1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До кој степен е навлезен турбофолкот во Македонија?

Дискусија во 'Музика' започната од Offspring, 6 јануари 2011.

  1. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Конкретно во Охрид... турбо фолкот е толку навлезен во овој мој убав град што летно време не ми се поминува по чаршија од што ечат "хитови". Кафичи еден наспроти друг се такмичат кој ќе го пушти последниот хит од Аца Лукас. Горим, знојим се!!! :fubar: Ве молам, ај да не испадне дека дискриминирам, ама сакам еден од тие што слушате турбо фолк да ми ја објасни вредноста на истиот зошто јас не ја гледам.. И не ми кажувајте дека ви одговара само уз чашка алкохол.. И јас пијам алкохол па никогаш не сум побарала да ми ја пуштат Лепи громе мој :!: Какви само наслови, Бог да чува.. Гледав бре на ТВ кој профил на луѓе влегуваа на концертот на Цеца. Све wannabe Цеци! Нашлапале кармин да го постигнат тој силикони ефект, како да бакнале рингла. Ги испеглале косите, опнале пуш ап и едно деколте до пупак. Која вредност ми ја пропагира турбо фолкот??? Можеби мојот живот има малку поинаков тек отколку да се пронајдам во текст како Куче лаје, ја мислим ти си, отишо си, сарму пробо ниси...WTF?! :fubar:
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Еве до кој степен е навлезен
    http://www.youtube.com/watch?v=FXP07tUp ... _embedded#!

    Неможам да се изначудам кој го слуша ова...кој го пее ова и зошто?! А најголема енигма ми е кој родител ги пуштил овие девојчиња да мешаат полуголи во таканаречениов спот :x
    Како тргнала работава ќе станеме детер и од србиве и бугарите.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не слушам турбо фолк музика,нити јавно,нити тајно :D воопшто не ми се допаѓа таквата музика,според мене, повеќе ми е некако тажачка.Мислам дека кај нас е премногу застапена,сепак тоа е индивидуална работа,секој различен вид на музика слуша и мислам дека нема потреба да се проценува човекот каков е по карактер,според музиката која ја слуша.
     
  4. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    да навлезен е турбо фолкот во македонија и тоа ептеееен,па добро јас слушам се понекогаш и тоа слушам па многу нормално дека кога ке отидам у кафана нема да се расположам на еминем :lol:
    али штом почнале многу често да се праваат концерти на турбофолк пеачи значи јасно е дека пак таа музика е слушана...
    и искрено ме нервираат тие фаци кој викаат јас турбофолк да слусам нема шанси а тие истите после некое време ги глеаш на концерт кај цеца кај аца и ред други пеачи така да у глобала секој слуша кој помалце кој поише али пак се слуша.
     
  5. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    78
    Јас навистина незнам што се случува последниве неколку години поточно во нашов град , просто да не можеш да излезиш како човек и да слушаш квалитетна музика... Во сите кафичи ке врти или српско или бугарско, за кафаните да не зборуваме :| а што е најжалното на диско немам отидено незнам ни јас колку време само заради музиката, кога ке слушнеш дека и во диското врте врте Red Bull и сите мешат и кршат како луди...... добиеш желба никогаш повеке да не се вратиш :@ жално е ...... Незнам зошто но гледам народот се повеке се пале на турбо фолкот, само незнам дали тоа е само во мојот град :?: Уште пожално има народ кој НЕМАТ СЛУШНАТО за Deep Purple ,Rolling Stone , Pink Floyd , Black Sabbath, Led Zeppelin ...... :!: Слушам секаква КВАЛИТЕТНА музика, слушам се што ми се допага значи не сум определена , ги почитувам и сите без разлика тоа каква музика слушаат се трудам да се вклопам во секакво друштво па на тој начин сум принудена да слушам тоа што несакам . Во ова „модерно„ време врдностите сосема променија.Повекето сега слушаат со уши а не со душа ...
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Јас само ќе си кажам дека почитувам луѓе кои искрено си признаваат
    - ДА, слушам турбо-фолк, не е квалитетна и не е сјајна музиката, ама ми се сака, душата ми сака, мене ми е удобно со тие песни да се забавувам и купувам цедиња шабански и одам на такви концерти, без срам и без лицемерие.

