Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До кој степен е навлезен турбофолкот во Македонија?

Дискусија во 'Музика' започната од Offspring, 6 јануари 2011.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Тоа е меѓу другото она што и јас сакав да го кажам. Секој нека слуша што сака, така е, ама ја сум принуден да го слушам и тоа што не го сакам, поради сеприсутноста на турбо-фолкот. Почнувајќи од комшии без усул, па по кафичи, клубови, дискотеки, забави, свадби и свакојаки чуда, кај и да се свртиш, ечи турбо.

    Дефинитивно музикава е одраз на одреден тип на (не)култура кај луѓево, а жалосно е што таквите се мнозинство.
     
    На Dabria, makedonkamak, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас па не знам што ја претеравте толку.Тие што слушале сите сељаци биле, па златни ланци, од кола трештело со отворен прозор, па и женските спонзоруши биле ау.:o
    Што се замарате кој што слушал, како слушал па текстовите вакви онакви биле.Никој што слуша турбофолк па и јас нема сигурно да ги пушти по дома Гулабица, Сања Барбика и не знам кој, кај сте виделе некој сериозно без да им се руга да ги слуша...
    Турбофолк, оној што е секаде распространет е Цеца, Аца Лукас, Амадеус, Тропико, Сека, Саша и сите од Ѕвезде Гранда произлезени и други да не набројувам.
    Што има лоши текстови има, ама во тие во главно по журки ги пуштаат, исто ко што ги пуштаат Ники Минаж, Ријана и остала компанија, гледам тие едни инспиративни текстови во колено да си пукаш.Или па онаа песнана едно време што се вртеше со бајаги призвук Ферус Мустафов ама не, тоа на англиски се пее, а лична карта остај бе тоа е за сељацине од позади Мралино.
    Ама дека има и добри песни и текстови, има, сте слушнале од Цеца две песни и све остало е автоматски е раке пуке раке шлаке.
    Во главно јас слушам турбофолк од гореспоменатиов и латино, ама немам никакви предрасуди кон другите жанрови (од секој жанр си имам некоја песна што ја слушам) една од најдобрите другарки слуша метал, најдобриот другар алтернативно/рап ама остајте тоа за гуша се фаќаме, зашто ко мала Ѕвезде Гранда сум гледала не можат да ме смислат со цицките на мегдан и миничот, па уште кога ќе ме видат со златни ланци од спонзорот накитени, боже сачувај нејкат да ме видат.
     
    На Gosh, jasna83, ivanchos и 2 други им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.005
    Допаѓања:
    51.852
    Пол:
    Женски
    ^ Ете така. :)

    Не знам што сте толку принудени да слушате турбофолк, јас не се сеќавам во последниве неколку години да сум излегла негде кај што пуштале таква музика. А не е дека не излегувам, еве нека ме просветли некој, во која скопска дискотека ечат песниве?
     
    На Gosh, Victorian и RedRevolution им се допаѓа ова.
  4. piranha

    piranha Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Балкански простаклук, до Америка им се смеат. Пред 2-3 години имаше една Си-Ен-Ен репортажа за турбо-фолкот каде на големо се ругаше српската средина. Јас не знам некој странец од Западна Европа или преку океанот да му се допаднала оваа музика. Освен дијаспорци, гастарбајтери и такви.
     
    На Victorian и RedRevolution им се допаѓа ова.
  5. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Јасно ми стана колку е саатот со турбо фолкот во Македонија кога Цеца го напуни стадионот со поише публика од Тоше наш :fubar: :swear:

    А шо убаво си беше у 90-те кога македонската музика беше заштитена со закон во поглед на присуството во медиумите и местата за излагање, а турбо фолкот беше ограничен на Три фазана и сличните ти кафанчуги на периферијата на Скопје. Впрочем тоа беа и златните години за македонската забавна музика.

    Дека квалитетот на музиката опаѓа воопшто и на глобално ниво тоа е повеќе од јасно (од Ријани па се до Кети Пери или оној неразбирливиот Питбул и слично). Меѓутоа тажно делува кога младинава со кренати раце паѓа у транс пеејќи ги сите стихови на турбо фолк песните, а не знае која е една Арета Френклин на пример. Или У2, Стинг, Ац/Дц, Џејмс Браун, Б.Б. Кинг, Пинк Флојд, Моби... Дали проблемот лежи во недоволното познавање на англискиот јазик или во нешто сосема друго навистина не знам.
    Но она што го знам е дека шунд поп музиката е секаде продрена. И во САД младите се помалку ги познаваат музичарите од постарите генерации. Ама никаде не видов наплив т.е. ПОПЛАВА на кантри или на блуграс (американската варијанта на сељачка музика). Така да ќе да е до нашиот менталитет.

