Треба да си многу добар познавач на музиката во регионов за да кажеш дека нема квалитетни турбофолк песни, Набројав пример затоа што тврдењата демек не слушаат турбофолк туку само странско мислат дека којзнае колку е квалитетна таа песна, а уствари текстот ништо поразличен од турбофолкот. Сведоци сме како полека секојдневно изумираат тие квалитетни странски изведувачи и нема кој да ги замени.
Па не изумираат, има многу квалитетни понови бендови, само треба да побараш. Не мора да има некој милиони прегледи на јутјуб за да е познат. Кои се квалитетни турбофолк песни? Сериозно ме интересира, баш би сакала да слушнам.
Момакот стварно заборавил дека не е Рики Мартин. Мислам дека Температура е боље песна од оваа. Нека опет прича српски да га цео свет разуме.
Јас не сум познавач само мое мислење изнесов, би рекла можеби Жељко Бебек? Неможам да ја оспорам и Цеца штом каде и да се појави полни трибини, иљјадници посетеност. Во секое време и двапати во месецот да дојде во Скопје мислам дека пак полно ќе биде, што ќе кажеш за таа маса на љуѓе? Немам против текстовите на песните колку нивната музика што ми пара уши Сега настрана со некои текстови од типот на: тек тек ти је 16 годинаа само толку знам а баш ме интересира што сакал од девојката или па тој Љуба Аличич ко џастин бибер што е... Квалитетни нови бендови и изведувачи има, проблемот е што нема оригиналност, вечна инспирација ќе им се старите бендови, како Квин, ac/dc,Мајк Џексон, Џорџ Мајкл, Принц, камелеонот Дејвид Боуви, Битлси...
@elimkd, Жељко Бебек не е турбофолк Не го слушам, ама до толку во категоризација знам дека не спаѓа во турбофолк. Посетеноста на концертите на Цеца, Аца и останати е тажен доказ за големиот невкус во државава и за тоа што се вели во насловот - колку овој кич е навлезен кај нас. Ако велиш дека оригиналност нема кај новите квалитетни странски изведувачи, за каква оригиналност па станува збор во турбофолкот жити сè?
Во која категорија ќе ја ставиш на Бебек Синоч сам синоч сам пола кафане попио??? Никаде јас не реков дека има оригиналност кај турбофолкот хаха таман работа Едит: Јас тоа што го пишав дека нема оригиналност кај странските изведувачи е точно и сум го слушнала во интервјуа кога кажуваат кој им биле инспирација доволно е да го слушнеш the weeknd зарем не потсетува на Џексон??
Жељко Бебек, Самарџич, Дино Мерлин не се турбофолкери, пеат забавна музика. Инаку песнава е рок, со примеси на поп-фолк. А поп-фолк не е исто што и турбофолк.
Колку и да се споредуваат турбо фолкот со квалитетни странски изведувачи, во никој случај не можеш на исто ниво да ги ставиш. Дури не знам како некој би ја споредил Цеца со Сиа...
Ели, ај уште еднаш прочитај го мислењето, ама овој пат до крај, може? Пишав многу убаво дека песната е рок со примеси од поп-фолк. Значи забавна музика, со примеси на специфичен мелос. И прочитај малку поубаво кој бил Жељко Бебек. Бјело Дугме не пеат турбофолк песмици. И Жељко го негува овој специфичен стил цело време. Рок не е само мавање со глава и пис со два прста.
Како тоа ме цитираш да прочитам убаво за Бело Дугме кога не ме ни знаеш? Специфичен стил убаво кажа ама рок те молам смешно е да им ја пуштам на пријатели рокери баш ме интересира рекцијата Ми текна баш на песнава од случаен разговор со еден другар, знаев дека е од Бебек се убедувавме не веруваше дека е негова Спореди сегашна нивна музика на изведувачите од бело дугме со тие песни од порано ќе видиш за што ти зборувам цело време. Едит: Уште еден податок Жељко Бебек е текстописец на песните на Цеца
Е рок, има примеси од одреден мелос ама е рок. Другарите твои (рокерите) ако се разбираат од музика би признале дека е рок ама не нивни стил. Оној екс-ју рок скоро секогаш има примеси од фолк/поп-фолк.
