Мор че не претепате зашто слушаме турбо фолк. Еве ако ви е за утеха све слушам што ми лежиТ на душичкава. Ама турбово ме прави како нитро да имам
Не се грижи за мене, не сум ти јас битна. Исто ко ти мене. А дури сега гледам дека си го редактирала постот и си допишала нешто у фазон "англиска рурална итн." после мојот цитат. Само, знаеш што значи зборот "рурално"? Не верувам. И затоа што нема дискусија, а ни одговор, нема потреба да се продолжува со офф-топици. За глумење УвреЃени, "Муаха Звезде Гранда не пропаѓа", "Ај не се прави дека не ме разбра", "Нек пукну душмани..." итн. не планирам да трошам зборови и скапоцено време. Немало потреба да ме заследиш.
Еве, се вратив јас. Фала @Snow-Star што ме замени додека спиев Ама сериозно сега, музиката ја делиш на турбофолк и англиска? Рурална музика? Што?
Мене пa сè пoмaлку ми сметa oнoј стaндaрдниoт турбoфoлк(бидејќи и се губи пoпoлекa), зa рaзликa oд денешнaвa српскa музикa кoјa јa прaвaт(не знaм кaкo дa јa нaречaм, штo жaнр е...). Вo пoзaдинa oди некoј микс, нa некoи делoви слушaш клaринет, a изведувaчoв рaпувa ли, рaпувa и oдеднaш јa слушaш Стoјa: САААМO, СААААaАaАМММOoOoO... Мoжaм дa си гo oсетaм мoзoкoт кaкo ми пулсирa. А инaче вo мoјa oкoлинa имa мнoгу кoи музикaтa јa делaт нa српскa и aнглискa. Знaчи Јaлa Брaт, Жељкo Јoксимoвич, Сaндрa Африкa сè тoa им е нa ист левел, истo кo и Ријaнa, Кристинa Агилерa, Мaјкл Џексoн... Зaтoa и aкo кaжеш декa слушaш српскo oдмa си дaвaaт дo знaење декa гo слушaш и oвa турбoфoлкoв...
Што проблем имаш ти,конечно?Си кажав убаво дека сум фан на турбо фолк и дека не ги обожавам песните на англиски јазик испеани ,рок,метал итн. И не ме цитирај више без везе
Леле, одма со расправии. Не знам како може до толку да сте нежни и одма да рипате, стварно ме интересираше и не сакав да те навредам. Сите пробуваат да ти кажат дека не можеш цела музика на англиски јазик да ја ставиш во еден кош. Јас не сум таа што цитира без везе, прочитај си ги сопствените мислења. И едуцирај се малку за музика, за да не ги ставаш во иднина Ријана, Стинг, Ники Минаж, Металика и Мајкл Џексон во ист кош.
Ако ниедна песна на англиски јазик не ви е поубава од оние на Цеца и Северина, стварно не знаете што е музика реално
Се што е турбо фолк ми е убаво ,и сфаќам ако некој е против ама нема потреба коментари од типот "леле па како можете тоа да слушате и слично" исто како што на Вас ви е поубав др вид на музика така и мене др ми е поубаво,кратко и јасно!Нема потреба од навреди и да се расправате за глупости.
Средно единствената другарка со која имав контакт од клас слушаше турбо фолк, како и мнозинството од самиот клас, барем од групата со која бев на пракса. Па кога имавме за цртање кога ќе рокнеше Цеца. Некој се веселеше, некој вени сакаше да си сечи. Затоа слушалките се добар изум. Од страна музика сум многу, многу флексибилна, еден момент можи да слушам метал, а сосем другиот некоја балада или нешто сосем спротивно. Ама кога ќе слушнам турбо фолк онака, влакненцата на рацете ми се креваат и сакам да ја напуштам просторијата што побрзо. Последно кога сум коментирала на тема беше кога последен пат слушав турбофолк долго, и тоа беше на роденденската забава на другарката за која пишав во мислењево. Атер за неа седев, зошто ми е мила. Не ми смета кој што слуша, зошто ако ми сметаше немаше да се дружам баш со неа, ама ми смета кога некој би сакал да ми го наметни тоа, таа тоа не го правеше, но имав еден познаник кој сакаше да ми наметни и дека „не е природно да не слушаш нешто вакво, а да си од тука“. Покрај часов по историја ( ), можам да кажам за секоја поединчна песна или бенд или дури и жанр на истите, да кажам зошто ми се допаѓаат, и искрено ме интересира што е тоа што ви се допаѓа на тие кои ја слушате оваа музика. Самата музика, текстот, пеењето, лесно заглавува во главата?
Ништо не ми откри, ништо не правиме вака. За да се отстрани проблемот, мора прво да се испита од каде потекнува, ама вие не сакате да соработувате
За вкусови не се расправа, ама турбофолк не влегува во ни еден вкус. По таа логика - за турбофолк смееш да расправаш колку сакаш
Одам во културни кафани, кај што има македонски народни/староградски, по некоја тамбура и нешто екс ју. Турбофолк последен пат имам слушано во смрдлив автобус на Транскоп Битола на релација Охрид-Битола. Ми се слоши
Е па жал ми е,и мене ми се лоши од некои песни па не навредувам луѓе кои ги слушаат тие песни,како не ти е срам да вреѓаш ццц култура нула
1. Не те навредив никаде 2. слушањето на турбофолк е директен одраз на културата што ја имаш 3. се прашувам дали го пребаруваше форумот за тема кај што можеш да се караш со луѓе за турбофол, затоа што така изгледа. Активираш заборавена тема за одма да почнеш со навреди и да се лутиш зошто луѓето не го сакале турбофолкот. 4. од такви како вас успеваат шестокласни ѕвезди кои не знаат ни п од пеење. 5. Не познаваш музика, ја делиш на турбофол и англиска. 6. Такви како тебе фрлаат пари на Адријана Ќеш во Австралија. 7. Од постоењето на таква музика Гулабица добива храброст да се глупира.
8 Јас не реков дека ја слушам Гулабица божесачувај и слични на неа,имаше некаде спомнато за звезде гранда дека пропаднало е од таму 98% од песните ги слушам,мк музика ич не слушам,не мислев на тоа.Има и грди турбофолк песни,има и убави,мк сигурно не спаѓаат во убавите. 9Звезде гранда да не е мк пеачи не може да се истакнат пошто толку вреди оваа наша државичка,затоа сите идат во Србија.Како и да е ,звезде гранда не пропаѓа,му се свиѓало тоа на некој или не.
Кoлку сaмo се слoжувaм сo oвa. Искренo, ,,клaсичниoт'' турбoфoлк ми е дaлеку пoпријaтен зa слушaње oткoлку сегaшните српски пoп песни штo прoбувaaт дa звучaт мoдернo сo некoи електрoнски делoви, auto-tune, делoви сo нaрoдњaк (не се рaзбирaм дoвoлнo oд музикa дa oбјaснaм тoчнo) и нa крaјoт звучaт пoсељaчкo и oд Цецa и oд Ацa Лукaс. Цецa нa пример пoмaлце ми сметa дa јa слушaм oткoлку Елитни Oдреди или Јaлa брaт. Инaче музикaтa се дели нa жaнрoви, a не нa aнглискa и нa српскa.