    А не некои, пустото си слушаат, ама се кријат, им иска - ама не им стиска, ;) па создаваат некој лажен параван на доброЌа, демек, еве јас (можеби) не слушам, ама вие остатокот ве молам не вреѓајте, ограничени сте и лоши, оставете ги луѓето да си го искажат вкусот.
    :D
    Немојте да ме смеете луѓе.
    Кажи си искрено, слушам и готово, никој нема да те тепа.
    Ама не разубедувај како ние кои не слушаме сме ограничени или дискриминатори. ;)
     
    На crazylady, Wild.Child, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    До кој степен Оффи? Ете до тој кој штотуку го истакна - турбо фолк концерти колку сакаш. Илјадници запалени, испотени и дигнати мишки на глупави, примитивни, наредени зборчиња едно по друго кои не сакам ни текстови да ги наречам, да не ги навредуваме вистинските текстописци сега, нели.
    Музика како морско прасе, се изразив на една слична тема веќе еднаш - нит морско, нит прасе. Мислам фолк ли е, турбо ли е, техно ли е, што ли е? Што треба да правам јас на ова?

    Не правам ништо. И знаете кога ќе ја ислушам јас Кукавица или Лепи громе мој? Никогаш. Едино некој да ме наклука со 10 дијазепами па да ми е сеедно и да ме убиваш полека. А музикава богами веќе и ми се ближи кон поимот убиство. Убиство на умот и нормалниот вкус.

    Јас разбирам човек да одлепи, да исклучи мозоче, да не мисли, да се радува и да му е убаво. И јас, прости ми музички боже, знам дури и Backstreet Boys да си ги пуштам кога сакам да се зафркавам и да си се изнаиграм или што јас знам, да пеам караоке на нив да речеме. Ама како исклучува нечиј мозок на ваков шунд тоа никогаш нема да го разберам, или па уште полошо како ужива некој во тоа. Можам единствено да го акцептирам тоа како факт. Ама да го разберам нема никогаш.
    Човече, доаѓаш во Виена (ете на градов ми текна бидејќи има премногу нашинци таму од екс - ЈУ просторите). Се шеташ, се воодушевуваш на градот на културата и класиката, валцот и моцарт куглите. Туку одеднаш ти застанува Бе Ем Ве со отворени прозори и трешти од внатре Цеца или некој друг „аааааа“ пејач. Па да ти се згади. Викам јас, турбо фолкот е зараза на денешницата.

    А зошто ги носат певаљкиве кај нас? Затоа што им носат пари. Едноставно. Затоа што знаат каква раја ни живее во државата и затоа што знаат дека можеби Цеца ја мразат во Хрватска или Босна ама Македончето ја обожава, и можеби нема да јаде цел месец, ама последната пара ќе ја даде за нејзин концерт. Се лутеле ние или не, не иритирало тоа или не, турбо фолкот е наменет за толпата.
    Мене повеќе ме разочарува фактот што „толпата“ е народ кој се задоволува со ваков кичерај и ужас на квадрат.
    Поарно ќе беше толпата да ми слушаше најкомерцијален туц туц поп отколку ова. Вака ми остануваат само солзи за ролање и глава за вртење :x

    И за крај, знам дека за вкусовите не се дискутира, но нечии вкусови се навистина дискутабилни, уште па и кога се тоа вкусови на мнозинството во една држава.
     
