Bon Jovi - It's My Life. Верувам дека таа е една и единствена што ја знаат... Сашко помина времето кога добра песна се познаваше по прегледите на YouTube.
Slusaj me, mnogo si slatka, mladost je prilicno kratka... eве I'm touched, по палома идам. Извини, Пресиоса, смеа ми доаѓа од ова со допирањето стварно... Ако прегледи на јутјуб ти се најголемо мерило за квалитет, еве не знам што да ти кажам. Јас секогаш велам квалитет пред квантитет... па и трагедијата е токму во популарноста на вакви песни и милионите прегледи од цел Балкан.
Па тоа и ми беше муабетот, никој не потенцира никаков конкретен пример, за да видам каков е тој толку „тежок“ рок што пара уши повеќе од рефрените на Цеца, Лукас и Сека. Се труби дека има тежок рок, а никој ниту видел ниту слушнал работава. Ако песните на Ред Хот Чили Пеперс или Аудиослејв (како едни од, веќе да ги наречам покомерцијални рок бендови) ви се тешки, ондак не знам што да кажам...сменете ги ушите. Мала шала, нормално.
Ако не ме разбравте до сега еве ви уште некоја песна според мене со стварно добар текст, бар подобар од на Ријана и Ники Минаж. Сандра Африка, Џус, диџеј овој оној и слични новокомпонирани тралалајки ни јас не можам органски да ги поднесам.
Не ми се мерило прегледите ама не може сите прегледи да бидат наместени, еве ти ја спомна претходно Моје Злато, таа има 82 милиони прегледи, па ваљда не се сите лажни , а јас слушам песни кои мене ми се допаѓаат, без разлика колку прегледи имаат.
Види види колку души сте против турбо фолк, а пак најмногу посетени концерти се во Македонија, нели тоа е и темата, па кога ќе ми текне што било на пиво фест во Прилеп Тука нешто мириса Толку е навлезен што тешко дека некој ќе го искорени Пак ќе речам жал ми е за нашиве пејачи, само од тие причини ми смета, а иначе за лоши текствови и англиските песни не се нешто за завидување
Sia - Chandelier. Зa 24 чaсa пoвеќе oд 5 милиoни прегледи. Дo денес имa скoрo 1.400.000.000 прегледи. Нoминирaнa зa Греми зa истaтa песнa 4 пaти. Adele - Hello. Истaтa прикaзнa. Дo денес имa пoвеќе oд 1.600.000.000 прегледи. Не ми текнувa уште некoи кoи имaaт пoвеќе прегледи кoгa веќе си се фaтил зa прегледите. Зa Ријaнa кaжaв декa и е крш нoвиoв aлбум и ниту еднa песнa не ми се свиѓa, aмa тoa не знaчи декa немa убaви, квaлитетни песни.
Или „УраАаАаАди ми сад свеЕеЕе, шта си сњом без мене рАаАаАдиИоОо“... Мудри зборови, што да ти кажам. Повелете 7 минути рехабилитација. Моментално ја слушам.
Убаво што ми ги даде овие податоци, ама треба да земеш во предвид дека овие песни се слушани во целиот свет бидејќи се на англиски јазик, а тие јас што ги дадов за пример се слушани само во 7-те јужнословенски држави + дијаспората, бидејќи само таму се разбира српскохрватскиот јазик.
Многу е тежок овој рок, не се слуша без да ти падне тешко. Ова беше сарказам инаку, а се прашувам дали и Пинк Флојд спаѓа во „тешките“ рок музики или не, според тие некои замислени стандарди.
Се надевам си саркастична. Ријана и Ники Минаж се малце попопуларни „пејачки“ од Цеца, али не значи дека се подобри. И никаде не спомнав дека се. Ако не го разбираш текстот од песната што ја пратив еве да ти ги преведам првите стихови (луѓе не ми се смејте поради ова се обидувам) „Па, мислиш дека можеш да видиш, Рај од пекол, Сино небо од болка, Дали можеш да видиш зелено поле, од студени, железни шини, насмевка зад превез“ Потоа продолжува „Дали те натерале да ги трампаш твоите херои за духови, врел прав за дрва, врел воздух за студен развигор, студена удобност за промена, Дали замени учевство во војна за главна улога во кафез, Колку би сакал, колку би сакал да си тука, Ние сме само две изгубени души што пливаат во аквариум за риби, година по година, одиме по истата стара земја, и што најдовме? Истите стари стравови, Камо да беше тука...“ И скоро цел текст го преведов.
Добри песни имаше Ријана на времето, Russian roulette и Unfaithful ден денес ги слушам и ми се едни од поомилените песни, и Бијонсе исто до Best thing i never had, после тоа само тешка комерцијала никаква станаа. @Papillon.Papi ја пуштив песнава, многу добро разбирам англиски ама мелодијава ме дотепува од што е меланхолична.Не сум само по турбофолкот не се секирај за мене, слушам и латино, италијански, бугарски, португалски, турски, англиски, чат пат и рок, алтернативно, екс ју, сешто можам да најдам во фолдер, освен рап и метал, тоа стварно не можам да го поднесам органски.