    Но дно дна ми било кога од детски роденден трештела турбо фолк музика. Џисус Х. Крајст (смајли што се крсти). Аљоооо бе, зарем до толку нема детски песни за децава од 3-4 одделение. ццццц

    И една молба, ВЕ МОЛАМ не го ставајте Тома Здравковиќ во иста реченица со некој од турбо фолкерите. Тома е претставник на еден сосема поинаков жанр во музиката - кафанска музика. И како што Џорџ Стрејт е кралот на кантрито, така Тома е кралот на кафанската музика. И не можеме да споредуваме еден музичар од типот на Звонко Богдан со еве да речеме Стоја на пример (не дека нешто ја мрзам Стоја ама ете погоре некој имаше постирано видео од неа па таа прва ми падна на памет).

    И за на крај ќе ја искористам дефиницијата на Рамбо Амадеус : „Турбо фолк није музика, турбо фолк је какофонија свих укуса и мириса везаних у једну звучну промају која има задатак да задовољи најшире укусе, најниже страсти.“
     
    На Mishela, makedonkamak, КикиМаус и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    До степен на преплавеност со овој „музички жанр“ по цела држава. За вкусови не се дискутира, но од моја гледна точка 80% проценти од луѓето, ако не и повеќе слушаат турбофолк и тие што малку се разбираат од уметност зашто музиката е уметност се изненадуваат од некој што слушат квалитетна работа.
    Само греота, стварно греота е квантитетот што се произведуват на денешниов музички пазар да е подобро платен од било кој алтернативен бенд во Македонија што некој не ни знајт дека постојт.
    Си сака длабочина, да се пронајда во некој текст, да замижа и да отпатува во друг свет, мелодијата да ме водит, да е толку пријатно за уши што би можела до утре да стиска „replay“, не су тип на човек што би ми се бендисало „ломим чаше, руке ми крваре“.
    Затоа и страшно жалам што не сум родена во период од: 50та до 90та година.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Ќе напоменам пак: МИЗЕРИЈА.
    Фолк е НАРОД.
    Турбо е систем за горење гориво од моторот во цилиндер.
    Турбо Фолк е горење на народот.
    Музиката е универзален јазик и негувател на сите уметности.
    Ова не е Музика.... ова е микс од сите стилови, мисли и бои.
    Ги буди најниските страсти на луѓето и ги гори во цилиндер.
    Турбо Фолкот како таков не е само музиката, туку целата таа филозофија.
    Мекдоналс е ТУРБО ФОЛК, Политиката е ТУРБО ФОЛК, Кичот е ТУРБО ФОЛК. итн итн..
     
    На КикиМаус и Victorian им се допаѓа ова.
  8. Trucking

    Trucking Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    Турбофолкот е масовно срање кое од одредена маса на луѓе е прифатен под поимот музика. ако може ке ја проширам дефиницијата - Турбофолкот е масовно срање кое во најголеми количини го има во Србија и Бугарија и од одредена маса на луѓе кои немаат никакви познавања за музичките вредности е прифатен под поимот музика и е пуштено во продажба со цел да се остварат многу пари.

    ако ги споредите 80 % од турбофолк песниве, сите во спотовите имаат: голотија, дрога, пари, секс, луксузни автомобили Ферари, BMW, Порше итн..
    а тоа дека лугето кои не сакаат турбофолк откачувале на срањево кога се излезени или дека знаеле текстови е најголема глупост тоа само вие турбофолкерите се тешите и мислите сите се како вас

    и не сум против слушајте си само не ме труете со тоа и прифатете дека на некои луге им е стварно одвратно
     
    На kjukli, anakonda88, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Trucking

    Trucking Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    Уствари од кога Дино Мерлин и Харис Џинович станаа турбофолкери? :!::!::!::!::@
    Дај ви се молам слушнете ги песните па после дрвете мудрост :punch:

    А најмногу ме нервира кога Србиве ги копираат грчките песни.






     
    Последна измена: 21 август 2016
    На Gosh, kjukli, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    И Дино и Харис и Лепа нека идат во три лепе!
    Што да чујам бе пемпеле ? Што кажуваат ? Просветли ме!
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trucking

    Trucking Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    Незнаев дека луѓето се навредуваат меѓу себе и водат војна кој каква музика да слуша. Еве го неќам турбофолкот ама не ми дава тоа право да му речам на некој/а клошар/ка.
    Еве пример јас не ги слушам Бијонсе или Ријана која на спотовите има наводни 300 милиони гледачи. Не ми дава за право да ги навредам сите 300 мил гледачи (уште да беа 300м)
     
    На Gosh, kjukli и jasna83 им се допаѓа ова.
  12. Strumka777

    Strumka777 Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Ami zaso taka govorete proptiv turbo folk muzikata maleee...Na koj ne me aresa neka ne ja slusa.
    A slagam deka za Toma Zdravkovic e poseben, on e car na kafanskata muzika. A za Ceca lani beh u Stip na pasrtmajlijadata da ja gledam i pokraj toa so malko vrnese dozd bese prepolno, govorese deka ima nad 15 iljadi narod, nie edvaj najdehme mesto da se parkirame.
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.391
    Пол:
    Женски
    Колку само ме нервираат луѓе кои ги плукаат останатите само ради тоа што имаат различен вкус и стил.Дај бе сфатете, секој си слуша она што му е по ќеф, дали е то турбофолк, поп, метал или па класична музика.
    И да, смешно е тоа што колку повеќе се плука по турбофолкот, тој се повеќе и повеќе го има.Па не поминува прослава, забава, родендени, свадби без да ги има цеца, аца лукас и останатите турбофолк "звезди".
    Јас пример слушам се, немам некој одреден омилен жанр на музика.Зависи расположението.Али јас не можам ниакко да го сварам хеви металот, прегруба музика за парање уши.Но крај краева која сум јас да му диктирам на некој што треба и што е правилно да се слуша а што не е?
     