    На Stam, Bokicka и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Концерти нека прават, нека одат тие што слушаат ваква музика и нека се веселат, ич не ми е гајле. Не гледам телевизија, не слушам радио, не читам Свет, и не ни знам кој и кога прави концерт.
    Мене ме нервира што е навлезен до тој степен што ако сакаш да излезеш околу Нова Година како нормален човек, не можеш затоа што секаде има турбо фолк. :headbang:
    Ме болат ушиве, имам нагон за повраќање и почнувам да филозофирам до каде е пропаднат човечкиот род и уметноста. Некогаш ќе ми дојдат гости и ќе видат дека кај мене во музиката на компјутер преовладуваат Бах, Рахмањинов и Чајковски и ми се смеат - буквално ми се смеат!
    А тие имаат Аца Лукас во компјутер. :|
    И се навистина за смеење!
    Како што кажа Нелче, градот Охрид (град на културата, уметноста и традицијата) летоска беше затруен од турбо фолк. Не ми пречат што слушаат, ми пречи што морам и јас да го трпам тоа :swear: .
    Вакви журки треба да се прават во изолиран простор за да не ме боли мозокот. Е така.
    Турбо фолкот е навлезен до степен што гледам многу женски со извадени гради, кратки фустани, нападна шминка и певаљски чизми.
    Да не почнам за Бугарките и нивната "музика" зашто ќе се изнервирам дупло.
     
    На AlicaInWonderland, Phyramide и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Едноставно е - се работи за вкус, а секоја дискусија за вкусови е безвредна. :)
    Турбофолк не милувам, ама ако некој си сака, јас сум никоја и ништо за да му забранам.
     
    На SexyLady и kate21 им се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Cамо не ми е јасно зашто би се криела дека слушам турбо фолк?? :^) Jасно е дека слушам!!! :lol: Mене ако ми се свиѓа некоја песна, ќе си ја слушам и крај! кој е тој стереотип? Cега селанка да не излегов зашто некад ко што би кажала Tрендафилка знам да кренам мишка на Aца??? :lol: Pа на кој да кревам мишка и да кршам чаши??на ALICE COOPER? :D Hе, не некако не ми одат тие 2 работи заедно :) Hо секако за концерт попрво кај ALICE би ги дала парите отколку кај Aца, иако не му се песните за балканцки танц :D Cе што мене ми е убаво си слушам, јас некогаш знам да седнам и илахии да си слушам, бидејќи мене ми се свиѓаат ;)
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ама Лудо тоа си ти, а има еден куп луѓе кои очигледно премногу се срамат да признаат дека слушаат турбо фолк или што и да е, за да го кажат тоа на глас. Јас само се прашувам зошто. Нема да ги утепа никој ако си признаат, нели :)
    Патем, чаши кршење на Алис? :D Ах бре замислата ме пресмеа, браос мор, баш си лудо!

    А пропо, Трендафилке, ако си ми сеуште форум-другарка, послушај ме и патентирај си го изразов „мишкодигач на Аца Лукас“ ти се молам, почнавме да ти го крадеме. Мене во потсвест ми влезе најсериозно, па и автоматска асоцијација си правам. Аца Лукас = мишка дигање ;)
     
    На sesilija, ludoto19 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    6.819
    Пол:
    Женски
    Типичен пример-Нова година...Тогаш се гледа кој сака,а кој не сака ваква еве да ја наречам музика мада не би ја ставила во таа категорија на уметност.Воопшто,не би го признала сра*ево наречено турбо фолк за нешто што постои.Напротив...Шунд,катастрофа,одвратност...Нова година со чест на исклучоци според мене беше типична гранд парада со се женските со пердуви и разголени гради и женски полови органи мавтаат со рацете лево десно...А да,и ги креваат рацете на сељакон Аца Лукас.
    Цеца? Која е Цеца? Света Цеца? Мора да е турбо фолк за да се расположам и кренам раце? Мора? :^)
    Не,не би рекла...

    Горим,знојим се,за свој живот бојим се... Да,го знам текстот! Не велам дека во животот не сум слушнала ваква музика.Напротив,секоја вечер слушам од страна на седумгодишните ми комшивки кои ја отчепуваат света Цеца во 12 навечер,и од кафаните,и од "дискотеките".
    Каде живеам јас? Во една Македонија,земја на шунд и кичерај...
    Балкан,балкан,балкан ово је балкаааан кам он... Се импресионирав со текстот. :^)

    Пробајте,колку за тест,прашајте девојка или момче од 15 или 16 години кои се Пинк Флојд,Ролинг Стоунс итн. дали ќе знае да одговори.Ај донт тинк соу.Да,ама за разлика од тоа Шако,Дадо,Кеееба и компанија сите ги знаат...

