Кога сум на некој настан каде што одеднаш ќе почнат со вакви песни, нормално ќе мора да слушам ама тоа во никој случај не значи дека ќе играм....туку фино лепо ќе се повлечем што подалеку и ќе чекам да завршат. Од лично задоволство НИКОГАШ не би пуштила. Не знам зошто ама од такт ме вадат и ми звучат премногу просто. Во моја близина помлади луѓе (поблиски пријатели, колеги, братучеди) воопшто не слушаат ваков тип на песни....а тие малкумина љубители на турбо фолк што ги познавам, претежно слушаат вакви песни во кола со отворени прозори, и искрено немам баш најдобро мислење за нив. Се е вештачко и компјутерски...Нема емоции, нема ништо..Туку само силикони и спонзоруши. Едноставно не можам да се пронајдам во ниеден текст.... или.... некоја песна да ми остави длабока трага. Песниве се специјало правени за да се пијанчат луѓево
Баш напротив... денес можеш за беспари цели дискографии да симнеш од омилениот автор башка интернетот нуди слични референци на оноа што веќе го имаш ислушано да се надградуваш. Проблемот со турбофолкот е многу од поодамна застапен, како и инертноста да се проба различен тип на музика. Турбофолкот сам по себе е многу поедноставен и „лесен“ за слушање, што откако ќе чуеш 2-3 песни, сите останати се само копија на копија итн. Како еден композитор да створил варијации на една песна. Ако збориме за опуштање, има мал милион подобри начини да се опушти човек. Ова е само еден мејнстрим кај нас за жал.
@"Zoki" полека, за постирање песни има посебна тема за турбофолк, а и за Цеца Оваа е малце така поише за дискусија И замисли, има луѓе што си стојат стварно на тоа дека не сакаат турбофолк, на прослави кадешто присуствуваат нормално неизбежно доаѓаат во допир со нив, ама не ги гаѓаат ни таму у срце и не кршат чаши @simonka93 во право си, посебно она за турбофолкот ко "шлаг на тортата" секаде Месецов кај нас тука во маало традиционално журка правеа една вечер и од техно, транс, хаус ремикси – на крај у 3 саат со Аца, Цеца и Северина завршија
И шо сеа, ќе се објавува песна по песна за да се глуми нешто? Тогаш не сте ја сфатиле поентата. И кога имате проблем зошто некој го потценува вашиот избор на музика, очекувајте некој да има проблем со оној тип што вие го потценувате (се поправив овде, куцам од телефон) . Па наместо да бидете дрски и некултурни, пробајте да дискутирате и истапете со факти. "Ти добро знаеш што/зошто", "Не замарај/напињај" и слични фрази се клишеа и укажува какви сте во дискусии и конверзации. А доколку Кримсон не чита мисли, верувам не би знаела. И мене ме интересира што со англиската музика, затоа се вмешав. Би сакала да знам де, не сакам да останам во мрак.
@Someonespecial јас ти се извинувам стварно, не некршат чаши него по грешка звучници И прочитај погоре што пишува па јас ќе престанам да постирам видеа од цеца никој не навредив јас дали слуша саф,металика,рок и др. Ти посакувам на тебе убава вечер а на другите тетка вики Денс
Па толку убави српски/хрватски песни има, од било кој жарн. Ако им е само за да ја разберат - имаат избор. Јас слушам доста хрватска музика, признавам дека се топам на Прљаво казалиште како тинејџерка. Ако ти е само за да можеш да ја разбереш музиката - има милион пати поквалитетна музика од турбофолкот. Ама...
Многу интересен феномен е како, не само на форумов, туку и на други социјални мрежи, а и во живо, кога само ќе им кажеш дека не слушаш вакво нешто, ќе речат или дека лажеш или ќе те нападнат дрско со: "Што имаш ти против турбо-фолк" ко божем првороденото да сакаш да им го земеш, а самите тие на било каква тема или споменување на рок, метал и слични жанрови, одма вртат со очи, ставаат емоџи што повраќа и слично, и после не знам кој кого треба да прашува кој што има против одреден музички жанр Туку, пред околу две недели на гости ми беа роднини од Србија, братучетка на моја возраст (значи 20 и нешто) и нејзина другарка која тогаш прв пат ја видов. И нешто муабетејќи баш паднавме и на тема музика, ама општо за секакви видови, и нормално кога спомнуваш повеќе видови, на нашево поднебје неизоставен е и овој вид. Кога им кажав дека не слушам, другарката на братучеткава направи толку шокирана фаца, вилицата и припадна, па потресено ме праша: "Штааа, чак ни Цецу?!" - и тука настапи една незгодна тишина дур се преиспитував во себе по што Цеца би била различна, и кога и кажав дека дури ни нејзе не ја слушам мислам дека претрпе мал мозочен удар. Сè уште не сфаќам што имаше толку шокирачко во муабетот Друго, ретко излегувам по концерти, дискотеки, свирки и такви ствари пошто изгледа престарев за толкава гужва и галама ама кога одам се осигурувам дека е по мој вкус. Е пред едно година ипол, на роденден на една познаничка бев во еден клуб кој сега е веќе затворен, и прво почнаа дечките да свират рок класици што баш пријатно ме изненади. Тоа негде од кај 22ч. па до полноќ. Море мореее, од полноќ на неочекувано кога свртеа од рок на Аца Лукас, само се погледнавме со другарот кој за вечерта ми беше придружник (а кој исто така не слуша ваква музика), грабање за рака, баталување роденденот и си отидовме на друго место да си бараме нешто по вкус За вкусови не се расправа. Јас едноставно ова органски не можам да го смислам, не ја гледам привлечноста на тон шминка, пластични тела, скапи коли и текстови за спонзорирање и секс, и тоа е тоа
Како што ти плукаш по турбо фолк, за мене тој вид на музика не ми е нешто убав и што сега? немам право на избор па сите англичани ќе се праиме wow sorry
Јас од хрватско на Џибони па се топам отсекогаш Ангелке Не е до јазикот, не е воопшто релевантна музички таа поделба. @Βικτωρία ти сите песни на англиски јазик ги ставаш во ист кош и велиш дека општо воопшто ништо од тоа не ти се допаѓа? Сериозно? И уште еднаш ве замолувам без офтопици и пишувајте на кирилица
Каде виде дека плукам по турбофолкот како вид музика? Кога не сум пишала овде ништо каква музика сакам или слушам? Сѐ што прашав е што со англиската музика? Пошто ти истапи како некој овде да те нападнал зошто ти слушаш тоа што слушаш со твоето прво мислење овде, а членовите претходно се изјасниле само на темата. Па као јас да им вратам или? Не си sorr-ната, нема потреба.
Кримсон поставила прашање на кое ти не си одговорила, само си реагирала. Може да видиме како. И мене ме интересираше одговорот, ништо друго. Патем укажав на нешто друго. Ако се најде УвреЃена од тоа... well... во тој случај прочитај го твојот пост прво. На работа сум, ако има нешто друго продолжуваме подоцна.