијата и доказ дека толку е навлезен турбофолкот, што неизбежно е да си ги слушнала барем еднаш на некоја прослава, па дури и од некоја зграда да ечат во раните утрински часови :D

    A тоа што највише ми боде очи во еден коментар... кај виде некој да спомна дека немаат добро срце оние што слушаат турбофолк? :^)
     
    Последна измена: 8 јуни 2015
    На Dabria, calliope, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  4. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Многу нормално дека не знам за постоењето на 90% од шабаните кои ти ги слушаш.

    О, апологету на турбо-фолкот, темава самата пека да престанеш со лицемерните искази за хејтот како главна препрека на поединецот за неговата асценција кон нирваната додека истовремено, види чудо господово - се дефинираш како хејтер на хејтерите.
    На твојата декларативна и изрекламирана напредност, пак, не и оди во прилог еден прост факт - не покажуваш знаци дека си согледала општествен проблем кој не треба да си натпросечен интелект за да го исперцепираш. Во Македонија се појави лоша мода која зема замав повеќе од 10 години, дојдовме до ниво сељаци јавно да наметнуваат нивен стил на живот. Никој во денешно време не може да им забрани да бидат такви какви што се, ама може да се ограничи емитувањето турбо-фолк само на одредени места, само на одредени (минорен број) медиуми, наместо тоа овде го сведочиме обратното. Оваа држава каква и да е, не заслужува неартикулираниов спој на тонови да ечи од секој ќош. Не е тоа веќе live and let others live за да им забрануваш на другите да се искажат, тоа е аномалија во средината чие влијание го чувствуваат сите сакале-нејќеле, поточно сите кои не се и слепи и глуви воедно. И не ти е никој на темава свети Петар, па да го интересира добрината на душите за да се трудиш да параш срца со такви трогателни флоскули во недостаток на аргументи, ок? Башка што јас не верувам дека сељак кој е способен да ја затрујува околината со невкус и да ги сквернави сопствените и туѓите органи за слух е така добра душичка колку што ти веруваш дека може да биде.
    П.С. Од почеток те поддржувам во обидите да не се замараш веќе, бесполезно е за тек на дискусија.
     
    Последна измена: 8 јуни 2015
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересираше прашањето, најсериозно.
    Како да ве сфати човек сериозно кога вака комуницирате?
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Chemical

    Chemical Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    Турбо фолкот е навлезен до тој степен што најголемите културни дејци и оние што воопшто не го слушаат, знаат да запеат по некој текст.
    Замисли, после опера седнуваат во некоја кафана оперските пејачи/пејачки пијат две-три чаши вино и се качуваат на маса и сечат вени на некоја срцепарателна турбо фолк песна.
     
  7. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Не ни сакам никој сериозно да ме сфати. Не ме цитирајте во темава. Продолжете со плукање по се што не ви се свиѓа, повеќе од љубење на она што ви се свиѓа и ќе дојде време кога ќе сфатите колку празни и несреќни сте.
    Не одговарам веќе I am out. Addio. :)
     
  8. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    За мене, турбо фолкот, и овие новите српски и бугарски песни како Моје злато, од Саша Ковачевич што се исто така турбофолк, а го продаваат во некое ново модерно пакување, ми се на пример на исто ниво со повеќето поп и мејнстрим рап песни, како некои од One Direction, NIcki MInaj, Slatkaristika и слични глупости шо ќе ги слушнам на мтв. Ријана и Бијонсе некој ги спомна.. Не слушам од нив, ама они знаат да пејат, на некои песни текстовите не им се без врска, има доста добри поп изведувачи во светот.
    Факт е дека оваа музика е едноставно попроста. Најчесто се зборува за пари, скршени срца, жени или некои слични глупости, Секој може да ја разбере, има едноставен ритам и певливи рефрени, лесно влегува во глава и затоа лесно се продава. Не треба да имаш некој посебен глас, не треба многу да мислиш за текстот, не мора ни да звучи добро, доволно е да е заразна.
    Секој може да сфати за што се зборува на пример во Моје Злато, или некоја песна од Цеца, а може ли секој да сфати за што се зборува во Heart shaped box од Nirvana на пример?
    Јас да си кажам, порано слушав типични глупи поп песнички. Знаев дека има подобри изведувачи, ама не можев да ги сфатам песните. Така е и кај тие што слушаат турбофолк, не можат да сфатат по комплицирана, поквалитетна музика, од други жарнови.
    Не велам дека една песна мора да биде комплицирана за да биде добра, ама турбофолкот стварно звучи лошо. Ама некои од нив се направени само со цел за забава.На пример Моје Злато, Уно Моменто, Рамдагадам не се за да ги мислиш, тие се за играње.Сум се изнаиграла на нив, ама не менува што се забегани. Јас не ни ги сметам за музика. Ми смета што нема избор, по забавите такви се пуштаат.
    Едно е да играш на нив за да се развеселиш, друго е да се пронаѓаш во нивните длабоки текстови.
    Проста е музиката- лесно се продава. Кој не може да свати покомплицирана, нека повели. :)
     