    На Нова година додека сите креваа раце на следните импресионирачки стихови "субота је пијем цео дан у кафани сам киселу воду,киселу воду" јас седев во ќошето и се чудев на тоа каков народ имам покрај себе...Едно девојче навидум паметно го сметав ја намали музиката и ми рече "И јас можам да слушам цел ден рок,ама кога сите се веселат на Аца Лукас и јас ќе го правам тоа" . Да..И аплауз доби.И не ме натера да станам.Тотално не се согласувам.За мене оваа "музика" не постои .
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Е сега јас сум малку чудак по ова прашање.
    Ама ич не ми е гајле кој што слуша. :D Па нема по стилот на музика да го оценувам :)
    Додуша рака на срце од секогаш ми биле по малку можеби чудни тие што слушаат некој си ептен хардкор метал или не знам како се вика тој правец во музиката. Ама тие наоѓаат нешто убаво во таа музика и нека си ја слушаат.
    Рака на срце има турбо фолк песни кои ги знам и неретко знам да си ги слушам. Едноставно не сметам дека сум сељанка ако пронајдам да ми се допаѓа некоја песна од Цеца или од такозваниот Аца Лукас. И дапс. Му бев на концертот. И уште поискрено убаво си поминав.Не би било фер некој да смени мислење за мене заради овој факт и да ме окарактеризира како малоумна проста сељанка. Секако дека не ми е хит љепша од ночи, ама па може да се најде некоја добра песна и од српската естрада.
    Музика која си ја преферирам ете што знам нешто како Петар Грашо,Владо, Оливер Драгојевич,Жељко,Здравко, Енрике,Брајан,Тоше и така натака да не набројувам... Ете така сакам некоја помирна музика така да речам од срце испеана.Или знам и елитни одреди да ги слушам иако за многумина и тие се сељаци,ама јас сум пронашла нешто и ете и таа музика ми се допаѓа и знам да си пуштам песни. А да и Македонска музика слушам иако знам повеќето ја мразат. Јас ете наоѓам нешто добро. Секој пеач си смета дека неговата музика е добра. А турбофолкот да навлезен е и премногу ама тоа е што е.
    Сепак според мене нема ништо чудно што го обожавам Бон Џови а што истовремено знам и неколку турбофолк песни.А сакал неќел не постои човек кој не познава макар две турбофолк песни. И на Аца бев и на Бон Џови ке одам ако дојде здравје Боже секако.
    Ни мене не ми се допаѓа тоа што сегде има турбофолк. Би требало да има и места каде што пуштаат странска музика, негде турбофолк, а и места каде што пуштаат се.И јас пак нигде не би излегла пошто сакам комбинација од се. Не ме фаќајте здраво за готово ни излегувам многу нит ништо ама од слушање знам дека 99 посто се турбофолкерски места. Ама и нормално е што пуштаат само турбофолк најмногу промет прават така. Сигурно нема некое машко да седне да пие и да нарачува уште и уште додека го слуша Брајан Адамс и плаче. :)
    Јас искрено се надевам дека ете некои форумџики на кои сум им драга нема да сменат мислење за мене. Ама не сакав да ви мачкам очи. :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас лично го сакам турбо фолкот ме расположува а оди и со чашка две.Голем народњак сум нема ден да не слушнам некоја народна македонска песна.
    Нема кафана кај што не е застапен турбо фолкот,а виолинките и мандолинките се поретко ги има низ кафаните во Македонија.
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Чисто да не ме сфатите грешно, радо би сакала повеќе да умрам од природна смрт отколку од турбо фолк. :hai:
    [​IMG]
    Инаку, турбо фолкот е многу навлезен во Македонија, па и пошироко, нели. :)
    А што викате дека турбо фолкот е најдобар начин за расположување тоа е многу, многу погрешно.
    За такви работи има македонски изворни народни песни, екс ју хитчињата на Прљаво Казалиште, Дивље Јагоде, Рибља Чорба, Бјело Дугме... ;) :) Крај краева - постои и фолк метал. :)
     