    На Gosh, Florenсе, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.124
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Ако на тебе не ти се допаѓа турбофолкот, не значи дека треба да ги потценуваш тие што слушаат таков тип на музика. Јас не слушам метал и рап. Тоа треба да значи дека треба да зборувам дека музиката е с*ање и да ги потценувам другите? Нема потреба да ги плукаш останатите.
     
    На elimkd, Gosh, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Maca_<3

    Maca_<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    467
    Пол:
    Женски
    Хахахха плукате по турбо фолк музиката тука а у кафана кога ке отидете или први Мај, Нова Година ова она све што ви е при рака кршите, пример за ова мои другари. Да има некој да ги снима па да им го плесне видеото додека зборат дека турбофолкот не бил добар. :rofl: Мене не ми смета, кој што сака нека си слуша, го немам тоа право да плукам по одреден тип на музика. :x :nod: 8-|
     
    На elimkd, Strumka777 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
  17. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки

    Aresa te Moja Numera Li ?
    Mnogu gi sakam starite hitovi. Vrh vrhova! Seriozno jaka produkcija. :)
    Tulum zagarantiran. 100% provereno!
    Toma e Caripashina stara ama toa e folk, narodno - kafanska muzika.
    Sekako vo kafana e odlichno da se chue nekoja dobra narodna pesna.
    Muzikata dava svoj MOOD i sekoja muzika razlichno vozenje nosi.

    # Na site zabavi na koj shto sum pushtal Turbo Folk, publikata se zabavuvala do rani zori , so mnogu alkohol i naj razlichni situacii od tipot na zezanje, sex, tepanje i povrakjanje.
    Tepanjeto i povrakjaneto najchesto se produkti od od X personi koi se drogiraat so alkohol - klasika. I dosadni se i losho im e od otrovot shto go konzumirale celovecherno.
    Sekogash niskite strasti preovladuvale, haotichna situacija zasekogash vo tie krugovi.
    Cigari i kurvi do sabalje , ne znaesh shto e pogolem otrov...
    Posle nekoja chashka site se ljubat , posle ushte nekoja sakaat da se ubijat. Zavisi od txt-ot!!!
    Sekogash bile tvrdokorni zabavite bidejkji takov mi e stilot na umetnichkoto izrazuvanje...

    Ova e moja prizma na gledanje na rabotite i del od moeto iskustvo.
    Ne znachi deka morame da se soglasime so mislenjata.
    Se soglasuvam so mislenjeto deka sekoj treba da si slusha toa shto si saka i kje dodadam:
    Pri toa da ne im smeta na drugite lugje. ;)
     
    Последна измена: 22 август 2016
    На Strumka777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Do koj stepen?
    Do nepovrat, da mi se gadi od eftini i glupi turbofolkerski pesni so koi se trujat mladive generacii...
    Ova e dnoto vo Makefonija- Zvezde Granda, Pinkovi zvedicki i ne znam uste sto nema na tvSitel, Kanal 5, Alfa tv ... Da se natprevaruvaat koj poveke ke emituva nivni emisii i show programi....
     
    На xGrapefruitx, theowndemon, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  19. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Sekoja muzika si e ubava na svoj nacin i sekoja muzika e za razlicni prigodi.Ne moze na docek na Nova godina ili nekoj slicni vakvi proslovi da vi ja pustat rijana so vork vork vork kade voglavno ima i postari generacii.I sto razbiraat zapadnajacite od tekstovite na turbo folkot.Kako sto moze turbo folkot da te dopre do dusata ne moze nitu eden dr zanr..Eeveprimer jas ne obozavam takvi trans ,rok ,nekojsi hevi metal..
     
    На SummerGirl и Maca_<3 им се допаѓа ова.
  20. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    До тој степен што и да не сакаш да слушаш сепак си принуден. Нема кафуле, кафеана, забава, а да не се рока турбофолк. Со сила го наметнуваат секаде, дури и по ТВ.

    Зошто јас не наметнувам дет, блек и хеви метал на останатите? Зошто во едно кафуле не пуштат некоја метал балада или рап туку мора да ечи ,,Волиш ли ме’’? Еве не мора англиско, зошто не пуштат нешто македонско? Тоше оддамна не се слуша никаде, Лозано? Каде се Ареа, Next Time? Претерано е и со турбофолк и со секаква српска музика. Саша може да се слуша, Нокаут, Куку Леле не може. Ајде размислете до каде одиме со менталитетов. Ќе дојде Цеца, ќе испее две песни и сите и се клањаат. Браво за таквите |(
     
    На kjukli, Victorian и theowndemon им се допаѓа ова.