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Ама не ти побаравме психоанализа туку одговор на конкретно прашање :D
     
    На Valerin, Someonespecial, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  10. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Треба со закон да се регулира турбо фолкот. Строго да биди забрането.пуштање и слушање турбо фолк се додека е дозволено концерти да имаат турбо фолкашите не можеме да очекуваме да ја снема таа музика од нашите сцени
     
    На Lady Phoenix и nati44 им се допаѓа ова.
  11. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Турбо фолкот е ПРЕМНОГУ навлезен во животот. Проблемот кај нас (во мојот град поточно, не знам за другите) е што им се наметнува на другите. Јас никогаш не сум помислила да слушам таков вид музика, но знам 90% од песните затоа што на излегување, на кафе, секаде се пушта само тој вид музика. Секоја недела по клубовите има српски гости кои се нарекуваат пеачи и ако сакаш да не излгедаш чудно што само ти не отвараш уста мора да научиш по некој текст иако тоа не те исполнува и не ти се допаѓа. Лично знам луѓе со кои сум слушала ист вид музика до пред една година а сега сите песни кои ги имаат во телефон се новосоздадени народни и турбофолк и ги слушаат поради влијанието на општеството кое ги слуша тие песни. Наместо ние нив да им наметнуваме стилови, тие ни наметнуваат нам. Тоа мора да престане но не е толку лесно. Се плашам дека Македонија станува како Србија и Бугарија, турбофолкот се повеќе навлегува и нема враќање.
    И немојте да ме напаѓате сека демек тие си сакаат да слушаат нека слушаат, да не хејтам и такви глупости. Јас никого не хејтам, нека слушаат шо сакаат но да не ни го наметнуваат тоа и нам кои не сакаме да го слушаме тоа.
    Инаку слушнав негде постоело фолк метал и тоа вистински постоело такво нешто.:rofl:
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Chemical

    Chemical Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    Аца Лукас кога почнувал кариера на сплавовите во Белград, бил вистински хит така што пее една фолк, една рок песна, инаку сам има кажано дека ако Бјело Дугме некогаш им треба пејач, веднаш остава фолк и тера рок.
     
  13. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Да да сигурна сум дека Аца Лукас ќе биде прв избор на Бјело Дугме :lol:.
     
    На realGirl, MilaP и Mishela им се допаѓа ова.
  14. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Nikogas doma ni jas ni mm ne slusame turbofolk i koga imame gosti i da slusaat nie nikogas ne sme pustile e sega ispagame,denski vo kafulinjata eci stranska muzika najcesto hitovite na antena5 a navecer srpski,turbofolk..ako ne sakas da gi slusas ke si sedes doma zasto drugo nikade vo nasiot grad ne pustaat.Imase edno mesto pustaa rock, metal no go zatvorija.Taka da i kolku i da ne sakam turbofolk primorani sme koga ke ispadneme da slusame zasto sekoj vikend doma ne se sedi.
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ај да си го кажам и ја моево мислење на темава... Гледам, претходно тешки зборови паднале, па дури и доста луѓе го бранеле турбофолкот. Бравос, алал да ви е!

    Турбо-фолкот е бајаги навлезен во Македонија, мислам дека тука нема збор. Е сега, зашто е тоа така?

    Прво, етно-музиката (таканаречена народна) е дел од генетскиот код на Македонецот (додуша, и кај сите балкански народи). Мислам дека нема човек во кој некоја од народните песни не побудува некаква емоција. Е, а турбо-фолкот оваа наша „генетска“ предиспозиција одлично ја искористува. Како? Па, тенка е границата меѓу народните песни (оние нели од непознати автори) и новокомпонираните народни песни (оние напишани пред ~60-ина год.). Повторно, сега меѓу овие новокомпонирани народни и турбо-фолкот пак е тенка границата. Значи, турбо-фолкот позајмува доста елементи од народното, со тоа што ги упростува и поедноставува, до мера на ретардација. Ако ритамот и музиката од македноска народна песна се комплексни, кај турбото еден бит се повторува на repeat. Ако некој напишал длабок и емотивен текст за народна песна, кај турбото тоа се 10 реченици кои се римуваат, склепани за 5 мин., најчесто со сексуална конотација.

