Ај да сфатам некако луѓе што слушаат сѐ, па и турбофолк меѓу тоа ,,сѐ“ и тоа со задоволство. Ама млада личност да се ограничи само да слуша и сака турбофолк, а да вели дека не сака воопшто песни на англиски јазик... тоа е навистина жално, колку и да звучи навредливо и покрај тоа што не ми е таква намерата. Тоа е неинформираност и одбивање да се навлезе и истражи музиката, а таа е можеби најприсутна и најчесто ја конзумираме од сите уметности. Да, музиката е уметност, во која мелодијата заедно со текстот (па и видеозаписот) треба да допре до твоите чувства, во текстот да ги пренесе твоите мисли на посебен начин, да ти биде утеха во некој тежок период... Што од тоа нуди турбофолкот? Ајде за мелодијата што ми е исто глупава и непријатна за уши – нека е сепак некаков различен вкус во прашање, ама во текстовите што наоѓате? Да не зборувам веќе за спотовите, вулгарниот стајлинг, сексуализирањето и нереалните стандарди за убавина на жените... Мислам дека самото тоа што се викаат ,,песни за пиење“ што доаѓаат на ред кога сите веќе мечка не гледаат пред себе, доволно зборува колку допирна точка има турбофолкот со уметност и квалитет
Јасно ми е дека според бон-тон за некои ствари не се дискутира - финансиски примања, музички вкусови, сексуални фетиши... I get that. Ама ова е анонимен форум, а поентата на форумот е дискусија. Ако некој сака само да си искаже мислење без да навлегува во дискусија, може и тоа да го направи - едноставно нека не реплицира на другите. Ама упорно да учествуваш во дискусија со аргумент „за тоа-и-тоа не се дискутира”, е тоа ми е совршено нејасно. Како и на секоја тема, нормално е да има спротиставени мислења - ако некој каже дека турбофолкот е еквивалентен на brain cancer, тоа не би требало никого да навредува. Особено што тие што сакаат турбофолк за рок и метал музиката велат дека е „дерење”. Let's agree to disagree, на светов има доволно музички жанрови и изведувачи за сечиј вкус.
Napisav deka posleden komentar mi bese toj od predhodno ama gledam nekoj me spomna,i toa bas negativno pa koga veke pocnavte....
После сите овие празни реплики и начин на изразување, само ми се потврди негативното мислење што го имав за турбофолкерите.
Да се надоврзам на @Bender Rodriguez за љубителите на турбофолк во секојдневието што би биле изненаџени и увреџени од темава, а имаат предрасуди кон рок музиката. Завчера на фб гледам од мој познаник (што знам колку рока и се пијанчи на турбофолк) ваков коментар за самоубиство на Честер: "stramota, ete kakov primer im se dava na decata, taka se zavrsuva koga se pee za alkohol, seks i drogi" (очигледно не само што не му ја знае приказната, туку ниедна од песните на Линкин Парк не слушнал за што уствари пеат). И што да кажам јас за ваков човек?
Вотка и џин, то је сада ин. Или Аца Лукас е одличен пример за младите, дека не треба да пиеш, да се дрогираш и се по ред. Не им ги знам песните ама сигурна сум дека има многу за секс, дрога и алкохол.
Да, сега ќе има само Српска верзија па ќе си ја рокаме Неда Укдраден и ќе си пееме "волела сам издаицу и бандитааааа ко ме питааааа".
Колико пијем није хумано,субота је дан за алкохол Волиш ли ме кад сам мртав пијан,кад наоколо се курвам... Нема бе
и во странските песни се пее за секс, дрога, алкохол, жени ... и во српските, разликата е што кај турбофолкот некако музиката на тие текстови забегува -рече ели и замина на концерт на Аца Лукас, се гледаме вечер во Кадмо
Разликата е во тоа што има и многу квалитетни странски песни, а квалитетни турбофолкерски песни нема. Толку.
Има и корисни работи од турбофолкот Еве еден пример: Водејќи се по овој текст, јас викнав еден другар на сарма една вечер. Така, до крајот на вечерта дечко ми стана. Еве не сега, година ипол без препирка. Да не беше сармата можеби уште сама ќе бев
@DAngel кај ги наоѓате овие стихови? @Tan4ence Да ги преведиш некои од песните на Риана стварно смешни текстови има или па таа на JLo I ain't your mama Ама се балансира со модерната музиката Ако не се лажам некаде сум причитала дека основач на турбофолкотот е Горан Бреговиќ
Стварно не ја прашавме Викторија што мисли за шпанската, италијанската музика итн Јас не само Енглескиња што се правам, туку и Италијанка често, па и Французинка понекогаш
Јас конкретно за Ријана реков? Добри странски пејачи и групи нема? Секогаш коа оправдувате слушање турбо фолк ги спомнувате Ријана, Ариана Гранде, колку им биле лоши песните. Очигледно не сте чуле ни за Сиа, ни за Колдплеј. Набројав во претходно мислење уште неколку.
Абе ок, никој не спори дека во било кое говорно подрачје и музички жанр има по нешто забегано и бесмислено, мислам апсурдно би било да се тврди тоа, само како пример текстовите на Nicki Minaj - Anaconda и Jason Derulо - Swalla прават да сакам да си пукам во колено, спотовите па муабет да не правиме, ама тоа не е поентата тука. Мене баш и не ми е гајле многу за оние изведувачи и жанрови кои не ги слушам. Конкретниот ми проблем баш со овој тип музика е тоа што сум константно изложена на истиот, без да сакам, а тоа не е фер и искрено е одвратно. Како што јас никому не ги наметнувам HIM, Apocalyptica, Iron Maiden, Ed Sheeran, Rag 'n' Bone Man и други, така не сакам ни мене да ми ги наметнуваат Јелена Карлеуша, Цеца, Аца Лукас и кои други и да постојат, а каде и да се свртиш, нема ден и место од каде што нема да чуеш некој од дотичниве. П.С.: ако тие што слушаат само "англиска" се прават енглези, јас што слушам "англиска", руска, шпанска, италијанска, корејска, ретко француска, па дури малку и арапска музика што се правам, интернационалец?