@Victorian не може некој нешто да ти наметне со сила, Звездите на Гранд и Пинк се даваат затоа што се гледани а почнаа да учествуваат и македонски пејачи, и тоа е добра работа бидејќи еве на пример лани во Звездите на Гранд двајца Македонци влегоа во финале и сега дечките си имаат настапи низ цела Македонија и голем број на луѓе ги знае а пред тоа никој немаше слушнато за нив. Проблемот е што македонските пејачи имаат пазар само во Македонија за разлика од Српските, Црногорските, Босанските и Хрватските кои имаат пазар во 7 држави. А и ние не можеме баш да се пофалиме со некои одлични пејачи и песни, кај нас звездите на прсти се бројат, ако ги изземеме песните на Тоше, хитовите веќе одамна се мисловна именка за нашите пејачи, јас мислам и да се отвори една музичка телевизија која ќе емитува 24/7 македонска музика, нема ништо да се промени.
Тоа како што го преведе изгуби на тежина и не беше во контекст, ама постирај го во друга тема ако дошло да се објаснуваме. И прочитав некој имаше напишано, ги жали домашните пејачи. Јас не ги жалам , затоа што најголем дел од нив се исто така турбофолкери, за несреќа тоа одамна не е српски ексклузивитет. Додека поп-пејачите не се ни трудат да ја задржат забавната сцена во земјава и од домашнава естрада нема некое фајде моментално. Лекот го пишав пред неколку страници, само на вас останува да ми дадете шанса кога ќе дојде време
Турбо-фолкот е микс од српски фолклор + ориентални мелоси + поп-денс ритмови, а во последно време миксаат медитерански и латино мелоси. Ориенталните мелоси најчесто се земени од Циганите, Турците и Арапите, но голем дел од песните се и грчки. Јас би го нарекол порнографски фолк или кафанска музика. Кај Македонците, Србите и Бугарите многу повеќе ќе доминираат ориенталните мелоси, затоа што сме на граница со тој свет, а плус Турците 500 години владееле со овие земји. Неспоредливо е. Нашиот фолклор има доста ориентализми, па затоа и турбо-фолкот е многу популарен отколку музиката од англосферата. Затоа турбо-фолкот пушти некои ситни корени во Хрватска и Словенија, но никогаш не проби, туку остана во предградијата за ниска класа, затоа што тие земји имаат австро-унгарска култура и традиција. Турбо-фолкот не е ништо повеќе дегенска музика од РНБ и хип-хоп, а кај нас се сервира као нешто кул и добро само затоа што доаѓа од Америка.
До кој степен? До степен на вриење. Е, до толку е навлезен турбо-фолкот и сличните лимонади во Македонија. Лично за мене - тоа е трагично. Но, на крајот на краиштата, секој нека си слуша што си сака. И, исто морам да напоменам дека НЕ секој може да слуша квалитетна музика. Секој онолку колку што му е чергичето...
Дел од Балканот да е нормално место за живеење пола српски пејачи би лежеле затвор за плагијати и крадење песни. Немаат Србите/Црногорците, Хрватите, босанските муслимани пазар од 7 земји. Тоа е мисловна именка. Зошто? Словенците не ги ебаваат ни 2 посто. Србите многу ретко пејат во Хрватска, а Хрватите многу ретко во Србија. Тоа се одредени пејачи што можат да направат концерти и претежно бивши екс-ју ѕвезди. Кај Шиптарите никој не пее, затоа што Шиптари не слушаат музика на српско-хрватски јазик. Циганите исто така. Последен пазар за Србите, Црногорците, Хрватите од нивните матични земји е Македонија, затоа што ние сме народ со најмала национална свест, т.е. полтрони. Порано Србите пееја многу во Бугарија, но кога Бугарија беше мизерија. Денес тие имаат сцена и пазар еквивалент на српскиот. Ѕвездите на Гранд и Пинкови Ѕвезди е тивка србизација на Македонија и наметнување на нивните пејачи да собираат пари низ Македонија додека наши пејачи во Лесковац на пивтијада не можат да пејат. Едноставно Србите не не ебаваат, а тоа се покажа и со поплавите. Им служиме за собирање пари и играње курташак.
Јас сум таа што кажав дека ги жали нашиве пејачи, затоа што стварно се жалење, имаме одлични вокали како Влатко, Димитар, Симона, Ѓоко Танески, Eye Cue .... Но не се ценети, првично од организаторите затоа што смешни пари им се нудат за настапи и нормално дека се навредени ( колку пати само својот гнев го истураат по социјалните мрежи) кога на пејачите од соседниве земји им се нудат астрономски суми
’Странските’ пејачи во Македонија носат 10.000 народ и голем профит додека нашите пејачи не можат 50 карти да продадат освен ако не се поделени преку спонзори претходно. Живееш во капиталистички систем, а во тој систем заработката е на прво место. Нема тука лутење. Секој газда гледа да заработи, а од македонски пејачи нема заработка. Тоа е сосема трета работа што имаме мизерна национална свест и не ја почитуваме квалитетната македонска музика.