    Да не ме сфати некој погрешно - со ова не ги оправдувам нити ги бранам турбо-фолкашите, само сакам да дадам некаква теорија и објаснување зашто е толку распространета оваа музика.

    Да резимираме - ритам и музиче блиски до нашиов менталитет (ама упростени за да не се збуниме), текст прост и безобразен (за да може да се разбере, научи на памет и пее после едно слушање, со користење на една мозочна вијуга), најчесто певаљка со допичњак и цицките надвор и - ние паѓаме на колена и у транс (или обратно, како сакате).

    Тоа е тоа. Турбо-фолкот се слуша затоа што лесно се учат малоумните текстови (а сепак доволно интелигентни за да се пронајдат нашиве „романтичарски“ душички у нив - ме остави, ја остаив, ме извара, се начукав... и слично) и затоа што етно ритамот ни е влезен у потсвеста. Какви вредности носи оваа музика? - Никакви, се разбира. За една година ќе излезат милион песни, кои догодина се забораат и се заменуваат со нови.

    И уште нешто, за крај - оваа музика од кога се појавила, си имала своја публика. Разликата е таа што во мое време имаше луѓе кои слушаа, ама знаеја дека е тоа по малце срамота. А сега бре јок - очи ќе извадите по форумов затоа што некој рекол дека е тоа шунд и кич.

    И најхит ми се оправдувањата у стилот - абе, не слушам ја, ама знаеш, не бива ________ (внеси свадба, забава, роденден, журка и сл.) без таква музика. Да се развеселиме, да се распееме, да се изнаиграме... А иначе, неее, не бе, не слушам ја такви работи. Само ете, у вакви прилики.

    Жалосно е ако е ова вистина, ако само на вакви срања може да се забавувате и уживате. Ама, изгледа такви „турбо“ времиња дојдоа - fast food, speed dating и turbo фолк.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Овде темата е колку е турбо фолкот навлезен во Државава а не пљукање по тие што го слушаат.

    Зарем треба да се дискутура за вкусовите ???
    Зарем нечии дела треба да се нарекуваат СРАЊА
    Како што некој за турбофолкерите вели дека се сељаци така други за рокерите зборат дека се наркомани !!

    Текстовите биле безобразни....
    А каков е текстот на ,,Дојди ми Ленче на перниче бело,,
    А што се збори во ,,Назад, назад Калино моме,,
    А текстот на ,,Кенди Шоп,, (ај да не пишувам латиница и англиски)...сигурно во песната не се збори за слаткарница

    Сите сме различни и секое уво си слуша тоа што душата му сака.
     
    На christinnn и Ketchup им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Референтке, апсолутно се сложувам дека за вкусовите не се расправа.

    Тоа дека некои работи и дела се ср#$ња за мене е неоспорен факт - согласно Sturgeon's law (кој во слободен превод вели дека 90% од све е ср#$ње). Е сега, за мене едно нешто може влезе у оваа група, за некој друг - нешто друго, тоа е сосема нормално.

    За текстовите на народниве песни што ги имаш ставено исто така се сложувам - безобразен народ сме си, нема тука што. :D Не ни реков дека сите народни песни се добри (пак ќе те упатам на законов погоре :)), ама барем може да се каже дека имаат некаква културолошка вредност и се дел од традицијава наша.

    И за современава странска музика нема да ти се спротиставам - по мене е благо речено, ужас и дефинитивно секојдневно досегнува нови длабочини.

    Кој сака да слуша турбо нека си слуша, само нека не не убедува нас другите дека тоа нешто е добро или неопходно.

    Поздрав.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Тоа сакав да кажам и јас....слушај си што сакаш и не плукај.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Не е проблем да секој слуша што сака и мене баш ми е гајле што кој ќе слуша се додека не ми е наметнат тој ВКУС за музика мене.
    Е тоа е проблем бидејќи од таква музика не може да се живи!
    Јас немам слушнато некој да ми одврне друг тип на музика, освен овие од категоријава што ја коментираме. Толку им е па културата изгледа!
    Комшии слушаат, долу по дуќаните по нас кога се на пауза вработените пуштаат музика на телефон на гласно, скоро секаде НЕЧИЈ вкус на музика е наметнат!
    Па ако сакаат да слушат барем слушалки нека стават, не мора и другите да ги малтретираат.
     
    На Bender Rodriguez и referentka им се допаѓа ова.
  20. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    До неподнослив степен.:rofl:
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.