    На pink4ever, baguf4e, Stam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Точно, тоа за расположување не држи вода.
    Си постојат екс - ју групи , Здравко Чолиќ, ги имаме САРС, крај краева поубаво ќе се расположам со Гоце Арнаудов - Ќе пијам , ќе лумпувам (ја слушнав пред некој ден, барем знаеме што слушаме, македонски ФОЛК), и 3000 пати е поквалитетна од некои си Гачице, Живот мој и слични будалаштини кои перат мозок и што би рекол еден мој професор по музичко во средно - Будат ниски страсти, ама од оние... најдолните. :D
     
    На mims-89 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Последнава реченица ми е многу позната :D

    Па еве јас за Нова година си ја пуштивме со другарките Сузана Спасовска - Кога љуби мома млада, ви текнува? :D
    Или еве циганските трубачи од кај Брега или пак нашиот мајстор Феруз Мустафов, ма неспоредливо е! Кога веќе зборуваме за расположување во стилот „качување по маси“.
     
    На LivingGlam и Trendafilka им се допаѓа ова.
  18. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Луѓе колку и да се убедувате, никогаш нема да се убедите. Едните си имате ваш став, другите поинаков став. Џабе се мачите to make a point, другата страна нема да попушти. Затоа фино лепо за антитурбофолкерите http://www.facebook.com/pages/MRAZAM-TU ... 7907848256 за турбофолкерите http://www.facebook.com/pages/Jebes-Roc ... 6193082224 и готово.

    Лично јас, слушам се што ќе ми се допадне. Турбофолк песна сеуште не ми се допаднала. Но, ако некој ден ми се допадне некоја, нема да гледам на тоа дека тоа е турбофолк. Музиката јас не ја делам на рок, поп, џез, блуз, хаус... Ја делам на песни кои вредат и песни кои се за никаде. Тоа е како да речеш дека не го сакаш попот заради Бибер, кога во истата категорија спаѓаат и Мајкал Џексон и многу други квалитетни пејачи.

    Конкретно да и одговорам на Офи, навлезен е и тоа премногу. Нема ни да се искорени како што ми се гледа во блиска иднина. Што е потрагично, мислам дека ќе земи уште поголем замав. Но како што некој кажа, пејачите не се криви. Најголем респект до нив, имам кажано во темата за Карлеуша, свака и част. Си нашле најлесен начин да прават пари, да го даваат она што голем процент од луѓето го сакаат. Криви се луѓето. И се дури има такви, ќе има и турбофолк пејачи. Ако оваа година е година на Шако и Дадо, вгодина ќе бидат Шако2 и Дадо2. Се дури "забавата'' е да се направиш камен и да не знаеш на кај одиш и да даваш гас на гас гас, ќе ги има и Северина и Цеца и Лукас овде.
     
    На teddybear и Ashling им се допаѓа ова.
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    до тој степен што ако видат дека слушаш друг вид на музиката ке те гледаат како од марс да си падната..

    зошто луѓето најмногу пијат на турбофолк музика? затоа што тоа е единствениот начин да се расположат, од музиката нема шанси ( а со тоа се зголемува профитот на кафаната/кафичот) :)) - ова ми го кажа еден менаџер на еден кафич во штип, кога го прашав зошто таква музика пуштаат..самиот тој ми потврди дека кога имаат таква "ѕвезда" имаат најголем профит, а додека кога имаат дј, со некоја подобра музика, расположението е на ниво и без да се пие толкава количина на пијалоци, што нив не им се исплати..
     
  20. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Не да е навлезен ....некои луѓе не мозат да живеат без него....па сега за празнициве. Во дискотека имаше пеачка што пее по кафани :o а луѓево пред нејзе руке у вис на секоја песна ....си реков леле кај живеам...па зарем и по дискотеки почнаа певаљки да носат :@ ....а да се направи журка со друга музика човек нема да има внатре....е до тој степен си се слуша турбо фолков за жал