Ве читам и... музиката ја делите на српска, англиска, италијанска? Ептен некако е... неодредено тоа, не знаеме на каква музика всушност се мисли. Има српски рап, турбофолк, рок, метал, српски евергрини... јас ако кажам дека слушам српска, никој нема да знае на што конкретно мислам. Ќе помисли турбофолк слушам. Не може да се зборува за целокупната српска музика кога има разлика од Рибља Чорба до Цеца. Турбофолк. Како дете слушав се. Некој мислам имаше спомнато, што ни даваат на ТВ, тоа слушаме. Тоа слушав, но во средно отворив Wikipedia, отворив Youtube и барав нови музички жанрови. Кај знаев пред тоа што е grunge или new wave... Штом открив нови феноменални музички правци, пејачи и групи, го баталив турбофолкот. И додека оние што слушаат само она на ТВ што се пласира, не знаат ни да разграничат што е рок а што метал, а јас така ,,копајќи" по Интернет научив да разликувам nu metal, symphonic metal, gothic metal, heavy metal итн. Или hard rock, alternative rock, punk rock, psychodelic rock... Но да се вратам на турбофолкот. Звукот ми е непријатен, многу непријатен. Се наоѓа и ден денес да ми се допадне по некоја турбофолк песна, но е една во милион. Текстот... ретко некоја да има длабока и инспиративна содржина. А колку е навлезен турбофолкот кај нас, и премногу. Се гледа по полните сали, стадиони и клубови кога доаѓаат турбофолк фациве од соседна Србија. Едит: Џон Њуман не собра толку народ колку Цеца.
Не ми ги чепкај другарите плс На свадби се највесели А што правиме што е текстописец на песните на цеца?
Некој ја размрда темата и си отиде на попладневна дремка Сакав да напишам дека никогаш не ми биле јасни оние кои сакаат да слушаат само песни чиј текст го разбираат, мислам, фтв. Колку постари луѓе не знаат јазик, па слушале и слушаат странска музика од различни поднебја. Значи јазикот не е толкава бариера. Лично, познавам повеќе јазици и нормално дека понекогаш зборовите ќе ми привлечат внимание (зборот може некогаш да и даде тежина на песната, а некогаш да ти ја упропасти), ама мене сепак текстот не ми е клучен во изборот, туку повеќе ме интересира мелодичноста. Еве, грчки разбирам слабо, арапски не знам, но зошто да не си слушам ако нешто ми фати уво...Едно мало дете уште мајчиниот јазик не го знае убаво, не па туѓ, ама реагира кога песна му се допаѓа. Башка, и преку песна се учи. Што ме наведува да мислам дека луѓето навлечени на српско имаат затворен ум, не сакаат да ги преминат границите на она што им е познато и блиско. Blasphemy Никој никогаш нема да потсетува, иако можат да се инспирираат колку им е волја...
Жељко Бебек се класифицира како рок изведувач сакала ти или нејќела. Небитно за кој пишувал текстови, тоа не го прави турбофолкер. И јас понекогаш работам проекти кои не се во мој стил па тоа не ме прави кичеста. Откако прекина соработка со Бјело Дугме се преориентира кон поп-фолк (и пак тера накај рок, се приметува некаде повеќе, некаде помалку), а тоа да те потсетам, е далеку од трубофолк. Рок не е само рок, исто како што метал не е само метал. Има различни подтипови и истиве често се варијации и склоп на повеќе различни стилови. Гуглај, ќе видиш и сама.
Sekoj si ima svoj stil na muzika ne mozete vie da sudete na nikoj i da vregate nekoj sto slusa turbofolk...