Зборевме за текст, сега не врти тема. А, тесктов да беше во позабавна мелодија немаше да има значење и длабочина.
разликуваш* Мислиш дека можеш да разликуваш рај од пекол и т.н. Не носете култни-рок бендови на темава кога и work work work е поблагопријатна за уши од турбо срањето. Турбофолк е најпростото нешто некогаш наречено музика.
Точно дека Бијонсе веќе не го пее истиот стил од порано, ама и во новиов албум има доста добри песни во кои е реално прикажана ситуацијата во Америка. Во Formation и Freedom се зборува за несреќите во Њу Орленс. Кога беа поплавите во Србија, излегоа песни од типот Три чаше, некои си од Сандра Африка, Милица Павлович, а Ѕвезде Гранда си организираа и нова сезона на шоуто. Брука. All Night е љубовна, а не песна во која што се збори за дискотека, некој рандом тип и чаша виски. Исто така во албумот на Ријана има доста убави песни, Work излезе прва од албумот и затоа е толку слушана. Јас затоа викам дека за нешто што не е видено и слушнато, не се збори. Коментирам на темава затоа што сум упатен во турбофолк музикава. Вчера бев на роденден кај што се рокаа турбофолк песни и знам какви се. Вие што ја коментирате рок и метал музиката како тешка, сигурен сум дека не се ја ни чуле.
@Papillon.Papi одличен е текстот, исто песни како Another brick in the wall, Smells like a teen spirit имаат на пример многу моќни текстови со моќна порака, ама ете на пример мене многу повеќе ќе ме допрат емотивно песни како Always, Here without you, In assenza di te (ако ја знаеш) па и Цеца до некаде.
Не сакам турбо фолк и не го слушам ама дека на концертите на Цеца и Северина ќе има повеќе луѓе отколку на концерт на било кој наш изведувач е факт. Се додека има овци за стрижење ќе ги стрижат. Па кога последен пат сте слушнале македонска песна на телевизија?! Ѕвезде Гранда и Пикови Ѕвезди и емисии од тој тип се репризираат по кој знае колку пати и новогодишната програма на нашите телевизии беше превземена од Гранд и Пинк?! При такво постојано перење на мозок сакате да се слуша нешто друго?! Пред неколку месеци концерт имаа Каролина и Љубојна (едни од најдобрите изведувачи кај нас и пошироко) плоштадот беше упола празен, за Цеца немало место каде да се стои. Некој неколку страни поназад рече турбофолкот е до толку навлезен кај нас што жал ми е за нашите пејачи и во право е. А имаме одлични пејачи не е дека немаме ама каде да се промовираат на која телевизија измеѓу репризите на турските серии и српски емисии (а и за тоа требаат пари)? Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кабелските оператори и на интернетот што ми даваат избор да не слушам турбо фолк. А жити се што толку сте се фатиле за Ријана и Ники Минаж како само тие да пејат на англиски, а заборавате на Селин Дион, Сиа, Ед Ширан, Мараја Кери, Арета Френклин, Тина Тарнер, Витни Хјустон... или ако не можете да го разберете текстот (штом за тоа сте се фатиле) ви ги препорачувам Лудовико Еинауди, Јирума, ДеБиСи, Вивалди... или латино од Талија, Ромео Сантос, Карлос Ривера, Давид Бисбал... А на крај ако не разбирате ништо од ова најдобро пуштете ги Македонско девојче 1/2 од Каролина или некоја песна од Тоше... Ако ви се кршат чаши имате песни од Гоце Арнаудов, Блага Петреска, Војо Стојановски, Александар Сариевски... Имате избор!
Тaкa не е тoa знaчењетo нa песнaтa. "Мислиш декa мoжеш дa рaзликувaш нaсмевкa oд превез". Пoентaтa нa песнaтa е: дaли мoжеш дa гo видиш рaјoт вo пекoлoт, нaсмевкaтa зaд превезoт, синoтo небo дoдекa живееш вo бoлкa, дa видиш зеленo пoле гледaјќи студени железни шини. Не се преведувa aнглиски вo мaкедoнски буквaлнo. Кoјa песнa oд Цецa е муaбетoт?
Леле сте се фатиле за прегледите на јутуб. Од тие милијарда ипол-два што ја слушнале гангам стајл колку разбираат корејски? И веќе до толку е навлезен, што нашиве пејачи изведуваат концерти само кога официјално се нагласува дека е за хуманитарни цели, кога требаат пари за некој болен, зошто инaку никој не би отишол само да ги слуша. Ама турбо фолкериве си се наместија одамна. Во Берово само Северина си лапна 30 000 евра, Цеца и кој друг беше не знам кујзнае уште колку. Наместо тие пари претходно да ги дадеа на луѓето од поплавените места или на болни дечиња.
@Papillon.Papi еве слушни ја погоре што ја ставив Горе од љубави што ја ставив, од новиот албум Трепни, Пиле и некои ептен стари што се...Бијонсе да ги испее тие текстови светски хитови ќе бидат, ништо подобри не се нејзините текстови.