Леле, леле, само да добијам возачка и низ населба со оваа песна ќе им возам Па ќе видат они како ми дофрлаат од колите од кои им ечи турбо фолкот.
Koj sto saka neka slusa. Seljaci i gragjani ako ocenuvate spored toa kakva muzika slusa nekoj,daleku ste stasale so intelektot ilu go upotrebuvate vo gresna nasoka.
Секој си има различен вкус, мене не ми смета кој што сака нека си слуша нивно право . Јас таков тип на музика не слушам, а и тие што слушаат турбо фолк не ги осудувам им се допаѓа таква музика и таква слушаат. Човек неможе да се процене по каква музика слуша.
Мислам дека српската пропаганда е највлијателното нешто од кога постои Македонија. Каде да отидеш турбо фолк.. На свадби српски песни замисли ејј свашта И јас слушам понекогаш турбофолк. Воглавно стари турбофолк песни. Пример од Аца Лукас слушам од 1995 па наваму. Како на пример Licna Karta, ByPass,Lesce, Koma, Pesma od Bola. Но денешниов турбофолк е стварно претеризам! Како да се натпреваруваат кој поглупава песна че напрај. Како шо кажав. Тоа е порно-фолк. Скапи мерцедеси, порше, итн итн голотија. Ова го почитувам. А не некоја си Карлеуша која освен што има големи силиконски гради не знае ништо друго да понуди. Овај човек може да се собери многу поголема публика од сите наши пеачи заедно.
Се согласувам со се што е напишано. И на мене не ми се допаѓа денешниов турбофолк. Се ужаснувам кога ќе видам на спот разголени женски, скапи коли, тртење со задникот, тресење со цицките, и др. Аца Лукас и Цеца имаат најдобри песни.
Мизерија е турбо фолкот ! Можеби има некој добар пејач , али теткиците што се голи и пуни силикони и дадоа мизерен изглед на таа музика ! Да живее RocknRooll.
Они се влезени во филм дека уствари изведуваат трап, аренби, рап и слично... Кај српскава музичка естрада ме нервира затоа што нема ништо оргинално, сите копираат од американците. Значи нивниве денешни песни и спотови, на емтиви се поминати уште од пред година дена. Веќе видено. Втора работа што ме нервира се текстовите кои веќе на памет им ги знаеме. Никој нема талент за пишување на песни, сите се напишани од страна на два - три текстописеци, најчесто од Марина Туцакович и сите песни се повеќе од очигледни дека се дело на еден ист автор. Цело време се збори или за некој дечко, или новата девојка на дечкото, или бившата на дечкото. Уствари во сите песни дечко/девојка и алкохол се главна тема. Нема никаква уметност! За жал, сите што се дружам се навлечени на ваква музика и принуден сум и јас да слушам. Најчестиот одговор кога ќе ги прашам зошто слушаат таква музика е поради тоа што не разбирале англиски.
Ќе иде некој на Цеца сега на 28 у Македонска Каменица? Лани ова исто време беше Лепа Брена... Си инвестираат и пеачите кај нас, затоа и си имаат публика...
Ова е турбо фолк? Па текствов.... Па дали ова е за на телевизија бе ало? Таков ми е к'сметот полно ми е ќесето па си правам ќефови везден празнам џебови. по кафани лумпувам, гардероба купувам бакшиши на свирачи, да ми свират до зори. пари пари сакам да возам ферари
Мислиш у Мaкедoнским Кaрлoвцимa? Е, oвa гo нaпишaлa нa ФБ дури сo хaштaг, мислејќи нa Мaкедoнскa Кaменицa. Женaвa не ни знaе кaде нaстaпувa штo е нaјтрaгичнo. А уште пo смешнo кoгa видoв сликa сo нејзинaтa турнејa, нaслoвенa Ceca Tour. Турнејaвa е вo четири грaдa вo четири рaзлични држaви - Црнa Гoрa, Грчкa, Бугaријa и нaшaвa, зa жaл. Мнoгу гoлемa турнејa немa штo. Америкaнскиве пoп ѕвезди кoгa прaвaт вистинскa турнејa не се врaќaaт дoмa пo три месецa, a oнa секoј месец вo рaзличнa држaвa. Уби Бoже.
До толку што главни спектакли на летото за кои најмногу се зборува се концертите на турбофолкериве. На почеток на вести директно вклучување од Северина во Берово (кадешто со дотичнава облечена како излезена од порнич - се слави верски празник), Цеца во Македонска Каменица... А летово тука беше секако и ултрасељачкиот настап на Аца Лукас со цигара у уста, што собра не знам колку повеќе публика од концертот на светско ниво на Дејвид Гета. Шта речи, а не заплакати! И да, ова не е за влијанието во Македонија, ама не наоѓам посоодветна тема... И во живо слушнав муабет со восхит на текстовите на Цеца, па морам да дополнам за ова со турбофолкот и гаѓањето во срце/допирањето до душа Јас иако апсолутно никаква вредност не наоѓам во турбофолкот, еве сфаќам различни вкусови и начин на живот, сфаќам да рече човек дека ваква музика го развеселува на прослави, дека песниве му се супер за пиење итн, ама... Добро бе, што тоа треба за млада особа што разбира англиски, да каже дека турбофолкот ѝ е омилен, посебно дека е жанр што најмногу ѝ предизвикува чувства?! Да нема у живот слушнато песна и видено спот од едни Колдплеј, Ед Ширан, Сиа, Адел, Лана дел Реј (овие се најпознатите што ми текнаа од тие што не ми се само пријатни за уво, туку и ми допираат до душа)..? Еве не можам да разберам навистина...