Spoiler Значи, ама не буквално. А и буквално да го преведеме tell како каже, не сме далеку. Мислиш можеш да кажеш дека е насмевка, од превезот... Јас би одела на разликуваш или препознаваш - да познаеш (разликуваш) насмевка во превез? - да познаеш (разликуваш) сино небо од болка - да познаеш рај од пекол А никако не мислев да преведувам буквално. Ми скрши филм тоа видиш, не дека ептен не оди така, ама ми ја прави многу едноставна песната По мое, не е само да се види, туку да се направи разлика. Мислам дека се разбираме. Немам време да побарам тема, затоа пак враќам тука.
http://tocka.com.mk/1/208838/od-1-oktomvri-zabrana-za-emituvanje-na-srpska-muzika Срдечен поздрав до сите турбофолкери No more Ѕвезде Гранда семејно насилство!!! Yeaahhhhhhhhhhhhhhhhhh!
ништо такво нема на тв да има? ако е така вредеше турбо фолк роденденската тортура шо ја имав пред сат време, наеднаш престанва да боли.
И што толку критики кон фановите на турбо фолк?И јас не слушам англиска музика и што ти знам,па колку што гледам не навредив никој.Немаше потреба од темаваЗа вкусови не се дискутира.
Како тоа мислиш "што толку критики?" Исто како што треба да се критикуваат сите негативни појави во една средина така треба да се критикува и турбо-фолкот кој е во најмала рака штетен а можеби и кобен. Би рекол дека е на ниво на Чернобил и Фукушима, со таа разлика што оние кои патат од склоност кон турбо-фолк доброволно се оддаваат на тој мрачен и опасен порок. Иако некои особи шират дезинформации дека се работи за музички правец - реалноста не може да биде поразлична. Тоа не е музика туку радијација која со своето дејство генерира мутации. Ако ништо повеќе треба да се заштитат најмладите од дејството на тие звуци, да не бидат изложени на стравичното дејство и на психофизичките последици кои тие звици ги генерираат. За жал постојат огромен број родители кои се крајно несовесни и не ги држат таквите звуци подалеку од своите деца туку ги изложуваат на нив уште од најмала возраст. Не случајно е што турбо-фолкот царува во заостанати, забаталени и пасивни краишта како одредени региони на Балканот, Анадолија, Блиски Исток. Секако дека тоа не е случај во Јоркшир, Прованса или Баден-Виртемберг.
Тешко е да се проникне во темниот амбис во умот на особата која е запоседната од слушање турбо-фолк, можеби се работи за непомирливи внатрешни спротивности поради кои на површина излегува потреба за слушање такви звуци, дали се работи за генетска склоност, може се работи за родителска негрижа или пак проблемот е системски, специфичната географија и историја на овие простори, отоманското наследство кое креира лица кои немаат автентични емоции туку само ефтини симулации
Да бидеме реални, 1.Цените за Стинг се превисоки за наш стандард, додека за величественава група се ситниш 2. Кај мене дома на кабелска има само Vh1 од странска музика, а 10 со српска. Зборот ми е поголема е достапноста, иако во доба на youtube не е оправдување Ќе излажам ако речам дека никогаш не сум слушала такви песни, ама повеќе од наметнатост отколку од лична желба... Баш пред некоја вечер имаше некоја свирка во близина кај што живеам, почнаа со англиски забавни евергрини, а завршија со Пред вратима спавала ко пас
Кога музикава ќе прекинат да ја прават комјутерски, кога нема да се ,,пее" за секс, облини, пари и коли, кога вокалните способности (на исклучоци) ќе ги искористат за нешто подобро, тогаш можеби ќе ги слушам. Поздрав
Вие што глумите тука дека не слушате турбо фолк највеќе играте по дискотеки на Цеца меца и други турбо фолк песни. Лелеее маче мојата песна ауууу
Баш целиот проблем е во тоа што станавме инертни и примаме од оноа што ни` се сервира наместо самите да истражуваме во полето на музиката.