Не ми е јасно како е добра работа (за Македонија) тоа што наши таленти градат кариера во Србија?! Се наметнува знаеш зошто затоа што постарите (за пример ги земам баба ми и дедо ми) освен сител, канал5, алфа и на телма вестите друга програма не гледаат. А што им се сервира тоа ќе гледаат... И на која телевизија виде ти наши пејачи за да знаеш дека немаме квалитетни пејачи?! Имаме извонредни таленти само не можат да стигнат до телевизија.
Ниту еден Македонец не гради кариера во Србија. Нека не ви продаваат магла. Тоа што ги пуштаат на Пинкови Ѕвезди или Гранд само затоа што влечат гласачи од Македонија буквално ништо не значи.
Кoјa темa предлoжи. Инaче tell знaчи и рaзликувa. И јaс првo нaпишaб тaкa, aмa не ми идеше "дaли мoжеш дa рaзликувaш нaсмевкa oд превез" зaштo нaсмевкa и превез не се aнтoними.
Секако дека имаат пазар од 7 земји, за среќа национализмот не е толку присутен во музиката како што е во политиката и останатите сфери на живеењето. Незнам колку следиш ама по телевизиите се прикажуваат настапите на пејачите и се гледа дека редовно има по некој Српски, Црногорски, Хрватски и Босански пејач кој настапува во Словенија, секако дека немаат сите пејачи настапи туку само оние кои се слушани од страна на народот, тоа е така и во останатите држави. Под настап не се подразбира само концерт туку и одење по дискотеки, кафани, клубови и тн. па така не е точно дека Србите ретко пејат во Хрватска, знам примери каде што воглавном непознати пејачи и пејачки имаат настапи во Хрватска и се најдобро кажуваат за Хрватите, Хрватите исто така пејат во Србија, еве на пример Северина, Јелена Розга и др. ги имаат полнето арените во Белград, а тие не се бивши екс-ју ѕвезди, туку се сегашни ѕвезди. За Бугарите да не зборувам, тие многу повеќе го сакаат турбофолкот отколку нивната музика, еве сега беа концертите на Цеца во Македонска Каменица и на Северина во Берово, и знам дека имаше дојдено многу народ од Бугарија, а и пејачки од типот на Индира Радиќ имаат концерти таму, а да не зборувам за поголемите ѕвезди. А за Звездите на Гранд и Пинк го кажав моето мислење претходно, и мислам дека тоа е добар начин за промоција на македонските пејачи а и тоа носи гледаност на македонските телевизии. Еве ти и докази, за да не помислиш дека измислувам . https://www.youtube.com/watch?v=9MDY-Qj4TG4 https://www.youtube.com/watch?v=8Hs4b0yw0jE https://www.youtube.com/watch?v=ljjDG-ZVdqM
Кога веќе сте запнале за Ники Минаж, еве слушнете го ова. Не значи дека ако прави мејнстрим музика со мелодија која ќе ти се врти цел ден низ глава, од која да бидеме реални најмногу се заработува дека не ја бидува. Истото и со Ријана. Не знам за вас, ама мене ова ми е неспоредливо со турбофолк.
Тие градат кариера и во Македонија и во останатите екс-ју држави, кажав претходно лани во финалето на Ѕвездите на Гранд од Македонија беа Филип Божиновски и Ален Хасановиќ, и двајцата сега настапуваат низ цела Македонија бидејќи стекнаа поголема популарност, а плус си снимаат песни на српсохрватски, па така може да ги слушаат преку телевизија или јутјуб низ цела поранешна Југославија. Може се наметнува кај мал дел од населението, ти што викаш кај постарите кои гледаат помалку програми на телевизија и не користат интернет, ама сигурно баба ти и дедо ти не почнале од сега да слушаат ваква музика, туку од многу порано, и ако се наметнува кај постарите , кај помладите не може да се наметне, еве лани на финалето на Ѕвездите на Гранд, арената Борис Трајковски беше полна, и таму најголем број од дојдените беа млади. Ги знам јас нашите пејачи, се појавуваат и тие на телевизија иако не толку често, а тука е и јутјуб па може барем ние помладите да ги слушнеме нивните песни. Еве на пример ти мислам дека ја спомна претходно групата Љубојна, за која јас мислам дека е одлична група и неколку пати ги имам гледано нивните концерти на телевизија, а од пејачите моментално ние имаме само две ѕвезди, а тоа се Каролина и Калиопи, останатите немаат песни за се третираат како ѕвезди, и за тоа не е крив ниту турбофолкот, ниту пак некој друг вид на музика.