Очигледно не гледаш добро, јас никаде не напишав дека не слушам турбофолк, туку напишав дека дел од народната музика не ја слушам бидејќи ми е сељачка, и не сум јас од оние кој оди на сите концерти на Цеца, Шабан и тн, бидејќи јас немам омилен пејач и не ги слушам баш сите нивни песни, туку само оние кои ми се допаѓаат, а тоа се воглавном по неколку песни од секој турбофолк пејач. А знам дека во повеќе теми си ме видела кај што ја зборувам вистината или она што никој не смее да го каже, и тоа и понатаму ќе продолжам да го правам.
Си се тешите дека турбофолк не е сељачка музика и секој има различен вкус. Баш сте слатки. Слушајте си што сакате, ама во затворен простор и потивко. Не трујте наоколу, ок? ... се гледа дека комшијава пак ме изнервира денес, потежок сељак (турбофокер е синоним) нема на планетава.
Si gi obozavam Karolina Goceva,Elena Risteska Tose Proeski i dr nasi pop peaci A isto i Dino Merlin ,Vlado Georgiev, Zeljko Joksimovic ,Aleksandra Radovic, EMINA JAHOVIC ,Natasa Bekvalac i dr pop peaci ..I glupa sum sega?
Сите вие што до тооооолку го плукате турбо фолкот, а ги воспевате една Ријана, Бијонсе, Лејди Гага, и целата поп музика - сте им ги тумачеле текстовите, или пак се звучи поубаво на англиски?! Сте им ги гледале спотовите и сценските настапи или пак тревата е позелена кај комшијата? А на раперите што им се дивите, знаете дека курви и кучки ве викаат? Слушам турбо-фолк 2 - 3 пати годишно, ама еве три дена по ред нон-стоп ја слушам новата од Аријана и Ники Минаж, каде пејат за ,, велосипед на кур ,, , и на почетокот Ники и вика на Аријана ,, каква курва ,,...Сте чуле вакви текстови во турбо фолкот? И да има, тоа се исклучоци, а не како 99 посто од денешнава поп музика...Битно не сум сељанка, нели... Времето на турбо фолкот заврши, пред скоро десет години. Веќе не користат трилер, и музиката се повеќе им оди во поп, а текстовите им се како на 90 посто од Америве, па и подобри... И не, Шабан, Брунслиќ, Брена, Харис не се турбо фолк, туку народни пејачи. Ајде некој да слуша само турбо-фолк и да плука по сета друга музика, па да го речам сељак, ама вака... И еве лично, еден дел од песна кој најмногу ме погодува гласи ,,Тука, на вратата каде што живеам, место името ми пишува сама, на мојот талент за љубов како да паднала некоја темнина.,,...И е од Цеца. Нека дојде некој кој слуша само класична музика, и песни каде текстовите се лирска поезија, нека каже дека турбо- фолкерите се сељаци, па да го поддржам...
Сељаци биле од источна Македонија затоа што слушале турбо фолк, не бива со такви навреди Сељаци се љуѓе со други манири И како може да се забрани турбо фолк?? Хаха не е ова комунизам Колку и да сме против и да не сакаме турбо фолк факт е дека најбројна публика ќе соберат па макар имале концерт и во Мариово Тоа го сака народот, тоа и се сервира- ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Тие што сте крвнички против турбо фолк, ме интересира кои изведувачи ги слушате?
@Sashko1992 е заљубен во некоја певаљка хехе. Од каде инаку првиот форумски борец за морални вредности, да биде поддржувач на стил произлезен од транзициони, криминални, воени и декадентни деведесетти во Србија?
@sjdgo моралните вредности немаат врска со музиката, секој човек каков и да било тип на музика да слуша не прави ништо лошо, и не е битно под какви околности е произлезен овој стил, битно е дали е добар или лош, а за тоа секој си има свое мислење, и турбофолк песните во денешно време се далеку помодерни за разлика од пред 25 години, спореди што пеела Цеца во тоа време па што пее сега, исто така и останатите пејачи кои пееле во тоа време денеска имаат многу помодерни песни, а секако дека има и песни кои се лоши, ма да за некого една песна може да биде лоша, а за друг пак одлична, се е тоа прашање на вкусови, и јас реков претходно дека не ги слушам сите песни од некој турбофолк пејач туку само оние што ми се свиѓаат, еве на пример од Шабан кој пее народна музика ми се свиѓаат 3-4 песни и од тие оваа му е најдобра според мене, а таа мислам дека е најмалку народна од сите негови досегашни песни, и може да се третира како турбофолк песна.
Единствен начин да се оправда своето е да се критикува туѓото. Ние странско сме слушале Ники Минаж, Лејди Гага, Аријана зошто други добри пејачи не познаваме нели исто како што од балкански песни има само турбо фолк да се слуша. И ако за мене цар бил Моцарт, за друг Цеца, сериозно на исто ниво сме?
Јас можам сè да слушам. Од Ники Минаж до Лана Дел Реј. Ама турбофолкот жими сè не го можам. Ми ствара нервоза и напнатост. Еднаш една другарка ми пушти, абе ко што бев нервозен ми доаѓаше да земам чаша и во ѕид да мавам.
Во Шабан царот, кралот, гордоста. Кога пее Шабан и БОГОВИТЕ молчат Пред некоја година низ тв гледам еден дечко од земјава наша, што пеел кај ѕвездите на гранд, го прашуваат како е задоволен од настапот и тој вика: Мене животна цел ми беше да го ЗАДОВОЛАМ Шабан, па тој гласаше за мене и сега сум многу среќен...го ЗАДОВОЛИВ.... Животна цел му бил Шабан да го ЗАДОВОЛИ? Епа ете го задоволил, сега и да умре нека не жали И Шабан задоволен и овците на број.
Јас мразам и рок и турбофолк. А метал па органски не можам да поднесам. Ама за моја среќа не познавам многу што слушаат рок и метал, али затоа скоро сите што ги познавам слушаат српско и ми смета тоа ама јас тешко дека можам да сменам нешто затоа што кога ќе почнам да зборам за нешто паметно они го вртат муабетот накај примитивните песмици.